Француските земјоделци најавија блокада на Париз


Француските земјоделци најавија дека денеска повеќе од 600 трактори ќе блокираат осум автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција. Владата најави дека ќе бидат мобилизирани 15.000 полицајци за да спречат трактори да влезат во „Париз и поголемите градови“, јавува БФМ ТВ. Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен, вчера разговараше со своите …

Француските земјоделци најавија блокада на Париз Read More »

Ганц: Војната против Хамас може да трае една генерација, заложниците ни се приоритет


Војната на Израел против Хамас би можела да трае една генерација, а ослободувањето на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група мора да остане главен приоритет, изјави израелскиот министер за војна Бени Ганц. Ганц вчера им соопштил на жителите на евакуираните заедници на југот на Израел дека е потребно итно ослободување на заложниците, јави израелскиот …

Ганц: Војната против Хамас може да трае една генерација, заложниците ни се приоритет Read More »

Уапсени две лица осомничени за нападот во Католичката црква во Истанбул


Турските власти уапсија двајца вооружени напаѓачи осомничени за убиство на едно лице за време на неделната богослужба во Католичката црква во Истанбул, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Тој рече дека полицијата спровела повеќе од 30 рации и привела 47 лица во врска со нападот. Јерликаја изјави дека во нападот на италијанската католичка …

Уапсени две лица осомничени за нападот во Католичката црква во Истанбул Read More »

Украинците ноќеска ги собориле сите осум беспилотни летала што Русија ги употребила за напади


 Украинските воздухопловни сили ноќеска ги уништија сите осум беспилотни летала „Шахид“, што Русија ги употреби за напад на неколку области во земјата, соопшти утринава Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина. Беспилотните летала се уништени над регионите Николаев, Дњепропетровск, Хмелницки и Ровињ, пренесоа украинските медиуми. Русија синоќа лансираше една ракета „Искандер-М“ и три ракети од …

Украинците ноќеска ги собориле сите осум беспилотни летала што Русија ги употребила за напади Read More »

Даниел Живковиќ е нов претседател на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора


Даниел Живковиќ, доскорешен вршител на должноста претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС), беше избран за нов претседател на таа партија, со повеќе од 96 отсто од гласовите, на првите непосредни внатрепартиски избори. Изборачкото право го искористиле 71,78 отсто од партиските членови, а гласањето се поминало без нерегуларности. За потпретседатели на ДПС се избрани Александра …

Даниел Живковиќ е нов претседател на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора Read More »

Најстудено утрово во Крушево


Најниска температура од -5 степени Целзиусови утрово е измерена во Крушево. Следат Маврови Анови и Струмица со -4 степени, -3 Берово, Демир Капија, -2 Битола, Прилеп, Претор, -1 Охрид, Штип, Крива Паланка, 0 Скопје-Петровец, Виница, Кавадарци, Гевгелија, 1 Тетово, Дебар, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Дојран и 3 степени Велес. Висината на снежната покривка во 7 …

Најстудено утрово во Крушево Read More »

Циркуларната економија – тема на месечното обраќање на Стопанската комора


„Циркуларна економија – модел за минимизирање на отпадот и искористување на ресурсите за одржлив раст на економијата“ е насловот на настанот „Месечно обраќање на актуелна тема“ што денеска го организира Стопанската комора на Северна Македонија. Гостин на месечното обраќање што ќе се одржи во просториите на Стопанската комора ќе биде проф. д-р Наташа Петровиќ од …

Циркуларната економија – тема на месечното обраќање на Стопанската комора Read More »

Бајден: САД ќе одговорат на нападот врз американските војници во Јордан


Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе „одговораат“ оние кои се одговорни за нападот на американската база во Јордан, на границата со Сирија, во кој загинаа тројца американски војници, а најмалку 34 се ранети, обвинувајќи ги „радикалните милитантни групи поддржани од Иран“. -Оние кои се одговорни за нападот ќе одговараат во време и на начин …

Бајден: САД ќе одговорат на нападот врз американските војници во Јордан Read More »

Германските машиновозачи предвреме го прекинаа штрајкот


Синдикатот на машиновозачите (ГДЛ) во германскиот државен железнички оператор Дојче Бан (Deutsche Bahn) предвреме го заврши својот повеќедневен штрајк на услугите за превоз на патници, изјави утрово портпаролот на државниот железнички оператор. Железничкиот штрајк што со денови го попречуваше железничкиот транспорт во Германија почна да се намалува во неделата навечер, откако нормалните транспортни услуги продолжија …

Германските машиновозачи предвреме го прекинаа штрајкот Read More »

Иран тврди дека нема врска со нападот во Јордан во кој загинаа тројца американски војници


Иранската мисија во Обединетите нации денеска соопшти дека Техеран не е вклучен во нападот со беспилотно летало во кој загинаа тројца припадници на американската војска во североисточниот дел на Јордан, во близина на сириската граница. Во соопштението објавено од државната новинска агенција ИРНА, мисијата наведува дека Иран нема никаква врска со нападот на американската база. …

Иран тврди дека нема врска со нападот во Јордан во кој загинаа тројца американски војници Read More »

Хектар обработливо земјиште во ЕУ лани во просек чинело 10.578 евра


Просечната цена на еден хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2022 година изнесувала 10.578 евра, што ја прави 45 пати повисока од просечната годишна рента за изнајмување на плодни површини, која изнесувала 233 евра по хектар, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, обработливо земјиште во …

Хектар обработливо земјиште во ЕУ лани во просек чинело 10.578 евра Read More »

Ким Џонг-ун нагледуваше лансирање крстосувачка ракета од подморница


 Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето на крстосувачката ракета лансирана од подморница, објавија државните медиуми. Северна Кореја минатата недела соопшти дека ја развива и тестира ракетата „Pulhwasal-3-31“, пренесе агенцијата КЦНА. Ким ја инспектираше изградбата на подморницата на нуклеарен погон, нарекувајќи го нуклеарното вооружување на неговата морнарица итна национална задача, јави КЦНА.  Јужнокорејската војска …

Ким Џонг-ун нагледуваше лансирање крстосувачка ракета од подморница Read More »

Почнува мандатот на третата техничка Влада пред парламентарните избори на 8 мај


Единаесеттите парламентарни избори во земјава ќе се одржат на 8 мај, а седмите претседателски избори на 24 април. До формирањето на нова влада до крајот на јуни, земјата ќе ја води техничка влада на чело со премиерот Талат Џафери. Оваа преодна Влада вчера беше избрана со 65 гласа „за“ и три „против“. ВМРО-ДПМНЕ беа во …

Почнува мандатот на третата техничка Влада пред парламентарните избори на 8 мај Read More »

Приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ, одбраната на демократија и владеење на правото главни теми на ГАК


Приоритетите на белгиското претседателство со Европскиот совет во првите шест месеци од годинава, пакетот за „Одбрана на европската демократија“ и годишниот дијалог за владеење на правото во Унијата, ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) во Брисел.  Како што јави дописникот на МИА, со оваа прва средба …

Приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ, одбраната на демократија и владеење на правото главни теми на ГАК Read More »

Променливо облачно и ветровито со ниски утрински температури


Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната од 2 до 11 степени. Во Скопје, слично време со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти …

Променливо облачно и ветровито со ниски утрински температури Read More »

Зошто протестираат земјоделците во Европа?


Во Европа, земјоделците протестираат со недели поради ценовната криза, незадоволни од земјоделските закони на ЕУ, а по протестите кои се одржаа пред зградата на Европскиот парламент во Брисел, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен започна стратешки дијалог за иднината на земјоделството. Гневот на фармерите во последните недели доведе до блокади на патиштата и …

Зошто протестираат земјоделците во Европа? Read More »

Над 4.000 решенија за присилна наплата за данок на имот изготви Општина Штип


Општина Штип изготви вкупно 4.024 решенија за присилна наплата на данок на имот. Од вкупната бројка, 3.020 се однесуваат на неплатен данок на имот од физички лица, а 1.004 се за неплатена фирмарина, односно данок на имот од страна на правни лица. Раководителот на Одделението Драган Каров денеска изјави дека Општина Штип кај правните субјекти …

Над 4.000 решенија за присилна наплата за данок на имот изготви Општина Штип Read More »

Заврши е-аукција за дел од поранешните хотели „Кристал“, „Куманово“ и „Ку-ба“ сопственост на АД „Бисерка“ во стечај


Успешно заврши е-аукцијата за продажба на делови од хотелите „Куманово“, „Кристал“ и „Ку-ба“, сопственост на АД „Бисерка“ во стечај, информираше за МИА стечајниот управник Ацо Петров. Тој рече дека процесот на продажба ќе се смета за успешен само доколку се прифати одлуката од собрани на доверителите и доколку се уплати сумата. – Денеска имаме спроведено …

Заврши е-аукција за дел од поранешните хотели „Кристал“, „Куманово“ и „Ку-ба“ сопственост на АД „Бисерка“ во стечај Read More »

Производството на електрична енергија од нуклеарни централи ќе ги собори сите рекорди во 2025 година


Производството на нуклеарна енергија веројатно ќе собори рекорди во 2025 година, бидејќи повеќе земји инвестираат во реактори за да ја поттикнат транзицијата кон глобална економија со ниска потрошувачка на јаглерод. Се очекува обновливите извори на енергија најверојатно да го заменат јагленот како извор на енергија на почетокот на следната година, покажуваат податоците. Кина, Индија, Кореја …

Производството на електрична енергија од нуклеарни централи ќе ги собори сите рекорди во 2025 година Read More »