Централниот регистар ќе работи со продолжено работно време за прием на годишните сметки на правните субјекти


Централниот регистар на Република Северна Македонија, регионална регистрациона канцеларија Скопје, денеска ќе работи со продолжено работно време и ќе овозможи прием на годишните сметки на правните субјекти за 2023 година од 08.00 до 20.00 часот. Како што соопштија од Централниот регистар, денеска од 08.00 до 16.00 часот ќе се овозможи прием на годишните сметки на …

Централниот регистар ќе работи со продолжено работно време за прием на годишните сметки на правните субјекти Read More »

Врховниот суд на САД ќе одлучува за имунитетот на Трамп од кривично гонење


Врховниот суд на САД вчера го прифати барањето да одлучува дали поранешниот претседател Доналд Трамп има имунитет од гонење под обвинение за обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година. Судот првпат одлучува да разгледува ваков случај, а од девет врховни судии, шест се конзервативци. Тие ќе ги слушнат тврдењата на Трамп …

Врховниот суд на САД ќе одлучува за имунитетот на Трамп од кривично гонење Read More »

За Нобеловата награда за мир номинирани 285 кандидати


Вкупно 285 кандидати се номинирани за овогодишната Нобелова награда за мир, вклучувајќи 196 поединци и 89 организации, соопшти Норвешкиот Нобелови комитет. Тоа значи дека овогодишното поле на кандидати е значително помало од лани кога имаше 351 валидна номинација. Најголем број номинирани е постигнат во 2016 година со 376 кандидати, пренесе ДПА. Крајниот рок за номинирање …

За Нобеловата награда за мир номинирани 285 кандидати Read More »

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во …

Променливо облачно со повремен дожд Read More »

Утре во Тирана ќе се одржи самит Западен Балкан-ЕУ


По денешниот самит за Украина, Тирана утре ќе биде домаќин на уште еден важен настан, самитот Западен Балкан – Европската унија. – Регионалниот самит е посветен на планот за раст и конвергенција со фокус на интеграцијата на Западен Балкан кон Европската унија, како и спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан. Овој самит ќе …

Утре во Тирана ќе се одржи самит Западен Балкан-ЕУ Read More »

Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата


Извршниот одбор на СДСМ во проширен состав на денешната седница во Штип, ја разгледал информација за спроведената постапка за можни кандидати за претседателските избори и, како што наведуваат од партијата, по сите анализи, разговори и спроведени истражувања на јавното мислење, го поддржал Стево Пендаровски за свој кандидат. -Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги …

Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата Read More »

Трговскиот дефицит на САД во јануари се зголеми на 90,2 милијарди долари


Трговскиот дефицит на САД во јануари се зголеми за 2,6 отсто на месечно ниво. Министерството за трговија ги објави јануарските податоци за трговската размена. Според последните податоци, трговскиот дефицит во јануари се искачи на 90,2 милијарди долари. Во наведениот период извозот на стоки е зголемен за 0,2 отсто на 170,4 милијарди долари, а увозот на …

Трговскиот дефицит на САД во јануари се зголеми на 90,2 милијарди долари Read More »

ИЗБОРИ 2024/Комплетиран составот на ДИК, избран Абдуш Демири за член на Комисијата


 Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 145 седница, без расправа, попладнево го изгласа Абдуш Демири за член на Државната изборна комисија. За одлуката гласаа 90 пратеници, без ниту еден глас против и воздржан.  Демири е предлог за член на ДИК од партиите од Европскиот сојуз за промени. Вториот кандидат, кој се повлече, беше …

ИЗБОРИ 2024/Комплетиран составот на ДИК, избран Абдуш Демири за член на Комисијата Read More »

Колкави се просечните плати во регионот?


Просечната нето плата во земјите од поранешна Југославија во декември 2023 година беше највисока во Словенија (1.530 евра), а најниска во Северна Македонија (649 евра). На второ место е Хрватска (1.191 евро), потоа Црна Гора (814 евра), потоа Србија (811,3 евра), а пред Северна Македонија, според просечните плати, е само Босна и Херцеговина (654 евра). …

Колкави се просечните плати во регионот? Read More »

Владата пак ги достави во Собранието законите за стратешки инвестиции, еве што е изменето


Предлог-законите за четирите стратешки инвестиции од областа на енергетиката, вчера се повлечени од седница на Влада  и повторно поднесени за да се елиминираат сите недоумици, веќе се во Собранието, со интервенции во договорите и со избришани членови во два од законите по укажувања од институциите, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.  Тој посочи …

Владата пак ги достави во Собранието законите за стратешки инвестиции, еве што е изменето Read More »

Од петок нема гарантирани цени. Дали производителите и трговците ќе уфрлат „во четврта брзина“?


  Лебот, пекарските производи, пилешкото, јунешкото, свинското, млекото, сирењето, јајцата, овошјето, зеленчукот… од петок веќе нема да се продаваат со замрзнати цени, откако Владата одлучи да не ја продолжи мерката со која овие производи од септември лани се нудеа во маркетите со ознаката „гарантирана цена“. Дали завршувањето на овој речиси шестмесечен период во кој цените …

Од петок нема гарантирани цени. Дали производителите и трговците ќе уфрлат „во четврта брзина“? Read More »

Битиќи: Предлогот за функционерските плати е најдоброто можно решение во овој момент


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека треба што поскоро да се донесат законските измени за платите на функционерите предложени од пратеничката група на СДСМ и оценува дека тоа е најдоброто можно решение во моментов. За платите на функционерите кои се именувани директно од Владата и не се опфатени со законските промени, ако нема …

Битиќи: Предлогот за функционерските плати е најдоброто можно решение во овој момент Read More »

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување


Во четвртото тримесечје од 2023 година во споредба со третото тримесечје од 2023 година трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,2 отсто, трошоците за материјали се пониски за 1,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 11,2  процента. Како што соопшти Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од …

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување Read More »

Битиќи очекува трговците да се однесуваат „соодветно“, ако многу ги зголемат цените ќе има казни


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не очекува нарушувања на пазарот од петок кога престанува да важи ограничувањето на цените на педдесетина производи, и дека трговците ќе се однесуваат „соодветно“. Во спротивно, тој денеска најави дека Владата ќе реагира и дека преку инспекторатите ќе преземе соодветни мерки. Очекува и што поскоро пратениците да го донесат …

Битиќи очекува трговците да се однесуваат „соодветно“, ако многу ги зголемат цените ќе има казни Read More »

Украинската армија соопшти дека се повлекла од уште две села во близина на Авдиивка


  Украинската армија соопшти дека се повлекла од уште две села во близина на источниот град Авдиивка, кој беше заземен од руските сили претходно овој месец. Висок украински командант изјави дека украинските војници ги зајакнале новите одбранбени позиции западно од Авдиивка, чие заземање е најголемата победа на Русија на бојното поле во последните девет месеци. …

Украинската армија соопшти дека се повлекла од уште две села во близина на Авдиивка Read More »

Луфтханза повторно штрајкува, патниците нема да бидат погодени


 Германскиот синдикат Верди ги повика вработените на „Луфтханза ерлајнс“ да организираат нов штрајк на главните германски аеродроми од денеска до петок, бидејќи останува незадоволството во преговорите за зголемување на платите. Верди објави дека не е постигнат договор во последната рунда преговори и додаде дека повикува на штрајк од денеска во 6 часот по локално време …

Луфтханза повторно штрајкува, патниците нема да бидат погодени Read More »

Околу 51 илјада Македонци ја посетиле Бугарија во јануари, а над 29 илјади Бугари дошле во земјава


Околу 51 илјада македонски државјани ја посетиле Бугарија во јануари годинава, а над 29 илјади Бугари патувале во Македонија, соопшти бугарскиот Навионален статистички институт (НСИ). Најбројни странски туристи во Бугарија биле Турците 162,9 илјади, Романците  125,6 илјади и Грците 105,9 илјади. Бугарите, пак, во јануари најмногу патувале во Турција 139,4 илјади, во Грција 97 илјади …

Околу 51 илјада Македонци ја посетиле Бугарија во јануари, а над 29 илјади Бугари дошле во земјава Read More »

Исламски екстремисти му се закануваат со смрт на градоначалникот на Лондон


Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, добил смртни закани од исламски екстремисти, објави вечерва Гардијан. Кан доби полициска заштита, која генерално им се дава на членовите на владата или на кралското семејство од 2017 година. Извор запознаен со безбедносните протоколи изјави дека покрај заканите од исламските екстремисти, на Кан му се заканува и екстремната десница. Градоначалникот …

Исламски екстремисти му се закануваат со смрт на градоначалникот на Лондон Read More »

Ниту еден хуманитарен конвој на ОН не стигна до северниот дел на Газа од 23 јануари


Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дижариќ укажа на страшната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, изјавувајќи дека ниту еден од конвоите со хуманитарна помош на ОН не стигнал до северните делови на Појасот Газа од 23 јануари. -Колегите од УНРВА не потсетуваат дека ниту еден од нашите хуманитарни конвои не можеше да стигне …

Ниту еден хуманитарен конвој на ОН не стигна до северниот дел на Газа од 23 јануари Read More »

Гувернерот на Тексас прогласи катастрофа поради влошените шумски пожари


Пожарникарите во Тексас се борат со неколку шумски пожари кои брзо се шират во американската сојузна држава. Гувернерот на Тексас, Грег Абот прогласи катастрофа за 60 окрузи во државата за „да се осигура дека критичните ресурси за справување со пожарите брзо се распоредуваат во областите во Тексас Панхендл кои се погодени од разорни шумски пожари“. …

Гувернерот на Тексас прогласи катастрофа поради влошените шумски пожари Read More »