Горивата поевтинуваат за половина денар по литар


Цената на дизелот и на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС …

Горивата поевтинуваат за половина денар по литар Read More »

Во јануари имало за 10,1 отсто повеќе туристи од истиот месец лани, бројот на ноќевања поголем за 15,2 отсто


Во земјава во јануари годинава се евидентирани 47.761 турист, од кои 40,4 отсто се домашни, а 59,6 отсто се странски, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во јануари изнесува 102.079, од кои 48,4 отсто се од домашните туристи, a 51,6 отсто од странските туристи. Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во …

Во јануари имало за 10,1 отсто повеќе туристи од истиот месец лани, бројот на ноќевања поголем за 15,2 отсто Read More »

Еве како изгледа браната „Конско“ која ќе го препороди Гевгелискиот регион (Галерија)


  На 20 километри западно од градот Гевгелија, на пониските падини на планината Кожуф, на Конска Река, изградена е браната „Конско“. Браната е висока 79,65 метри, со наклон од 1:1,8, изградена од карпесто полнење – габро, со две преодни зони кон дијафрагмата (нагорно и низводно) и горната тампонирана брана, која се користи за заштита на …

Еве како изгледа браната „Конско“ која ќе го препороди Гевгелискиот регион (Галерија) Read More »

За 34,4 отсто помалку издадени одобренија за градба во јануари


Во јануари годинава издадени се 256 одобренија за градење, што е за 34,4 отсто помалку во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.503 536 илјади денари, што е за 41,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната …

За 34,4 отсто помалку издадени одобренија за градба во јануари Read More »

ЕСМ набавил поволно струја, РЕК Битола работеше со еден блок, но и тој испаднал од мрежа


Во текот на изминатиот период, како резултат на направените анализи на пазарот на електрична енергија, направена беше набавка на струја, со поволни цени кои на АД ЕСМ му овозможуваат намалување на трошоците на работа. Токму поради тоа РЕК Битола планирано работеше само со еден блок, известуваат од  АД „Електрани на Северна Македонија“. Оттаму, појаснуваат дека …

ЕСМ набавил поволно струја, РЕК Битола работеше со еден блок, но и тој испаднал од мрежа Read More »

ЦУК: Седум пожари на отворено и апел за одржување и чистење на локалните канали за одводнување


Седум пожари на отворено се регистрирани во земјава во последното деноноќие. Два пожара биле во Скопје, а по еден во Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Македонски Брод, Старо Нагоричане и во Велес, соопшти ЦУК. Локалните поројни дождови во последното деноноќие предизвикаа локални излевања на одредени реки и канали. Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека водата од коритото …

ЦУК: Седум пожари на отворено и апел за одржување и чистење на локалните канали за одводнување Read More »

Силиконската долина тргна в десно


  Откако го презеде Твитер, Илон Маск политички скршна надесно, пркосејќи ѝ на идејата дека Силиконската долина е бастион на добростоечки либерали и демократи. Иако тој долго време беше идеолошки некласифициран, политиката на Маск сега е цврсто десна бидејќи тој ја користи својата платформа Икс, порано Твитер, за да ги поттикне темите што ги привлекуваат …

Силиконската долина тргна в десно Read More »

Поплавите и свлечиштата во Индонезија однесоа 26 животи, најмалку 11 се водат како исчезнати


Поплавите и свлечиштата на островот Суматра во Индонезија однесоа 26 животи, а најмалку 11 лица се водат како исчезнати, соопштија денеска службите за вонредни состојби. „Единаесет лица се сметаат за исчезнати, а 26 загинаа“, соопшти портпаролот на Агенцијата за управување со катастрофи, Абдул Мухари. Привремено засолниште мораа да бараат 75.000 луѓе, повеќе од 20 луѓе …

Поплавите и свлечиштата во Индонезија однесоа 26 животи, најмалку 11 се водат како исчезнати Read More »

Во Швајцарија пронајдени пет безживотни тела на исчезнати скијачи, по шестиот се трага


Полицијата на швајцарскиот кантон Вале денеска соопшти дека пронашла пет безживотни тела на луѓе кои исчезнале за време на скијачка тура во близина на алпскиот град Зермат. Потрагата по шестиот скијач се уште трае, јави швајцарскиот јавен сервис РТС. Скијачите исчезнаа во саботата во близина на планината Тет Бланш, на патеката Зермат-Арола, во близина на …

Во Швајцарија пронајдени пет безживотни тела на исчезнати скијачи, по шестиот се трага Read More »

Ескобар ќе разговара за изборите во Северна Македонија со ОБСЕ/ОДИХР


 Специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар патува во Австрија, каде што ќе се сретне со канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Северна Македонија и Србија, соопшти Стет департментот. Освен во Австрија, Ескобар оди и во Белгија, Косово и Црна Гора од 10 до 18 март, пренесува Гласот на …

Ескобар ќе разговара за изборите во Северна Македонија со ОБСЕ/ОДИХР Read More »

Ватикан: Не, папата Франциск не ја повика Украина да се предаде


Папата Франциск не ја повикува Украина да се предаде, туку повикува на прекин на огнот и храброст во преговорите, изјави вчера директорот на канцеларијата за печат на Ватикан, Матео Бруни. „Папата го користи терминот бело знаме и одговара на впечатокот предложен од новинарот, за да укаже на прекин на непријателствата и примирје постигнато преку храброста …

Ватикан: Не, папата Франциск не ја повика Украина да се предаде Read More »

Забележа и 25 скока: Еве каков рекорд постави Ентони Дејвис во НБА


Центарот на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис постигна 27 поени, а забележа и 25 скока, 5 асистенции и 7 украдени топки на натпреварот со Минесота тимбервулвс одигран ноќеска. Лејкерс победија со 120:109, а 31-годишниот Американец постави единствен рекорд во историјата на НБА-лигата. Тој стана првиот кој постигнал најмалку 25 поени, како и најмалку 25 скока, …

Забележа и 25 скока: Еве каков рекорд постави Ентони Дејвис во НБА Read More »

Макрон го поддржа предлог законот за евтаназија


Францускиот претседател Емануел Макрон првпат изјави дека го поддржува новиот закон за евтаназија кој ќе овозможи „помош да се стави крај на животот“ и сака неговата влада да го достави до Парламентот во мај. Соседите на Франција, Швајцарија и Белгија, како и Холандија, донесоа закони со кои се дозволува медицинска помош на умирање во одредени …

Макрон го поддржа предлог законот за евтаназија Read More »

Победа на конзервативците на изборите во Португалија


Португалската централнодесничарска партија Демократски сојуз (АД) победи на парламентарните избори, изјави нејзиниот лидер Луис Монтенегро, иако не е јасно дали ќе може да формира мнозинство без поддршката на екстремно десничарската Чега, со која одби да преговараат. АД и нејзините конзервативни сојузници од островот Мадеира вчера освоија 29,49 отсто на предвремените парламентарни избори или најмалку 79 …

Победа на конзервативците на изборите во Португалија Read More »

Француската екстремна десница води во анкетите на три месеци пред изборите за Европскиот парламент


 Француската екстремно десничарска партија Национален собир води во анкетите за претстојните избори за Европскиот парламент, со 12 отсто разлика во однос на владејачката коалиција на „Ренесанса“, покажува анкетата што вчера ја објави интернет телевизијата BFMTV . Екстремната десница, чија листа ја предводи младиот Џордан Бардела, би добила 29,5 отсто од гласовите, а центристичката коалиција „Ренесанса“ …

Француската екстремна десница води во анкетите на три месеци пред изборите за Европскиот парламент Read More »

Доделени Оскарите, седум статуетки за „Опенхајмер“, меѓу кои за најдобар филм


  Американската Академија за филмски уметности и науки ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа утрово во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот „Опенхајмер“ (Oppenheimer) триумфираше со седум освоени награди, од вкупно 13 номинации. Водител на најважната филмска ноќ беше комичарот Џими Кимел. Can’t stop smiling at these #Oscars red carpet pics! pic.twitter.com/vEimfe8krb — …

Доделени Оскарите, седум статуетки за „Опенхајмер“, меѓу кои за најдобар филм Read More »

Во градинките само деца со вакцина за ДТП


Од денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе почне со вонредни инспекциски надзори и издавање решенија за забрана на прием на деца во градинките кои не се целосно имунизирани со вакцината ДТП против голема кашлица. Ова во петокот го најавија од ДСЗИ откако ја добиле одлуката од министерот за здравство Илир Демири, врз основа …

Во градинките само деца со вакцина за ДТП Read More »

Почнува Рамазанскиот пост


Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 9 април. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 …

Почнува Рамазанскиот пост Read More »

Променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со дожд и силен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни, над 20 литри на метар квадратен, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде …

Променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со дожд и силен ветер Read More »

ЕУ го одбележува Европскиот ден на сеќавање на жртвите на тероризмот


На Европскиот ден за сеќавање на жртвите на тероризмот им оддаваме помен на сите жртви на терористички напади, без разлика дали се на територијата на ЕУ или надвор од европските граници, соопшти Европската комисија по повод Европскиот ден на сеќавање на жртвите на тероризмот – 11 март.  – Оваа година овој ден има посебно значење …

ЕУ го одбележува Европскиот ден на сеќавање на жртвите на тероризмот Read More »