Бајден: Нема потреба од дополнителни американски војници на полската граница


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека нема потреба од дополнителни американски војници на полската граница. Бајден ставот го кажа на еден ден пред да се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот Доналд Туск. 

Сенатот на САД бара отворање на првиот кластер на Македонија со ЕУ без нови билатерални услови


  САД го поддржаа пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ) во најнова резолуција во Сенатот, спонзорирана од демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис. Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски …

Сенатот на САД бара отворање на првиот кластер на Македонија со ЕУ без нови билатерални услови Read More »

Украински дронови нападнаа руска фабрика за гориво


Украина изврши напади со беспилотни летала врз фабрика за гориво и енергија во руската провинција Ориол, изјави денеска гувернерот на централната руска покраина. Тој додаде дека остатоците од дронот паднале на комплексот. „Немаше жртви“, напиша гувернерот Кличков на Телеграм. Според службата за итни случаи, еден танкер бил запален како последица на нападот.

Велешкиот театар ќе го објави добитникот на наградата „Петре Прличко” за 2024 година


Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ денеска ќе го објави добитникот на наградата за животно дело „Петре Прличко” за 2024 година. На прес – коференција што ќе се одржи во фоајето на тетарот, најавени се обраќања на градоначалникот на Велес Марко Колев, директорот на установата Сашо Димоски,  режисерот Ненад Витанов и актерите Жарко Спасовски …

Велешкиот театар ќе го објави добитникот на наградата „Петре Прличко” за 2024 година Read More »

Дебата „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“


Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира дебата на тема „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“. Според организаторите, во регионални, но и европски рамки, интересот на науката и истражувачите за и околу Република Северна Македонија е фокусиран, пред се, на мултиетничките карактеристики на македонското општество. Покрај тоа нашата држава …

Дебата „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“ Read More »

Отворање на изложбата „Калиопе Австрија и Северна Македонија“


 „Калиопе Австрија и Северна Македонија“, Жените во општеството, културата и науката, е насловена изложбата што денес ќе биде отворена во Чифте амам, во организација на Австриската амбасада во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија.   Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и Женскиот музеј во австриското гратче Хитисау во покраината Форарлберг, се …

Отворање на изложбата „Калиопе Австрија и Северна Македонија“ Read More »

Промоција на Оперативен план за активни програми и услуги на пазарот на трудот 2024 година


Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, Ведат Османи, директор на Агенција за вработување и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Скопје денеска ќе се обратат на официјалната промоција на Оперативниот план за активни програми и услуги на пазарот на трудот 2024 година. Како што соопштија од Министерство за труд и социјална …

Промоција на Оперативен план за активни програми и услуги на пазарот на трудот 2024 година Read More »

Промениво облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. …

Промениво облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи Read More »

Комисиска расправа во Собранието за годишниот план за работата на ОТА


Во Собранието за денеска се закажани седници на комисиите за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за здравство, и за транспорт, врски и екологија. Годишниот извештај за работењето на Оперативно-техничката агенција за 2023 година е на дневен ред на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, а Комисијата …

Комисиска расправа во Собранието за годишниот план за работата на ОТА Read More »

ЕУ воведува нови правила за политичко рекламирање


Советот на ЕУ усвои нова регулатива за транспарентност и таргетирање на политичкото рекламирање, чија цел е да се спречи манипулирањето со информациите и странското мешање во изборите.  Регулативата треба да им олесни на граѓаните да ги препознаат политичките реклами, да дознаат кој стои зад нив и да знаат дали биле изложени на таргетирани реклами, со …

ЕУ воведува нови правила за политичко рекламирање Read More »

ЕУ постигна трговски суфицит од 158 милијарди евра во стоковната трговија со САД во 2023 година


Минатата година Европската Унија оствари суфицит од 158 милијарди евра во стоковната трговија со Соединетите Американски Држави, објави денеска Евростат на својата веб-страница. Во 2023 година ЕУ извезла стоки во САД за 502 милијарди евра, а увезла стоки за 344 милијарди евра. Европската Унија лани увезла сурова нафта од САД за 42,4 милијарди евра, што …

ЕУ постигна трговски суфицит од 158 милијарди евра во стоковната трговија со САД во 2023 година Read More »

Путин одобри употреба на дигитални финансиски средства во меѓународните плаќања


 Рускиот претседател Владимир Путин одобри декрет со кој се дозволува користење на дигитални финансиски средства во меѓународните плаќања. Според декретот потпишан од Путин, дигиталните финансиски средства може да се користат како платежно средство за увоз и извоз на стоки и услуги во рамки на законот за регулирање на валутата. Претходно, мерката ја најави Анатолиј Аксаков, …

Путин одобри употреба на дигитални финансиски средства во меѓународните плаќања Read More »

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот


Веб страницата на Македонскиот електропреносен оператор МЕПСО АД Скопје по минатонеделниот кибер напад, денеска повторно е во функција.  Од МЕПСО на 7. месецов информираа дека се цел кибер напад, но оти целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени. Инцидентот, како што соопштија, бил пријавен кај сите надлежни институции согласно …

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот Read More »

Нетанјаху: Го убивме четвртиот по важност член на Хамас, следуваат третиот, вториот и првиот


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека војската го убила четвртиот најважен приоадник на Хамас, алудирајќи на заменик-политичкиот лидер на палестинскиот исламистички Хамас, Салех ал-Арури и најави дека наскоро ќе стасаат и до други високи команданти. Нетанјаху го рече ова во видео изјава додека Израел ја истражува судбината на Марван Иса, кој е заменик-лидерот на …

Нетанјаху: Го убивме четвртиот по важност член на Хамас, следуваат третиот, вториот и првиот Read More »

Профитот на саудискиот нафтен гигант „Арамко“ падна за 25 отсто на 121 милијарда долари


Саудискиот државен нафтен гигант „Арамко“ објави дека забележал профит од 121,3 милијарди долари во 2023 година, што е за 25 отсто помалку отколку во 2022 година, кога остварил профит од 161,1 милијарди долари. Глобалната побарувачка на нафта достигна рекордно ниво во 2023 година и покрај геополитичката нестабилност, економските спротивставени ветрови и инфлаторните притисоци, изјави извршниот …

Профитот на саудискиот нафтен гигант „Арамко“ падна за 25 отсто на 121 милијарда долари Read More »

Внимавајте ако добиете вакви пораки за подигање пратки со името на Пошта. Лажни се


Повторно се злоупотребува името на АД „Пошта на Северна Македонија“ со пораки кои ги добиваат деновиве граѓаните со невистинита содржина, информираат од компанијата во објава на веб страницата. Со пораките граѓаните се известуваат за пристигнати пратки и се повикуваат да ја потврдат својата адреса на понуден линк.  АД „Пошта на Северна Македонија“ потенцира дека не …

Внимавајте ако добиете вакви пораки за подигање пратки со името на Пошта. Лажни се Read More »

ЕК објави транзициски план за зелена, дигитална и отпорна земјоделско-прехранбена индустрија


Европската комисија денеска објави план за транзиција на земјоделско-прехранбениот индустриски екосистем, во кој главен фокус е ставен на прехранбената индустрија. Планот ги идентификува предизвиците и можностите на прехранбениот сектор и предлага активности за зајакнување на неговиот придонес кон конкурентен, одржлив, еластичен и праведен земјоделско-прехранбен систем на ЕУ. – Конкурентноста и еластичноста на системот за храна …

ЕК објави транзициски план за зелена, дигитална и отпорна земјоделско-прехранбена индустрија Read More »

Во Србија минатата година биле вработени над 52.000 странци


Минатата година во Србија се издадени над 52.000 работни дозволи на странци, што е скок од речиси 70 отсто во однос на претходната година. Само во Белград има 30.000 странски работници. И покрај ова, сè уште недостасуваат сите профили на работници. Се проценува дека исчезнале околу 20.000 возачи и исто толку работници во угостителството. Од …

Во Србија минатата година биле вработени над 52.000 странци Read More »

По 32 години Велика Британија ги враќа грамофонските плочи во пресметката на инфлацијата


Британскиот завод за статистика објави дека повторно ќе ги вклучи грамофонските плочи во кошничката на производи и услуги што ги користи за пресметување на инфлацијата, по празнина од повеќе од 30 години. Заводот за статистика го менува составот на кошницата еднаш годишно за да ги одрази промените во вкусовите и потребите на Британците. „Кошничката за …

По 32 години Велика Британија ги враќа грамофонските плочи во пресметката на инфлацијата Read More »

На што се должи економското забавување на крајот од 2023. Еве што велат од Фајнанс тинк


Институтот за економски истражувања и политики, Фајнанс тинк (Finance Think) го публикуваше Макроекономскиот монитор за квартал 4, 2023 година, во кој дава одговори на прашањата за економскот забавување. Како што е познато, во четвртиот квартал од 2023, БДП се зголеми за 0,9 отсто на годишна основа, со што целата 2023 заврши со еднопроцентен раст. Забавувањето …

На што се должи економското забавување на крајот од 2023. Еве што велат од Фајнанс тинк Read More »