(Фото) Урнато дрво го попречува сообраќајот на Ленинова кај Хемпро


Сообраќајот кај кружниот тек помеѓу улиците Ленинова (Аминта Трети) и Орце Николов (кај Хемпро) предпладнево е делумно во прекин поради паднато дрво.  Една од липите на тротоарот речиси целосно се урна врз коловозната лента во правец на Илинденска и го блокираше коловозот. За среќа, нема штети врз автомобили или врз околните дуќани.  Во моментов, просторот …

(Фото) Урнато дрво го попречува сообраќајот на Ленинова кај Хемпро Read More »

„Епл“ најави најголем откуп на акции во историјата! Одборот одобри 110 милијарди долари


Акциите на „Епл“ пораснаа за 7 отсто во продолженото тргување во четвртокот, откако производителот на ајфон објави фискална заработка во вториот квартал што ги надмина проценките и најави проширена програма за откуп на акции. „Епл“ објави дека неговиот одбор одобрил откуп на акции од 110 милијарди долари, што е зголемување за 22 отсто во однос …

„Епл“ најави најголем откуп на акции во историјата! Одборот одобри 110 милијарди долари Read More »

Светските цени на храната продолжија да растат: Растителните масла најскапи во последните 13 месеци


Светските цени на храната пораснаа во април втор месец по ред, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Во април е забележан благ месечен пораст на цените на месото, растителните масла и житариците, што повеќе од го компензира падот на цените на млечните производи и шеќерот. Индексот на светските цени на …

Светските цени на храната продолжија да растат: Растителните масла најскапи во последните 13 месеци Read More »

Џулијан Асанж прогласен за почесен член на Здружението на новинари на Република Српска


Здружението на новинари на Република Српска, по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите, денеска го прогласи Џулијан Асанж за почесен член на тоа здружение. Во соопштението на УНРС се наведува дека не е неопходно да се објаснува овој потег, особено не на оние кои се занимаваат со прашањето за слободата на говорот и мислата, …

Џулијан Асанж прогласен за почесен член на Здружението на новинари на Република Српска Read More »

Двајца загинати во сообраќајната несреќа на патот Радовиш-Штип


Во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Радовиш-Штип загинаа двајца возачи, а сопатничка од едното возило е пренесена во штипската Болница. Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“. – На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а …

Двајца загинати во сообраќајната несреќа на патот Радовиш-Штип Read More »

Русија најави „разорна одмазда“ доколку Украина го нападне мостот на Крим


Русија предупреди дека ќе изврши „разорувачки одмазднички напад“ доколку Украина, со поддршка на Западот, го нападне Крим или Кримскиот мост што го поврзува полуостровот на Црното Море со јужниот дел на Русија, кој Киев веќе двапати го нападна. Москва соопшти дека верува оти Украина, која неодамна од САД доби системи за наведувачки ракети со долг …

Русија најави „разорна одмазда“ доколку Украина го нападне мостот на Крим Read More »

Израел поднесе жалба до ОЕЦД поради трговскиот бојкот на Турција


Израелската влада поднесе жалба против Турција до Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) откако Анкара привремено ја прекина трговијата со Израел поради војната во Газа. Израелскиот министер за економија Нир Баркат во објава на Х го нарече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган „антисемитски диктатор“ кој го прекршува меѓународното поморско право и ги нарушува глобалните …

Израел поднесе жалба до ОЕЦД поради трговскиот бојкот на Турција Read More »

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно, најмногу во Грција, најмалку во Бугарија


Во Европската унија во 2023 година, 7,1 отсто од вработените работеле 49 или повеќе часа неделно, што спаѓа во долго работно време, покажуваат податоците објавени од Евростат. Од земјите на Европската унија најголем удел на работници со долго работно време има Грција, поточно 11,6 отсто, потоа Кипар со 10,4 отсто и Франција со 10,1 отсто. …

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно, најмногу во Грција, најмалку во Бугарија Read More »

Бројот на нови работни места во САД се намалил во април


Растот на вработувањето во САД во април се намалил повеќе од очекувањата а намален е и прирастот на платата на годишно ниво. Невработеноста останала речиси на исто ниво како и во март. Аналитичарите сметаат дека иако пазарот на трудот останува под притисок, рано е да се очекува Федералните резерви (Фед, американската централна банка) да започнат …

Бројот на нови работни места во САД се намалил во април Read More »

Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријави 17 авиокомпании


Европската асоцијација за заштита на потрошувачите (BEUC) соопшти дека пријавила 17 авиокомпании до Европската комисија, предупредувајќи дека тие ги доведуваат во заблуда патниците со маркетиншки пораки за намалено влијание на летовите врз животната средина. Во јуни минатата година, здружението се пожали во Брисел дека 17 европски авиокомпании изнесуваат неточни тврдења за влијанието на летовите врз …

Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријави 17 авиокомпании Read More »

МАТТО: Осигурителната индустрија заслужува објективна и непристрасна одлука


Стопанската комора на Македонија -Турција (МАТТО) застанува во поддршка на осигурителните компании, дел од кои нивни членки и значајни странски инвестиции во државата и изразува загриженост, за како што посочуваат, избрзаната одлука со која се лимитира делот за вршење на дејноста, односно трошоците и се воспоставува стопроцентна државна контрола над цените за автоодговорност. Од МАТТО …

МАТТО: Осигурителната индустрија заслужува објективна и непристрасна одлука Read More »

И Јужна Кореја ќе казнува за намалување на количината на производите


Регулаторот на Јужна Кореја денеска соопшти дека планира да ги спречи скриените зголемувања на цените, велејќи им на производителите и добавувачите на храна дека ќе мора да ги известат потрошувачите за намаленото пакување на производите, што не е придружено со соодветно намалување на нивните цени. Во средината на април, француското Министерство за финансии ги информираше …

И Јужна Кореја ќе казнува за намалување на количината на производите Read More »

Реакции во Косово по падот од 19 места на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“: „Алармантен регрес“


Во Индексот за слободата на медиумите во светот во 2024 година, објавен од организацијата „Репортери без граници“ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, Косово се рангира на 75-то место, што е за 19 места полошо од 2023 година, кога беше рангирано на 56-то место, јави дописникот на МИА од Приштина. Во бројните реакции …

Реакции во Косово по падот од 19 места на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“: „Алармантен регрес“ Read More »

Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините


Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди филипинските острови Лејте, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ). Според ГФЗ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Филипинската сеизмолошка агенција соопшти дека се очекуваат последователни потреси и дека земјотресот најверојатно предизвикал штета. Филипинскиот архипелаг се наоѓа во таканаречениот „огнен прстен“, каде …

Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините Read More »

ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци


Израелскиот упад во градот Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади жители на Газа и хуманитарните операции во палестинската енклава, предупреди денеска Јенс Лерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. „Може да дојде до масакр на цивили и тоа би бил неверојатен удар за хуманитарните операции во целиот Појас Газа, …

ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци Read More »

Фоден избран за најдобар играч во Премиер лигата


Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, е избран за најдобар фудбалер во Англија за сезоната 2023/24 според гласовите на локалните спортски новинари. Фудбалерот на „граѓаните“ во досегашниот дел од сезоната одигра 31 натпревар во Премиер лигата, а во таа конкуренција постигна 16 гола и запиша седум асистенции. Во ФА купот одигра четири натпревари на кои …

Фоден избран за најдобар играч во Премиер лигата Read More »

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта. Тој го воведе законот според кој тоа е обврска


Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој ја воведе контроверзната обврска гласачите да приложат лична карта со фотографија при гласање, вчера беше отфрлен од избирачкото место бидејќи заборавил да ја донесе својата. Британските медиуми објавија дека Џонсон, кој се повлече во 2022 година по скандалот на функцијата, првично бил одбиен на избирачко место во Оксфордшир, јужна …

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта. Тој го воведе законот според кој тоа е обврска Read More »

„Гаспром“ заврши во минус за прв пат по повеќе од 20 години, загуби 6,9 милијарди долари


Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска објави дека забележал нето загуба од 629 милијарди рубљи (6,9 милијарди долари) во 2023 година, завршувајќи ја годината во црвено за прв пат по повеќе од 20 години, при што продажбата на гас во Европа е приближно преполовена, според Ројтерс. Веќе во 2022 година, нето добивката на „Гаспром“ потона, според …

„Гаспром“ заврши во минус за прв пат по повеќе од 20 години, загуби 6,9 милијарди долари Read More »

Клоп за Салах: Прашањето е веќе решено, двајцата многу се почитуваме


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, откри дека нема повеќе драма меѓу него и Мохамед Салах. Како што е познато, пред една недела двајцата влегоа во конфликт на мечот на „црвените“ против Вест Хем. Никогаш не открија што точно си кажале. -Веќе е решено, нема проблем. Не знам како ќе се снајдевме ако не се познававме …

Клоп за Салах: Прашањето е веќе решено, двајцата многу се почитуваме Read More »

Балканот останува без население, но не е подготвен за работници од Азија


Без имиграција, балканскиот регион нема да може да ја реши демографската криза, тврди „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува за тешкотиите што во балканските земји ги предизвикува од една страна емиграцијата и падот на наталитетот, а од друга имиграцијата од Азија, за која овие земји не се подготвени. Авторот на текстот, Мајкл …

Балканот останува без население, но не е подготвен за работници од Азија Read More »