Во ноември Солун ќе го добие „најмодерното и најубавото метро во Европа“, најави Мицотакис


Во ноември годинава се очекува во Солун свечено да биде пуштена во употреба главната линија на метрото во градот, како што денеска соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, говорејќи на настан на кој беше презентирана студијата за проширување на солунското метро, јави дописничката на МИА од Атина. – За шест месеци од сега ќе можеме да …

Во ноември Солун ќе го добие „најмодерното и најубавото метро во Европа“, најави Мицотакис Read More »

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор


Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело, одлучи Апелациониот суд во Скопје. Како што соопштија денеска од Апелациониот суд Скопје, ова решение е по жалбата на Мијалков на одлуката на Основен Кривичен суд Скопје, а го донеле на нејавна седница одржана на 14 …

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор Read More »

Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 24 мај – Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот.

(Видео) Објавена е последната снимка на иранскиот претседател Ебрахим Раиси од хеликоптерот кој потоа се урна


На социјалната мрежа Икс  (поранешен Твитер, објавена е снимка за која се вели дека се последната на иранскиот претседател Ебрахим Раиси од хеликоптерот кој потоа се урна. President Raisi’s last video pic.twitter.com/SBNpYZDzCX — Huma Zehra (@HumaZhr) May 19, 2024 Хеликоптер „Бел 212“ со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи се урна во …

(Видео) Објавена е последната снимка на иранскиот претседател Ебрахим Раиси од хеликоптерот кој потоа се урна Read More »

Во Вашингтон почнува Трансатлантски економски форум на Југоисточна Европа


Во американскиот Конгрес во Вашингтон денеска почнува дводневната конференција „Трансатлантски економски форум на Југоисточна Европа“, чија цел е зајакнување на соработката меѓу Соединетите Американски Држави и земјите од регионот на Западен Балкан, соопшти Институтот за политика и економија на Југоисточна Европа. Конференцијата ја организираат Трансатлантската лидерска мрежа и Европскиот центар на Атлантскиот совет од Вашингтон, …

Во Вашингтон почнува Трансатлантски економски форум на Југоисточна Европа Read More »

Кина возврати, ќе им забрани на американски компании да тргуваат во земјата


Кинеското Министерство за трговија објави денеска дека ќе им забрани на некои американски компании да имаат увозни и извозни активности поврзани со Кина, вклучително и продажба на оружје на Тајван, и ќе им забрани нови инвестиции во Кина. Министерството го стави General Atomics Aeronautical Systems на својата листа на недоверливи ентитети бидејќи компанијата продавала оружје …

Кина возврати, ќе им забрани на американски компании да тргуваат во земјата Read More »

„Златно“ време за бакарот: Цените за прв пат надминаа 11.000 долари за тон


Бакарот се искачи на своето највисоко ниво досега, продолжувајќи го силниот, повеќемесечен пораст поттикнат од финансиските инвеститори кои се натрупуваат на пазарот во очекување на продлабочување на недостигот на понуда. Фјучерсите на Лондонската берза за метали скокнаа за повеќе од 4 отсто во почетокот на тргувањето во понеделникот, со што бакарот за прв пат го …

„Златно“ време за бакарот: Цените за прв пат надминаа 11.000 долари за тон Read More »

Лани во светот имало 168 пријави за загуба или кражба на радиоактивен материјал


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) апелира за подобра заштита на радиоактивниот материјал за време на транспортот, бидејќи се евидентирани голем број загуби или кражби. Минатата година, 31 земја пријавиле вкупно 168 случаи на кражба или губење на радиоактивен материјал. Ова го соопшти МААЕ во понеделникот, на почетокот на конференцијата за нуклеарна безбедност во Виена. …

Лани во светот имало 168 пријави за загуба или кражба на радиоактивен материјал Read More »

Адвокатска комора: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права


Адвокатската комора денеска преку соопштение до медиумите реагира на Членот 368 од Законот за облигациони односи, за кој семта дека е дискриминирачки и спротивен на Уставот. Од комората сметаат дека со измените се наруши правниот ред и поредок, се поттикна финансиска недисциплина, при што должниците се ставија во привилегирана положба, наспроти доверителите, а се наруши …

Адвокатска комора: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права Read More »

Нацевска: Народната банка продолжува да го унапредува домашниот финансиски пазар


„Ефикасното спроведување на монетарната политика, покрај од мерките на Народната банка, во голем дел зависи и од функционалноста и натамошниот развој на домашните финансиски пазари, меѓу кои девизниот пазар има клучна улога. Оттаму, Народната банка продолжува со активностите за натамошно унапредување и развивање на домашниот девизен пазар и во таа смисла, искажуваме поддршка за иницијативите …

Нацевска: Народната банка продолжува да го унапредува домашниот финансиски пазар Read More »

Најмногу дожд во Берово


Изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Берово, 14 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка, Крушево, Маврови Анови и Гевгелија, еден литар на единица површина. До 08:30 часот се измерени и 8 литри на метар квадратен во Лазарополе, 7 во Штип, 3 во Струмица, како и 2 во Куманово, Битола, Демир Капија и …

Најмногу дожд во Берово Read More »

Кој е Мохамад Мокбер, можен привремен претседател на Иран?


Како потпретседател на Иран, се очекува Мохамад Мокбер да стане привремен претседател за да помогне во организирањето на претседателските избори што треба да се одржат во рок од 50 дена од смртта на претседателот Раиси. Еве кој е тој. Роден на 1 септември 1955 година, Мокбер, како Раиси, се смета за близок до врховниот лидер …

Кој е Мохамад Мокбер, можен привремен претседател на Иран? Read More »

Кој беше Ебрахим Раиси


Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа во северозападниот дел на Иран. Раиси беше претседател на Иран од 2021 година и ја водеше земјата во позадина на несогласувањата на меѓународно ниво и со внатрешни предизвици, оцени синоќа агенцијата Франс прес. Во Иран во текот на ноќта траеше потрагата по исчезнатото летало, во кое, покрај Раиси, беа …

Кој беше Ебрахим Раиси Read More »

Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига


Македонската одбојкарска репрезентација со два пораза го заврши првиот турнир во Златната лига. „Црвено-жолтите“ синоќа во „Парк“ во Струмица загубија од Чешка со убедливи 3:0 (по сетови 25:16, 25:15 и 25:16). Во првото коло, Македонија во петокот загуби од Естонија исто така во Струмица со 3:1. На другите натпревари одиграни вчера:  Романија – Азербејџан 3:0 …

Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига Read More »

Во руски напад погодено одморалиште и села во близина на Харков, загинаа 11 лица


Русија погоди одморалиште во близина на Харков и ги нападна околните села, при што загинаа најмалку 11 луѓе, а повеќе се повредени. Ракетните напади се најнови во серијата континуирани руски напади во последните недели врз регионот на вториот по големина град во Украина во североисточна Украина, каде руските сили започнаа офанзива. Украинскиот претседател Володимир Зеленски …

Во руски напад погодено одморалиште и села во близина на Харков, загинаа 11 лица Read More »

Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата


На експресен начин, со чисти 3:0 во победи во финалната серија со Партизан, екипата на Црвена ѕвезда дојде до трофејот во регионалната кошаркарска АБА лига. Во третиот натпревар одигран синоќа, „црвено-белите“ како гости славеа победа над градскиот ривал со 82:76. Најефикасни во победничкиот тим беа Лука Митровиќ и Рокас Гиедраитис со по 12 поени, кај …

Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата Read More »

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје


 Во организација на платформата „За тебе“ за првпат на 28 мај, во Скопје ќе гостува „Хрватски гитарски квартет“ во состав: Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Сариќ. Новооформената платформа „За тебе“, како што наведуваат организаторите, се залага во континуитет да промовира атрактивна, пред се, музичка културна содржина и меѓународни гостувања на светски и …

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје Read More »

Свечено врачување на наградата „Роман на годината“ на годинешниот лауреат Лидија Димковска


Во Драмскиот театар во Скопје вечерва во 19, 30 часот ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Годинашен лауреат е романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска. Одлуката за наградата, која се состои од плакета, оригинална …

Свечено врачување на наградата „Роман на годината“ на годинешниот лауреат Лидија Димковска Read More »

Шок за шампионите. Денвер Нагетс на Јокиќ се надвор од НБА плеј-офот


Кошаркарите на Денвер Нагетс се поразени на свој терен во седмиот натпревар од конференциското полуфинале на Западната конференција на НБА лигата од Минесота Тимбервулвс. Конечните 98:90 за гостинскиот тим значат и дека Никола Јокиќ и шампионите од минатата сезона се простија од плеј-офот. Минесота заостануваше со 15 поени на полувремето, заостануваше со 20 поени во …

Шок за шампионите. Денвер Нагетс на Јокиќ се надвор од НБА плеј-офот Read More »

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, …

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози Read More »