Активни повеќе пожари, најзагрижувачки е на планината Серта


Повеќе пожари сѐ уште се активни на територија на државава од кои најзагрижувачки е пожарот на планината Серта. Државата веќе четири дена е во кризна состојба, а воведена е и целосна забрана за движење во шумите од 6 до 20 часот. Во гаснењето вклучени се и воздухоплови од Турција, Србија, Хрватска, Црна Гора, а вчера …

Активни повеќе пожари, најзагрижувачки е на планината Серта Read More »

Во Парагвај запленети рекордни четири тони кокаин наменет за Европа


 Властите во Парагвај пријавија најголема заплена на дрога во земјата до сега, конфискувајќи над четири тони кокаин, јави ДПА. Парагвајските безбедносни сили ја откриле дрогата скриена во вреќи со шеќер во контејнер во пристаништето на главниот град Асунсион, на пат за Антверпен во Белгија, соопшти агенцијата за борба против дрога Сенад. Запленетиот кокаин се проценува …

Во Парагвај запленети рекордни четири тони кокаин наменет за Европа Read More »

10 години од уривањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ над Украина: Русија да ја прифати одговорноста, вели Борел


Денеска го одбележуваме споменот на 298-те невини луѓе, меѓу кои и 80 деца, од 17 националности, кои ги загубија животите при соборувањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ над територијата на Украина на 17 јули 2014 година, наведе високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во изјавата по повод 10-годишнината од уривањето …

10 години од уривањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ над Украина: Русија да ја прифати одговорноста, вели Борел Read More »

Поради активен пожар, кај Пепелиште прекин на сообраќајот во два правци


Поради активен пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања …

Поради активен пожар, кај Пепелиште прекин на сообраќајот во два правци Read More »

Каков ребалансот на буџетот „скрои“ Владата, детали се очекуваат во текот на денот


Владата вчера на седница расправаше за ребалансот на Буџетот, но повеќе детали се очекува да бидат објавени во текот на денешниот ден. Премиерот Христијан Мицкоски во централниот дневник на телевизија „Сител“ изјави дека Буџетот е во алармантна состојба и дека недостигаат пари за што истражните органи ќе имаат многу работа во следниот период. Пари за …

Каков ребалансот на буџетот „скрои“ Владата, детали се очекуваат во текот на денот Read More »

Изложба „Скопски урбани приказни 2024“ во ДЛУМ


Изложбата „Скопски урбани приказни 2024“ ќе биде отворена вечерва од 20:30 часот, во куќата на Друштвото на ликовни уметници. На изложбата, која е дел од „Скопско лето“, уметниците Ана Ивановска, Доротеј Нешковски, Шќипе Мехмети, Сашо Блажес, Марина Лешкова, Давор Кешкец и Сокол Марковски, преку различни медиуми и инакви перцепции ќе ги претставуваат своите толкувања за …

Изложба „Скопски урбани приказни 2024“ во ДЛУМ Read More »

Седмо издание на Фестивалот на нов европски филм во Охрид


 Во Охрид денеска започнува седмото издание на Фестивалот на нов европски филм – BEACH FILM FESTIVAL ОХРИД 2024 што ќе трае до 21 јули. Како што информираат организаторите, овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции, едукативни работилници и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа Плажа Славија, Брод Армада, Плажа Сараиште и …

Седмо издание на Фестивалот на нов европски филм во Охрид Read More »

Сончево и многу топло, температурата до 42 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови понекаде во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до …

Сончево и многу топло, температурата до 42 степени Read More »

ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто во 2024 година


Светската економија ќе порасне за 3,2 отсто во 2024 година и за 3,3 отсто во 2025 година, се вели во јулската светска економска перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објавена денеска. Прогнозата е непроменета во однос на претходниот извештај од април. – Економската активност покажа отпорност на почетокот на годината, што беше поддржано од силната …

ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто во 2024 година Read More »

Нетото богатство на Доналд Трамп по атентатот се зголеми за повеќе од милијарда долари


Личната нето вредност на поранешниот американски претседател Доналд Трамп драматично се зголеми во понеделникот, само неколку дена откако тој преживеа обид за атентат во Пенсилванија. Трамп додаде приближно 1,2 милијарди долари на своето нето богатство во понеделникот, што е зголемување од 21,8 отсто, според Форбс. Најголем дел од тоа зголемување е благодарение на инвеститорите кои …

Нетото богатство на Доналд Трамп по атентатот се зголеми за повеќе од милијарда долари Read More »

Мицкоски вели недостигаат пари во Буџетот, од СДСМ му порачуваат да не бара алиби


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва оцени дека состојбата со Буџетот е алармантна и дека недостигаат пари за што истражните органи ќе имаат многу работа во следниот период. Пари за ветеното зголемување на пензиите, вели дека ќе има. Од опсозициската СДСМ, пак, велат дека  ВМРО-ДПМНЕ од прв ден бара алиби за својата неспособност и му порачуваат на Мицкоски …

Мицкоски вели недостигаат пари во Буџетот, од СДСМ му порачуваат да не бара алиби Read More »

Западен Балкан има доволно планирани соларни и ветерни електрани за да се откаже од гасот


Западен Балкан има 23 гигавати (GW) потенцијален капацитет за соларна и ветерна енергија, од кои речиси половина е во Србија, а имплементацијата на овие проекти може да ги направи технолошките гасни централи непотребни во регионот, се вели во извештајот на Глобал енерџи монитор – ГЕМ). Србија има најголем потенцијален капацитет на соларни и ветерни електрани, …

Западен Балкан има доволно планирани соларни и ветерни електрани за да се откаже од гасот Read More »

Рекордно високи температури на морето во Хрватска


Температурите на морето долж јадранскиот брег достигнаа невидени нивоа, а вчера во Дубровник беше измерена највисоката температура на морето во Хрватска откако се достапни мерењата на ДХМЗ. Во Дубровник вчера температурата на морето во 17 часот изнесуваше 29,7 степени Целзиусови. Досега, апсолутната највисока температура на морето во Хрватска на станиците на ДХМЗ беше измерена на …

Рекордно високи температури на морето во Хрватска Read More »

Поништена постапката за системот за компромитиран воздух за операционите сали на хируршките клиники


 Поништена е постапката за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компромитиран воздух за операционите сали на хируршките клиники бидејќи не пристигнала ниту една понуда, информираа за МИА од Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ УК, завод и ургентен центар – Скопје. Станува збор за проблемот со компресорите во …

Поништена постапката за системот за компромитиран воздух за операционите сали на хируршките клиники Read More »

Како се регулираат криптовалутите ширум светот?


Од своето раѓање во 2008 година, криптовалутите се зголемија во популарност и станаа важен дел од глобалниот финансиски систем. Криптовалутите можат значително да ги променат финансиските структури какви што постојат денес и да ја трансформираат следната генерација на пари и плаќања. Сепак, овие промени доаѓаат со значителна загриженост за криптовалутите поради нивните потенцијални негативни влијанија …

Како се регулираат криптовалутите ширум светот? Read More »

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола


Пет авиони „Ер трактори“ и еден канадер се упатени кон Битола каде ќе интервенираат на пожарот што попладнево се активираше над обиколницата, информираа од Центарот за управување со кризи. Претходно, Општина Битола соопшти дека пожарот над Битола е повторно активен и дека на терен се противпожарните екипи кои работат на ставање на ситуацијата под контрола. …

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола Read More »

Почина проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ


На 84-годишна возраст денеска почина Кики Мангова Поњавиќ (1940 – 2024), редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Катедрата за финансово право и финансии. -Со нејзината смрт загубивме драга и почитувана колешка, која беше извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и истражувач и особено ценет експерт во областа на науката …

Почина проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ Read More »

Евростат: Во мај еврозоната забележа суфицит од 13,9 милијарди евра во стоковната трговија


Еврозоната во мај, според првите прелиминарни проценки, забележа суфицит од 13,9 милијарди евра во стоковната трговија со остатокот од светот, објави денеска Евростат. Еврозоната претходно забележа нешто поголем суфицит во април во износ од 14,2 милијарди евра, а сегашниот пад е пред се резултат на помалиот суфицит во трговијата со машини, возила и хемикалии. Вредноста …

Евростат: Во мај еврозоната забележа суфицит од 13,9 милијарди евра во стоковната трговија Read More »

Литиумот ги носи Шолц и Шефчович во Србија


Германскиот канцелар Олаф Шолц и потпретседателот на Европската комисија за енергетика, Марош Шефчович, доаѓаат во Србија на 19 јули каде ќе имаат средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, јави ТВ Н1. Темата на средбата е ископот на литиум. Новинарот на FAZ, Мајкл Мартенс, вчера на социјалната мрежа Х објави дека темата е литиумот за германската …

Литиумот ги носи Шолц и Шефчович во Србија Read More »

Саутгејт поднесе оставка


 Герет Саутгејт денес поднесе оставка од селекторската функција во англиската фудбалска репрезентација. Педесет и тригодишниот фудбалски стручњак реши да ја напушти функцијата по своја волја. Саутгејт беше селектор на Англија од септември 2016 година. Под негово водство Англичаните одиграа 102 натпревари, извојуваа 64 победи, 20 пати ремизираа и загубија на 18 средби. Покрај тоа, репрезентацијата …

Саутгејт поднесе оставка Read More »