Во Србија и министерот за градежништво и транспорт е позитивен на коронавирус


Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ е позитивен на коронавирусот. Министерот Весиќ ги откажа сите посети и средби што беа планирани за денеска и утре, како и присуство на продолжението на седницата на Парламентот на Република Србија. Весиќ е на домашно лекување, од каде преку платформи за видео состаноци ќе продолжи да …

Во Србија и министерот за градежништво и транспорт е позитивен на коронавирус Read More »

Шефот на израелската дипломатија го повика НАТО да ја исфрли Турција од Алијансата


 Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, го повика НАТО да ја исфрли Турција од Алијансата, по контроверзната изјава на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Во светло на опасната реторика на турскиот претседател Ердоган и заканата за напад на Израел, министерот за надворешни работи Израел Кац им нареди на дипломатите итно да контактираат со …

Шефот на израелската дипломатија го повика НАТО да ја исфрли Турција од Алијансата Read More »

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата


На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, но во раните утрински часови не се бележат подолги задржувања. Исто и на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива …

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата Read More »

Концерт на „Парусион“ вечер на Скопско лето


Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечер со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан ќе се одржи концерт на групата „Парусион“. „Парусион“ груп ансамбл е оформен 2003 година во Скопје во чиј состав се Михаил Парушев – тапани, Петар Христов – кларинет и саксофон, Ѓоко Грујовски – гитара, Јован Цветковиќ …

Концерт на „Парусион“ вечер на Скопско лето Read More »

Еден загинат во протестите во Венецуела


Најмалку едно лице загина синоќа во Венецуела додека безбедносните сили се обидуваа да ги разбијат протестите предизвикани од жестоко спорниот изборен резултат што му даде трет мандат на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, соопшти невладина организација. Венецуелските безбедносни сили употребија солзавец и гумени куршуми кон разбеснетите демонстранти кои ја оспоруваа победата на Мадуро. Илјадници луѓе ги …

Еден загинат во протестите во Венецуела Read More »

Прекинато водоснабдување на дел од корисниците во Карпош, Ново Маало и од село Никиштани


Прекин на водоснабдување денеска ќе имаат дел од корисниците во Карпош, од Ново Маало, општина Центар и од село Никиштани, општина Ѓорче Петров.  Како што информираа од ЈП Водовод и канализација –  Скопје пради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф 125 мм на ул. „Блажо Тодоровски“ бр 9 во Центар, денеска од 07:30 часот …

Прекинато водоснабдување на дел од корисниците во Карпош, Ново Маало и од село Никиштани Read More »

Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија во посета на Собранието


Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија, Касандра Фернандо, денеска ќе престојува во посета на Собранието на Република Северна Македонија. Како што е наведено на собранискиот сајт, таа ќе оствари средба со потпретседателката на Собранието Весна Бендевска. Фернандо, исто така ќе се сретне и со претседателот на пратеничката група на Собранието на Северна …

Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија во посета на Собранието Read More »

Трамп вели дека церемонијата на отворање на Олимпијадата била „срамота“


 Доналд Трамп ја нарече церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз „срамота“, откако нејзините креатори беа на удар на критики затоа што, како што некои рекоа, шоуто отишло предалеку. „Јас сум многу отворен ум, но мислев дека тоа што го направија е срамота“, изјави Трамп за Фокс њуз. Неговите коментари уследија по осудата од католичките …

Трамп вели дека церемонијата на отворање на Олимпијадата била „срамота“ Read More »

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, седница ќе одржи и Законодавно правната комисија


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија. На седницата на Комисијата за финансирање и буџет втор ден продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Вчера, на првиот ден од амадманската расправа не беше прифатен амандманот поднесен од СДСМ со кој се бараше да …

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, седница ќе одржи и Законодавно правната комисија Read More »

Сончево и топло со умерен до засилен северен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерен, а претежно долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. UV=9 Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе …

Сончево и топло со умерен до засилен северен ветер Read More »

Намален притисок во водоснабдување во дел од Карпош


 Поради уличен дефект утре намален притисок во водоснабдувањето ќе имаат жителите од улиците „Манапо“, „Карпошово Востание“, „Огражден“, „Струма“ и „Радика“ во општина Карпош. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Комисијата за финансирање на буџет не го усвои амандманот на СДСМ за зголемување на платите


Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва, во рамки на првиот ден од амандманската расправа за предложениот ребаланс на буџетот, не го усвои првиот амандман предложен од СДСМ, со кој опозициските пратеници бараат да се обезбедат 200 милиони евра за зголемување на платите и надоместоците, „согласно обврските од законската регулатива и потпишаните колективни договори“. Пратениците …

Комисијата за финансирање на буџет не го усвои амандманот на СДСМ за зголемување на платите Read More »

Во штипската касарна „Јане Сандански“ презентирани новите шест оклопни возила JLTV (фото)


Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска беа промовирани новите шест лесни оклопни возила JLTV, а на презентацијата присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, министерот за одбрана Владо Мисајловски, заменик министерот за одбрана Елфет Исмаили и генерали од Армијата. Министерот за одбрана …

Во штипската касарна „Јане Сандански“ презентирани новите шест оклопни возила JLTV (фото) Read More »

Мицкоски не сака пругата кон Бугарија да биде второ Клепало, проблемот бил инженерски, не политички


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Бугарија за внатрешно – политички потреби ја политизира најавата на Владата за пренамената на средствата за изградбата на пругатата кон Бугарија, а која се темели, вели, на чисто инженерски проблем, бидејќи од бугарска страна не постои јасен проект. Алудирајќи на граничниот премин Клепало, кој речиси три децении е изграден оа …

Мицкоски не сака пругата кон Бугарија да биде второ Клепало, проблемот бил инженерски, не политички Read More »

Шпанија поддржа изградба на речиси 300 проекти за обновлива енергија за 17 милијарди евра


Шпанската влада денеска поддржа изградба на околу 300 проекти во областа на обновливите извори на енергија за речиси 17 милијарди евра за да ги исполни своите амбициозни еколошки цели. Најголем дел од инвестициите ќе бидат насочени кон изградба на фотоволтаични централи, но и кон изградба на повеќе од 40 ветерни електрани и една хидроелектрана. Шпанија …

Шпанија поддржа изградба на речиси 300 проекти за обновлива енергија за 17 милијарди евра Read More »

Пожар во најголемата хемиска фабрика во Германија, има повредени


Во хемиската рафинерија на компанијата БАСФ во Лудвигсхафен, најголемата хемиска фабрика во Германија, во понеделникот се случи експлозија и пожар при што беа повредени 14 лица. „Во една фабрика во јужниот дел на централата дошло до експлозија проследена со пожар“, соопшти прес-службата на БАСФ. Во исто време беше соопштено дека се бара причината за експлозијата. …

Пожар во најголемата хемиска фабрика во Германија, има повредени Read More »

Одбиени четири амандмани на опозицијата за предлог на закон за изменување на Законот за здравствена заштита


Собраниската Комисија за здравство денеска отфрли четири амандмани на опозицијата за предлогот на закон за изменување на Законот за здравствената заштита, на расправата за организационите директори, познати и како економски, во медицинските установи во државата. Поддржувачите на законските измени беа за менување на законот, укинување на организационите директори со што ќе се централизира одговорноста и …

Одбиени четири амандмани на опозицијата за предлог на закон за изменување на Законот за здравствена заштита Read More »

Николоски и Пандов разговарале за изградба на нови простории во КПД Идризово


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции. На средбата се разговараше за отпочнување на постапката за изградба на нови простории во КПД Идризово, соопштија од Министерството за транспорт. Проектот предвидува изградба на нов објект затворско одделение за мажи, ново …

Николоски и Пандов разговарале за изградба на нови простории во КПД Идризово Read More »

На Комисијата за финансирање и буџет одбиен амандман за зголемување на платите


Комисијата за финансирање и буџет денеска во Собранието на Република Северна Македонија ја почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот откако во саботата заврши општата расправа која траеше три дена.  Од поднесените 58 амандмани денеска претпладне Комисијата не го прифати амандманот поднесен од повеќе пратеници од Социјалдемократскиот сојуз со кој се бараше зголемување на средствата …

На Комисијата за финансирање и буџет одбиен амандман за зголемување на платите Read More »

Почина Роберто Лингуаното, италијанскиот слаткар кој го измисли тирамисуто


Роберто Лоли Лингуаното, италијанскиот слаткар за кој се верува дека го измислил иконскиот десерт тирамису, почина во неделата на 81-годишна возраст, пишува Дејли мејл. Лингуаното почина во Италија по долга борба со болеста. Името на Лоли засекогаш ќе се поврзува со десертот со вкус на кафе. Познатиот слаткар создал тирамису на почетокот на 1970-тите, додека …

Почина Роберто Лингуаното, италијанскиот слаткар кој го измисли тирамисуто Read More »