Етиката и вештачката интелигенција: Предавање на проф. д-р Најџел Крук од Универзитетот Оксфорд Брукс во МАНУ


 Во Македонската академија на науките и уметностите денеска напладне предавање ќе одржи проф. д-р Најџел Крук од Универзитетот Оксфорд Брукс, на тема за етиката и вештачката интелигенција: „Moral machines: a virtue ethics approach to eАcal robot behaviour?“ Предавањето е во организација на Одделението за природно-математички и биотехнички науки на МАНУ во соработка со Балканскиот институт …

Етиката и вештачката интелигенција: Предавање на проф. д-р Најџел Крук од Универзитетот Оксфорд Брукс во МАНУ Read More »

Белата куќа: Маск ќе го напушти ДОГЕ кога ќе ја заврши работата, кон крајот на пролетта


Белата куќа синоќа објави дека Илон Маск ќе ја напушти функцијата во Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) како што е планирано подоцна оваа пролет, кога „неговата неверојатна работа“ ќе биде завршена. -Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп јавно кажаа дека Илон ќе ја напушти јавната служба како посебно вработен во американската влада кога ќе …

Белата куќа: Маск ќе го напушти ДОГЕ кога ќе ја заврши работата, кон крајот на пролетта Read More »

Нафтата останува надвор од опсегот на новите царини на Трамп


Увозот на нафта, гас и рафинирани производи не е на листата со огромните нови царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа. Исклучокот ќе ја намали загриженоста на американската преработувачка индустрија, која изрази загриженост за новите царини дека тие би можеле да доведат до прекини во снабдувањето и да ги зголемат цените …

Нафтата останува надвор од опсегот на новите царини на Трамп Read More »

Јавна дебата по повод Неделата на пешаците


На Факултетот за безбедност во Скопје денеска ќе се одржи јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“,  по повод Неделата на пешаците. Дебатата ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност. Најавено е учество на експерти од областа …

Јавна дебата по повод Неделата на пешаците Read More »

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите


Во Собранието денеска е закажана 41. седница, на која ќе и претходат опозициски прашања, инструмент којшто почна со примена на новиот Деловник што се совпадна со мандатот на актеулните пратеници. Во првите два часа пратениците од опозицијата ќе им поставуваат прашања на премиерот, на министрите и други именувани и избрани лица.  На дневен ред на …

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите Read More »

Анкета Ројтерс/Ипсос: Рејтингот на Трамп падна на 43 отсто, најниско ниво откако се врати на власт


Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на 43 проценти, најниско ниво откако тој се врати на власт. Американците се незадоволни од неговата царинска политика и од активностите на владата околу воените напади во Јемен, покажува истражувањето на Ројтерс/Ипсос. Тридневното истражување, кое заврши вчера, покажува пад за четири поени од рејтингот од 47 отсто измерен …

Анкета Ројтерс/Ипсос: Рејтингот на Трамп падна на 43 отсто, најниско ниво откако се врати на власт Read More »

Ланге: „Денот на ослободувањето“ на Трамп за обичниот граѓанин е „Ден на инфлацијата“


Неоправданите, незаконски и непропорционални мерки можат само да доведат до понатамошна ескалација на царините и надолна економска спирала за САД и светот во целина, оцени претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге во реакција на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на „реципрочни царини“ на увозот на стоки од …

Ланге: „Денот на ослободувањето“ на Трамп за обичниот граѓанин е „Ден на инфлацијата“ Read More »

Муцунски учествува на средба на министрите за одбрана на НАТО – главни теми: колективната одбрана, Украина и зајакнувањето на партнерствата


 Приоритетните безбедносни предизвици, поддршката и перспективите за Украина, зајакнувањето на партнерствата и одбранбените капацитети и подготовките за јунскиот Самит на НАТО во Хаг, ќе бидат главни теми на дводневната средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата што започнува денеска во Брисел и на која ќе учествува и министерот за надворешни работи и …

Муцунски учествува на средба на министрите за одбрана на НАТО – главни теми: колективната одбрана, Украина и зајакнувањето на партнерствата Read More »

Без вода дел од Карпош


Поради уличен дефект на водоводната мрежа на крстосницата на улиците „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на овие две улици, како и на улиците „Софиска“, „Његошева“, „Гаврил Лесновски“ и „Петар Драганов“ во општина Карпош. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санакција на дефелтот, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно …

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи Read More »

Трамп воведува царини од 20 отсто за увоз од ЕУ, 25 отсто за автомобили произведени надвор од САД


Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку го изложува неговиот план за воведување царини на сите производи што се увезуваат во САД. Тој држеше голема табела со наслов „Реципрочни тарифи“, на која се прикажани новите царини што САД ги воведуваат против одделни земји, како и оние што тие земји веќе ги наметнуваат на Америка. Како што е …

Трамп воведува царини од 20 отсто за увоз од ЕУ, 25 отсто за автомобили произведени надвор од САД Read More »

Цел свет во очекување на одлуката на Трамп за царините


Доналд Трамп на претставувањето на новите тарифи би можел да најави формирање на сервис кој ќе собира приходи од целиот свет. Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да најави формирање на таканаречената „Служба за надворешни приходи“ која треба да ги собира приходите од царина од целиот свет. Трамп, исто така, планира да воведе царини за евтини …

Цел свет во очекување на одлуката на Трамп за царините Read More »

Имотно-правните пречки ги кочат енергетските проекти – Министерството за енергетика бара итни решенија


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, иницираше состанок со сите релевантни институции за надминување на административните пречки што го кочат спроведувањето на значајни енергетски проекти. На состанокот присуствуваа претставници од АД МЕПСО, Агенцијата за катастар на недвижности, Управата за имотно-правни работи и Министерството за транспорт и врски. Главниот предизвик што го попречува …

Имотно-правните пречки ги кочат енергетските проекти – Министерството за енергетика бара итни решенија Read More »

Студенти од Србија тргнуваат утре со велосипеди кон Стразбур да го свртат вниманието на европски претставници


Осумдесет студенти и членови на академска заедница во Србија тргнуваат утре од кампусот на Универзитетот во Нови Сад до седиштето на Советот на Европа во Стразбур, во обид да го свртат вниманието на европските претставници на студентските барања и актуелната ситуација во државата, јави дописникот на МИА од Белград.  Најголем дел од нив се студенти, …

Студенти од Србија тргнуваат утре со велосипеди кон Стразбур да го свртат вниманието на европски претставници Read More »

Телеком Србија ги превзема НЕТ ТВ и Тотал ТВ


Телеком Србија денеска ги презеде Нет ТВ Плус, која емитува програма за пазарот на дијаспората, како и сателитската телевизија Тотал ТВ во Србија и Северна Македонија од Јунајтед Груп. Извршниот директор на Телеком Србија Владимир Лучиќ рече дека компанијата со тоа ја потврди својата водечка позиција во дистрибуцијата на мултимедијални содржини како во Србија и …

Телеком Србија ги превзема НЕТ ТВ и Тотал ТВ Read More »

Во пресрет на царините на Трамп, „Фолксваген“ и „БМВ“ со значителен раст на продажбата во САД


Германските производители на автомобили, „Фолксваген“ и „БМВ“, објавија значителен раст на продажбата во САД, само неколку часа пред американскиот претседател Доналд Трамп да воведе нови царини за стоки од Европската Унија, јави ДПА. „Фолксваген“ денеска соопшти дека продажбата во првиот квартал од годината пораснала за 7,1 отсто, достигнувајќи 87.915 возила, благодарение на силната побарувачка за …

Во пресрет на царините на Трамп, „Фолксваген“ и „БМВ“ со значителен раст на продажбата во САД Read More »

За Владата не е проблем да ги „спушти“ платите, но тоа немало да им го реши проблемот на работниците


Проблемот на работниците може да се реши системски и со вистински пристап, велат од Владата откако денеска раководството на Сојузот на синдикати на Македонија побара зголемување на минималната плата на 500 евра или избраните и именуваните лица да земат минимална плата.  – Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се …

За Владата не е проблем да ги „спушти“ платите, но тоа немало да им го реши проблемот на работниците Read More »

Индустрија тапка во место: Производството во првите два месеца со раст од 0,2 отсто


Индустриското производство во февруари годинава во однос на февруари минатата година бележи пад од 0,8 проценти, а пораст од 0,2 проценти во првите два месеца од годинава во однос на истиот период од 2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари …

Индустрија тапка во место: Производството во првите два месеца со раст од 0,2 отсто Read More »

Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет


Царините што Доналд Трамп ќе ги воведе ќе имаат негативни последици ширум светот, предупреди претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард. Лагард рече дека обемот на штетата ќе зависи од тоа колку ќе бидат обемни царините, колку долго ќе траат и дали ќе доведат до успешни преговори. – Да не заборавиме дека ескалацијата на царините, …

Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет Read More »

ССМ „изгласа“ минималец за функционерите, бара достоинствени примања за работниците


Сојузот на синдикати на Македонија, денеска од улица побара од пратениците во Собранието, од работодавачите во Стопанската комора, и пред се од Владата, да ја зголемат минималната плата на 500 евра, а останатите плати за 100 евра, а доколку тоа не биде направено, не ја исклучија можноста за генерален штрајк и протести. Со многу симболика …

ССМ „изгласа“ минималец за функционерите, бара достоинствени примања за работниците Read More »