Рано е за отворање на аеродромите, вели Сугарески


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека се уште е рано да се донесе одлука за отворање на аеродромите. -На оваа тема се разговара, но се уште е рано да се донесе одлука, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на пелагонискиот регион. Сугарески повтори дека ТАВ, концесионерот на аеродромите во …

Рано е за отворање на аеродромите, вели Сугарески Read More »

Грција ќе ги тестира туристите по случаен избор


Планот на владата за туризмот не се менува, веројатно во четврток Министерството за здравство и Генералниот секретаријат за цивилна заштита ќе излезат со соопштенија за тестовите – колку, кога, каде, како ќе се прават, како и за зајакнување на здравствените структури во земјата, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со …

Грција ќе ги тестира туристите по случаен избор Read More »

РКЕ ќе побара Електродистрибуција да ги замени постоечките со броила со далечинско отчитување


До Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) последниве денови пристигнуваат по 30-тина барања од граѓаните за корегирање на високите сметки од ЕВН, потврди денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и најави дека ќе направат притисок постоечките броила да бидат заменети со броила со далечинско отчитување за во иднина да нема проблеми со фактурите за потрошена електрична …

РКЕ ќе побара Електродистрибуција да ги замени постоечките со броила со далечинско отчитување Read More »

Бислимовски: Со постојани инвестиции стабилен енергетски сектор и во пандемија


Отпорноста на енергетскиот пазар во време на пандемија, хармонизирањето на европската регулатива со законите од земјите членки на Енергетската заедница, интеграцијата на енергетските пазари на големо, се дел од темите на кои се дискутираше на 45. состанок на Одборот на регулатори на енергетската заедница (ECRB) со кој претседаваше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) …

Бислимовски: Со постојани инвестиции стабилен енергетски сектор и во пандемија Read More »

Платежните картички ќе се издаваат до 18 јули, а ќе се користат до 15 август


Платежните картички ќе се користат до 15 август годинава, наместо до 31 јули како што до сега беше предвидено, се вели во Уредбата што ја донесе Владата на вчерашната седница. Истовремено, наместо до 3 јули, тие ќе се издаваат до 18 јули. Оваа измена веќе е објавена во „Службен весник“ и е стапена во сила. …

Платежните картички ќе се издаваат до 18 јули, а ќе се користат до 15 август Read More »

Угостителите бараат протоколи за работа на хотелите и отворање на авто-камповите


Претставниците од туристичко-угостителскиот сектор денес на средба со министерот за економија Крешник Бектеши истакнале дека во моментов е неопходно да се донесат протоколи за работа на хотелите, за што Министерството за економија ќе ги достави препораките од Европската комисија до Комисијата за заразни болести за носење на истите. Како што се вели во соопштението до …

Угостителите бараат протоколи за работа на хотелите и отворање на авто-камповите Read More »

Германскиот извоз во април со најголем пад во последните 70 години


Германската трговија опадна значително во април под влијание на пандемијата на коронавирус, а извозот на најголемата економија во Европа падна со највисока стапка за последните 70 години, покажаа податоците на германската канцеларија за статистика Дестатис, објавени денеска. Извозот падна за повеќе од 24 проценти на месечно ниво, а увозот за 16,5 проценти, наведува Дестатис. На …

Германскиот извоз во април со најголем пад во последните 70 години Read More »

„Дојче веле“: „Лидл“ не планира да се шири во Северна Македонија


Познатиот германски синџир на маркети „Лидл“, сепаак, не планира да отвори продавница во Македонија, ниту за сега има такви планови. Од прес-центарот на „Лидл“ за „Дојче веле“ објаснуваат дека засега немаат планови за ширење на бизнисот во земјата. „Лидл постојано ги анализира можностите за експанзија. Но во моментов нема никакви планови за влез на пазарот …

„Дојче веле“: „Лидл“ не планира да се шири во Северна Македонија Read More »

Франција со 15 милијарди евра ќе го спасува авио-секторот


Француската Влада ќе обезбеди 15 милијарди евра (16,9 милијарди американски долари) за поддршка на авио-индустрија во земјата, која е погодена од ограничувањата за патување наметнати заради пандемијата на коронавирусот. Тоа го изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер. – Прогласуваме вонредна состојба за да ја спасиме нашата индустрија за воздушна пловидба за да може …

Франција со 15 милијарди евра ќе го спасува авио-секторот Read More »

САД влегоа во рецесија по најдолгата економска експанзија во историјата на земјата


Американската економија е во рецесија, соопшти Националното биро за економски истражувања (НБЕР), кое го означи крајот на најдолгата економска експанзија во историјата на САД. Како што објаснува финансиската веб-страница Market Watch, НБЕР е приватна истражувачка група предводена од главните економисти на земјата и одамна се смета за официјален арбитер за проценка кога започнуваат и завршуваат …

САД влегоа во рецесија по најдолгата економска експанзија во историјата на земјата Read More »

До август во САД од Ковид-19 може да починат 145.000 луѓе, проценува Универзитетот во Вашингтон:


Истражувачи од Универзитетот во Вашингтон проценија дека 145.728 луѓе би можеле да ги загубат животите од новиот коронавирус во САД до август, со што ја зголемија прогнозата за повеќе од 5.000 смртни случаи за само неколку дена. Новата проценка е од вчера, на денот кога Тексас пријави најголем број хоспитализирани досега и кога 22 американски …

До август во САД од Ковид-19 може да починат 145.000 луѓе, проценува Универзитетот во Вашингтон: Read More »

На унгарско-српската граница откриен тунел за илегален влез на мигранти


Унгарската полиција во текот на викендот открила тунел под жичаната ограда на унгарско-српската граница, и во неколку акции спречила илегален премин на повеќе од 300 мигранти, јави Радио Телевизија Србија (РТС). Тунелот, кој е долг 24 метри, бил откриен во соработка со српската армија во близина на унгарскиот град Морахал и се верува дека бил …

На унгарско-српската граница откриен тунел за илегален влез на мигранти Read More »

СЗО: Асимптоматските случаи ретко го шират новиот коронавирус


Луѓето кои немаат симптоми на новиот коронавирус ретко ја шират инфекцијата, изјави епидемиологот на Светската здравствена организација, Марија Ван Керх. – Врз основа на податоците што ги имаме, се чини дека ретко лице без симптоми го пренесува (вирусот) на друго лице, нагласи таа. Ван Керх истакна дека СЗО добива извештаи од држави, што детално ги …

СЗО: Асимптоматските случаи ретко го шират новиот коронавирус Read More »

Светска банка: Најголем глобален пад во економијата од Втората светска војна


Пандемијата на коронавирусот и мерките преземени од страна на државите со цел сузбивање, ќе доведат на крајот на 2020 година до најголем пад на светската економија од Втората светска војна, нагласува Светската банка во најновиот извештај. Според прогнозите на Светската банка, глобалниот раст ќе падне за 5,2 проценти оваа година, што би било најдлабока рецесија …

Светска банка: Најголем глобален пад во економијата од Втората светска војна Read More »

САД и Русија договорија преговори за контрола на оружјето


СAД  и Русија постигнаа договор да почнат разговори за контрола на оружјето овој месец, бидејќи единствениот важечки договор меѓу двете најголеми нуклеарни сили истекува за помалку од една година. Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за контрола на оружјето, Маршал Билингслеа, изјави дека постигнал договор со рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков …

САД и Русија договорија преговори за контрола на оружјето Read More »

Вонредната состојба истекува в сабота, од евентуалното продолжување зависи и датумот за изборите


Вонредната состојба, четврта по ред, истекува во сабота на 14 јуни. Дали Владата ќе побара продолжување треба да се знае до петок. Од тоа дали вонредната сотојба ќе биде продолжена или не, како и од развојот на ширењето на коронавирусот, според вицепремиерот Бујар Османи, ќе зависи и датумот за одржување на превремените парламентарни избори. -До …

Вонредната состојба истекува в сабота, од евентуалното продолжување зависи и датумот за изборите Read More »

Претпладне сончево до умерено облачно, попладне нестабилно со дожд


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 22 до 30 степени. Во Скопје, …

Претпладне сончево до умерено облачно, попладне нестабилно со дожд Read More »

Повеќе од половина од тестираните за Ковид-19 во Бергамо имаат антитела


Повеќе од половина од жителите на северниот италијански град Бергамо развиле антитела против Ковид-19, соопштија здравствените власти, повикувајќи се на податоци од една студија. Од 9.965 локални жители кои преку крв биле тестирани меѓу 23 април и 3 јуни, 57 проценти имаат антитела, што значи дека биле во контакт со коронавирусот. Градските здравствени власти соопштија …

Повеќе од половина од тестираните за Ковид-19 во Бергамо имаат антитела Read More »

Ромни маршираше на протестот против расната дискриминација во Вашингтон


Мит Ромни, републикански сенатор од Јута, вчера се појави на демонстрациите во Вашингтон против полициската бруталност и убиството на Афроамерикенцот Џорџ Флојд од Минесота. Ромни е првиот републикански сенатор кој се појави на протестите и го поддржа движењето „Црните животи имаат важност“. Сенаторот сподели твит фотографија како маршира со толпата со наслов Black Lives Matter. Тој …

Ромни маршираше на протестот против расната дискриминација во Вашингтон Read More »

СЗО: Ситуацијата со коронавирусот глобално се влошува, иако во Европа е подобра


Ситуацијата со коронавирусот во светот се влошува, иако се подобрува во Европа, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус. Според податоците на СЗО, бројот на заразени лица во светот надмина седум милиони, додека досега умреа речиси 400.000 лица. Гебрејсус предупреди дека во последните денови се пријавуваа по повеќе од 100.000 нови …

СЗО: Ситуацијата со коронавирусот глобално се влошува, иако во Европа е подобра Read More »