Швајцарија потроши 90 милијарди франци за да ја ослаби домашната валута


Швајцарската централна банка (СНБ) во првите шест месеци од годинава потрошила рекордни 90 милијарди франци (83,3 милијарди евра) за интервенции на берзите, со цел да го забави јакнењето на домашната валута во време на пандемијата на Ковид-19, покажуваат податоците на Банката. Износот ги надминува и вкупните интервенции на СНБ на девизните пазари во претходните три …

Швајцарија потроши 90 милијарди франци за да ја ослаби домашната валута Read More »

Околу 1.500 учесници в недела ќе трчаат на Виз Ер Скопски маратон


Низ улиците на македонската престолнина в недела, на 4 октомври, по 16. пат ќе се одржи Виз Ер Скопски маратон. Директорот на трката, Кире Синадиновски на денешната прес-конференција кажа дека околу 1.500 тркачи ќе учествуваат во трите дисциплини. „Беше неизвесно дали ќе се одржи маратонот, но се големи напори успеавме да се подготвиме. Воведовме специјални …

Околу 1.500 учесници в недела ќе трчаат на Виз Ер Скопски маратон Read More »

Ангеловска-Бежоска: Монетарните мерки придонесуваат за солиден раст на кредитната поддршка


Мошне важно е што преку досегашните мерки на Народната банка во текот на ковид-кризата се спречи намалување на кредитната поддршка, со цел и да се помогне на реалната економија, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за емисијата „Актуелно“ на Македонското радио. „Во услови на криза, еден од очекуваните ефекти е намалување на …

Ангеловска-Бежоска: Монетарните мерки придонесуваат за солиден раст на кредитната поддршка Read More »

Евростат: Стапката на невработеност во еврозоната во август 8,1 отсто


Стапката на невработеност во еврозоната продолжи да расте во август, петти месец по ред, достигнувајќи ниво од 8,1 процент според сезонски прилагодените податоци, објави денеска Заводот за статистика на ЕУ, Евростат. Истиот тренд е забележан во 27-члената Европска унија, каде невработеноста се зголеми на 7,4 проценти во август. Според европските статистичари, 15,60 милиони мажи и …

Евростат: Стапката на невработеност во еврозоната во август 8,1 отсто Read More »

Средба Бесими – Сера: Шпански компании заинтересирани да влезат во изградба на Коридорот 8


Актуелната здравствено-економска криза којашто го зафати целиот свет, вклучувајќи ги и Република Северна Македонија и Шпанија, наметнува активно следење на ситуацијата и навремени реакции од страна на владите. Во првата половина од годинава, пандемијата имаше поголемо негативно влијание отколку што се очекуваше, а закрепнувањето се предвидува да биде постепено. Со цел да се ублажи ударот …

Средба Бесими – Сера: Шпански компании заинтересирани да влезат во изградба на Коридорот 8 Read More »

Macedonian Manufacturing Expo 2020 ќе се одржи од 24 до 26 ноември


Годинава настанот Macedonian Manufacturing Expo ќе се одржи од 24 до 26 ноември 2020 година, соопшти во Утринската телеграма Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. Четвртото издание на Macedonian Manufacturing Expo, поради актуелната состојба и последиците од глобалната криза која ја предизвика корона вирусот ќе се одржи во дигитална форма. …

Macedonian Manufacturing Expo 2020 ќе се одржи од 24 до 26 ноември Read More »

Заев: Мицкоски разговара за да не се договора


Пакетот на антикризни мерки е за добробит на граѓаните, да ги спасиме економија, стандардот и за заштита на честа на родителот пред детето, за тоа се работи. Не е се за критика, нешто е за поддршка, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Стар во врска со обвинувањата на опозицијата за четвртиот пакет мерки …

Заев: Мицкоски разговара за да не се договора Read More »

Нејмар должи 34,6 милиони евра на даночните власти


Нејмар должи 34,6 милиони евра данок во Шпанија, пресудија локалните власти. Поранешниот фудбалер на Барселона има најголеми долгови на списокот објавен денес и вклучува физички лица или компании со најмалку 1 милион евра за плаќање. Напаѓачот на Пари Сен Жермен играше за Барса од 2013 до 2017 година. Износот објавен од шпанските власти е оној …

Нејмар должи 34,6 милиони евра на даночните власти Read More »

Чешка од понеделник воведува вонредна состојба


Чешката Влада прогласи вонредна состојба, која стапува во сила од понеделник, и воведе мерки кои вклучуваат ограничување на собири и забрана за мјузикли и опери во борбата против новиот бран на коронавирусот. Државата, во која живеат 10,7 милиони жители, овој месец забележа повеќе од 43.000 заразени случаи со Ковид-19 и пораст на бројот на починати …

Чешка од понеделник воведува вонредна состојба Read More »

На крајот на вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесувал 2.953 милиони евра


На крајот на вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесува 2.953 милиони евра (или 27 проценти од БДП), што претставува зголемување за 39 милиони евра, покажуваат податоците што ги објави денеска Народната банка. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг во износ од 63 проценти. Во однос на …

На крајот на вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесувал 2.953 милиони евра Read More »

„Џи-Пи Морган Чејс“ ќе плати 920 милиони долари заради берзански манипулации  


Три американски регулатори синоќа истовремено објавија за постигнат договор со „Џи-Пи Морган Чејс“ (JPMorgan Chase) за запирање на криминалната истрага во однос на оваа банка во замена за исплата на казна во вредност од 920 милиони долари. Банката беше под истрага за манипулации со берзански тргувања на скапоцени метали како златo, сребро, платина и паладиум.   Во соопштение …

„Џи-Пи Морган Чејс“ ќе плати 920 милиони долари заради берзански манипулации   Read More »

Просечната цена на струјата во првото полугодие била за 1,4 отсто пониска, пресмета Статистика


Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од годинава изнесува 4,789 денари по киловат час, што претставува пад од 1,4 отсто во споредба со второто полугодие од 2019 година. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен …

Просечната цена на струјата во првото полугодие била за 1,4 отсто пониска, пресмета Статистика Read More »

МААЕ во нова инспекција во Иран – испитува на сомнителни локации


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) изврши увид во втората од двете сомнителни поранешни тајни нуклеарни локации во Иран, согласно договорт постигнат со Техеран минатиот месец, со што се стави крај на застојот во инспекциите. „Како дел од договорот со Иран за решавање на прашањата за примена на заштитни мерки наметнати од МААЕ, Агенцијата спроведе …

МААЕ во нова инспекција во Иран – испитува на сомнителни локации Read More »

Средба на Димитров со Јан Хекер: Реафирмирани напорите на Германија за заокружување на Преговарачката рамка


Во рамките на агендата од првиот ден во Берлин, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров имаше средба со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел на која беа реафирмирани напорите на Германија за заокружување на Преговарачката рамка. – Одржувањето на првата Меѓувладина конференција за време …

Средба на Димитров со Јан Хекер: Реафирмирани напорите на Германија за заокружување на Преговарачката рамка Read More »

Владата ќе ја преиспита одлуката за прекин на флексибилното работно време


Премиерот Зоран Заев, после извршени консултации, одлучи да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација усвоена на 7-та седница на Владата. – Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното …

Владата ќе ја преиспита одлуката за прекин на флексибилното работно време Read More »

ССМ бара работодавачите да ја исполнат обврската и да исплатат К-15


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги потсетува работодавачите дека до крајот на годината треба да ја исполнат законската обврска и на работниците да им исплатат К-15. – Исплатата на регресот за годишен одмор е уредена со колективните договори, а колективните договори според Уставот на државата имаат еднаква правна важност како и законите. Важењето на …

ССМ бара работодавачите да ја исполнат обврската и да исплатат К-15 Read More »

Битиќи го претстави четвртиот сет мерки пред Стопанската комора на северозападна Македонија


Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска одржа работен состанок со претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа и претставници на компаниите членки на Комората, на кои им го презентираше четвртиот сет на мерки за справување со социо-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19. Од …

Битиќи го претстави четвртиот сет мерки пред Стопанската комора на северозападна Македонија Read More »

За осум месеци бројот на вработени во индустријата помал за 4,7 отсто


За 4,7 проценти е намален бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ август 2020 година во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, додека во август 2020 година во споредба со август 2019 бележи пад од 5,1 отсто. Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и …

За осум месеци бројот на вработени во индустријата помал за 4,7 отсто Read More »

Шахпаска на средба со ССНМ: потребна е поголема социјална и економска сигурност за новинарите


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) со кои разговараше за потребата од поголема социјална и економска сигурност на новинарите и медиумските работници и унапредување на нивните работничките права. Од страна на претставниците на ССНМ биле посочени предизвиците со кои …

Шахпаска на средба со ССНМ: потребна е поголема социјална и економска сигурност за новинарите Read More »

Серена Вилијамс се повлече од Ролан Гарос


Поранешната светска тенисерка број еден, Серена Вилијамс се повлече од „Ролан Гарос“ пред мечот од второто коло против Цветана Пиронкова. Причината за напуштање на францускиот Грен слем, е повреда на Ахиловата тетива здобиена на УС Опен. Според Американката, тешко и е да оди, а за закрепнување ќе бидат потребни две недели целосен одмор и 4-6 …

Серена Вилијамс се повлече од Ролан Гарос Read More »