Петтиот пакет мерки ќе биде донесен во почетокот на февруари, вели Заев


По Божиќните празници ќе почне дијалогот со синдикатите, коморите, граѓанските организации, акадeмската јавност и сите останати учесници, за да се димензионираат наредните пакети за помагање на стопанството и граѓаните, рече денес на прес конференција премиерот Зоран Заев. Тој рече дека претстојниот празничен викенд е оставен за да се согледаат сите аспекти на здравствената криза, самите …

Петтиот пакет мерки ќе биде донесен во почетокот на февруари, вели Заев Read More »

ИХФ: Начевски и Николов ќе судат на ракометниот Мундијал во Египет


Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) вечерва ја објави листата на арбитри, кои ќе ја делат правдата на претстојното Светско првенство во Египет, на која се најдоа и македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Начевски и Николов се меѓу 19-те судиски тандеми, кои ИХФ ги избра за ракометниот Мундијал што од 13 до 31 јануари ќе …

ИХФ: Начевски и Николов ќе судат на ракометниот Мундијал во Египет Read More »

Тутунарите се откажуваат од протести, иако не се задоволни и од Владата и од проценката на тутунот


Нема решение за проблемот со тутунот. Ќе продолжиме да го носиме на вагите, но и натаму не се согласуваме дека треба само да се предаде, зашто многу е важно по која цена ќе се откупи, изјави за МИА Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари по денешната средба со министерот за земјоделство, шумарство и …

Тутунарите се откажуваат од протести, иако не се задоволни и од Владата и од проценката на тутунот Read More »

Едни на протест, други пред пунктовите – откупот на тутунот продолжува, просечната цена 166,8 денари


Откупот на тутунот продолжува, отворени се сите пунктови и има интерес за носење на родот, велат од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Ова го потврдува и Државниот инспекторат за земјоделство. -Тутунот се откупува на сите откупни пунктови. Тутунарите сакаат да го предадат родот, зашто времето им истекува. Ги повикуваме фирмите да ја зголемат динамиката …

Едни на протест, други пред пунктовите – откупот на тутунот продолжува, просечната цена 166,8 денари Read More »

Фајненшал Тајмс: Сопственикот на Алибаба го нема во јавност по критиките на кинеската власт


Кинескиот милијардер и сопственик на „Алибаба“, Џек Ма не е присутен во јавност повеќе од два месеца, па медиумите шпекулираат дека „исчезнал“ откако во октомври упати критики до кинеската власт и побара реформа на системот, пишува Фајненшал Тајмс. Џек Ма не се појави ниту во последната епизода на сопствената шоу програма „Африкански деловни херои“, во …

Фајненшал Тајмс: Сопственикот на Алибаба го нема во јавност по критиките на кинеската власт Read More »

(Фото) Тутунарите и лозарите протестираа пред Владата, гневни се на ниските откупни цени


Тутунарите ги остварија најавите и денеска протестираа пред Владата поради ниските откупни цени за тутунот и определувањето на класите при откупот. На нив им се придружија и лозарите, кои, како што велат, се незадоволни заради нереализираните ветувања за годинашнава реколта.  Проблемите со годинашниов откуп на тутунот ескалираа уште на самиот старт на откупната кампања, кога …

(Фото) Тутунарите и лозарите протестираа пред Владата, гневни се на ниските откупни цени Read More »

Претседателката на ССК, Данела Арсовска нов почесен конзул на Унгарија


Владата на седница одржана на 29 декември минатата година донесе одлука за отворање Почесен конзулат на Република Унгарија во Штип, а Данела Арсовска е нов почесен конзул. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука, која стапи во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник односно од 30 …

Претседателката на ССК, Данела Арсовска нов почесен конзул на Унгарија Read More »

„Еуромакс рисорсис“ објаснува кои се бугарските фирми акционери, апелира политичарите да не манипулираат


„Еуромакс рисоурсис“ денес апелираше политичарите да не ја користат компанијата во меѓупартиски пресметки и манипулации со полувистини и шпекулации. Во реакцијата до медиумите нагласуваат дека проектот Иловица-Штука може да има сило влијание врз националната економија. „Станува збор за инвестиција чија реализација може веднаш да започне, а значајно ќе помогне за брзо заздравување на македонската економија …

„Еуромакс рисорсис“ објаснува кои се бугарските фирми акционери, апелира политичарите да не манипулираат Read More »

Објавен списокот на фирми што зеле државна помош, а не исплатиле плати за ноември


Владата ја објави ажурираната анализа на неисплатена државна помош за ноември за минимална плата од стана на работодавачите корисници на оваа помош. Компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени се достапни на: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/neplateno_2020_11.pdf Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во саботата објави дека …

Објавен списокот на фирми што зеле државна помош, а не исплатиле плати за ноември Read More »

ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар по литар


Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар за литар, …

ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар по литар Read More »

„Хуриет“: Фолксваген ја напушта Турција


Претседателот на Управниот одбор на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, Херберт Дис во официјално писмо ги извести надлежните органи во Турција дека доставил документи за затворање на претставништвото на компанијата, регистрирано во оваа земја во 2019 година. Дис истакна дека причина за таквата одлука е светската пандемија на коронавирусот. – Подготвени сме да продолжиме со …

„Хуриет“: Фолксваген ја напушта Турција Read More »

Бизниси кои доживеаја процут за време на пандемијата со корона вирусот


Од почетокот на пандемијата на корона вирусот, некои стопански гранки доживеаја вистински пад, како што се туризмот, угостителството или транспортот, додека други практично „процветаа“ – како доставата на храна, опремата за вежбање, трговија преку Интернет… Се појавија многу активности кои порано практично не постоеја. а околностите во кои живееме повеќе од девет месеци ги принудија …

Бизниси кои доживеаја процут за време на пандемијата со корона вирусот Read More »

Рестораните во Франција ќе останат затворени и после 20 јануари


Претседателот на Франција Емануел Макрон, на крајот на ноември предвидуваше повторно отворање на рестораните и баровите на 20 јануари, но отворањето ќе се одложи и пред да бидат познати последиците за епидемијата со коронавирусот од прославите на крајот на годината, јави дописникот на МИА.. Рестораните нема да ги отворат вратите в среда, 20 јануари и …

Рестораните во Франција ќе останат затворени и после 20 јануари Read More »

Нов стрип-албум за Астерикс и Обеликс ќе биде објавен во октомври


Нов, 39-ти стрип-албум за Астерикс треба да излезе на 21 октомври годинава. Ова за неделникот „Журнал ди Диманш“ го најави писателот Жан-Ив Фери, кој е еден од „татковците“ на бестрашниот Гал, заедно со карикатуристот Дидие Конрад. Тоа ќе биде ново продолжение на приказната, но како што велат уметниците, приказната нема да е инспирирана од моментните …

Нов стрип-албум за Астерикс и Обеликс ќе биде објавен во октомври Read More »

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Караџовски, е позитивен на корона вирус


Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на корона вирусот, информираше Министерството за здравство. Тој се чувствува добро и останува дома во изолација. Во изолација останува и неговата сопруга. Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од Институтот за јавно здравје, ниту со …

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Караџовски, е позитивен на корона вирус Read More »

Во Албанија 447 новозаразени со Ковид-19


По падот на бројот на новозаразени во изминатите два дена, во Албанија во последното деноноќие опасниот вирус е дијагностициран кај 447 лица. Според Министерството за здравство и социјална заштита процентот на заразени е над 19 отсто од направените 2.309 тестови. -Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени внесени се 295 или 34.648 од вкупно …

Во Албанија 447 новозаразени со Ковид-19 Read More »

Регистрирани нови 237 случаи на Ковид-19, осум лица почина и 460 оздравени


Во последните 24 часа се регистрирани 237 новозаразени од Ковид-19 од направени 1.525 тестирања. Оздравени се 460 пациенти, а починале осум лица, информира Министерството за здравство. Новите случаи се во: Скопје-123, Куманово-15,  Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-7, Струга-11, Велес-5, Битола-5, Охрид-13, Кавадарци-11, Гевгелија-6, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Виница-1, Свети Николе-1,Кичево-2, Ресен-1, …

Регистрирани нови 237 случаи на Ковид-19, осум лица почина и 460 оздравени Read More »

Заев: Создаваме услови напролет да направиме рестарт на економијата


Главен таргет на петтиот пакет мерки се најпогодените од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а тоа се над 30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, коишто се движат од нето до бруто плата, од 14.500 до 21.778 денари. Во тек е и анализа за определување на целните групи …

Заев: Создаваме услови напролет да направиме рестарт на економијата Read More »

Германскиот извоз на оружје на Блискиот исток е над милијарда евра


Германската Влада одобрила извоз на оружје во вредност од над милијарда евра во земјите вклучени во конфликтите во Јемен и Либија, јави ДПА. До 17 декември Берлин одобрил продажба на оружје и воена опрема во вредност од 725 милиони евра само на Египет, соопшти Министерството за економија на барање на пратеникот од Бундестагот Омар Нурипур. …

Германскиот извоз на оружје на Блискиот исток е над милијарда евра Read More »

Андов за Данас: Во Меморандумот на Бугарија сè е прекроено, има многу лаги и глупости


Парадоксално е тоа што национализмот може да се потисне со европеизацијата на Балканот, а истиот национализам е овој Бугарскиот што го запира целиот тек поради амбицијата кон Македонија, вели во интервју за белградски „Данас“ Стојан Андов, првиот претседател на македонското собрание и висок функционер во поранешната Сојузна влада на СФРЈ, јави дописникот на МИА од …

Андов за Данас: Во Меморандумот на Бугарија сè е прекроено, има многу лаги и глупости Read More »