Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Караџовски, е позитивен на корона вирус


Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на корона вирусот, информираше Министерството за здравство.

Тој се чувствува добро и останува дома во изолација. Во изолација останува и неговата сопруга.

Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од Институтот за јавно здравје, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести, се вели во соопштението од Министерството за здравство.