Димитров утре во официјална посета на Словенија
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров утре ќе престојува во официјална посета на Љубљана, каде со своите соговорници, меѓудругото, ќе разговара за приоритетите на словенечкото претседателство особено проширувањето на ЕУ. Предвидено е вицепремиерот Димитров да оствари средби со словенечкиот претседател Борут Пахор, министерот за надворешни работи Анже Логар, претставниците на Комитетот за европски …