Русија ќе испрати уште два авиони и два хеликоптери за гаснење на пожарите во Грција


Со одлука на претседателот на Русија Владимир Путин, Москва го прифати грчкото барање за испраќање дополнителни воздушни средства во Грција за гаснење на пожарите, соопшти преку „Твитер“ руската амбасада во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото барање, претходно го пренесоа премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи Никос Дендиас во …

Русија ќе испрати уште два авиони и два хеликоптери за гаснење на пожарите во Грција Read More »

Поранешен кошаркар на Лејкерс ќе игра за Куманово


Македонскиот кошаркаршки прволигаш Куманово се засили со Американецот Џонатан Холмс, поранешен член на Лос Анџелес Лејкерс. Холмс во 2015 година настапуваше во летната НБА-лига за Бостон Селтикс, а истата година стана дел од ЛА лејкерс, но не успеа да се наметне во првиот тим. Во својата кариера Холмс бил член и на Барселона, Реал Кану …

Поранешен кошаркар на Лејкерс ќе игра за Куманово Read More »

Во јули зголемени трошоците на живот за 0,5 проценти во однос на јуни


Трошоците на живот во јули во однос на јуни се зголемени за 0,5 проценти, а цените на мало за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во споредба со јули лани, трошоците на живот се зголемени за 3,4 проценти, а цените на мало за 5,4 проценти. Пораст во однос на јуни е забележан кај …

Во јули зголемени трошоците на живот за 0,5 проценти во однос на јуни Read More »

До крајот на неделава ќе бидат издадени сите ваучери за туризам


Од 4.000 ваучери за туризам, досега се издадени 2.500, а останатите треба да бидат поделени до крајот на неделава, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Јас имав комуникација со одредени институции за да може да ги издадеме сите ваучери во текот на неделава. Имајќи предвид дека 2.500 ваучери веќе беа издадени пред да бидат …

До крајот на неделава ќе бидат издадени сите ваучери за туризам Read More »

Во Израел, 14 лица кои добиле трета доза вакцина, се заразиле со КОВИД-19


Ограничените податоци не се доволни за да се извлечат заклучоци за ефикасноста на „бустер“ дозата; министрите велат дека ќе се борат против потенцијално заклучување, како и за ослободување од ограничувањата за вакцинираните   Кај 14 Израелци е дијагностициран КОВИД-19 и покрај тоа што примиле трета доза од вакцината против корона вирусот, покажуваат податоците на Министерството …

Во Израел, 14 лица кои добиле трета доза вакцина, се заразиле со КОВИД-19 Read More »

Германскиот извоз највисок од февруари 2020 година


Германскиот извоз ги достигна нивоата пред пандемијата во јуни благодарение на голем дел од закрепнувањето на светската економија, објави во понеделникот статистичката служба. Извозот беше 1,1 отсто поголем во јуни отколку во февруари минатата година, непосредно пред почетокот на пандемијата што предизвика остар пад на активноста во светската економија, објави Дестатис. Споредбата со претходниот месец …

Германскиот извоз највисок од февруари 2020 година Read More »

Поевтинуваат горивата


Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за 1,5 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на литар од моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95  ќе изнесува  72 денари,  а 74 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98, додека дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  …

Поевтинуваат горивата Read More »

Јапонија: Поддршка на премиерот на рекордно ниско ниво на крајот на Олимпијадата


Поддршката за јапонскиот премиер Јошихиде Суги падна под 30 проценти за прв пат откако ја презеде функцијата, покажа анкетата во понеделникот, знак дека Олимписките игри во Токио не успеаја да го зголемат неговиот рејтинг во услови на зголемен број на заразени о корона. Според анкетата спроведена од весникот Асахи, околу една третина од граѓаните не …

Јапонија: Поддршка на премиерот на рекордно ниско ниво на крајот на Олимпијадата Read More »

Активни десетина пожари во Малешевијата, Штипско, Светиниколско, Скопско, Прилепско и Кумановско


Според податоците на Центарот за управување со кризи, до 19 часот на територијата на државата се активни десетина пожари и тоа кај делчевското село Разловци, над пехчевското село Будинарци, кај штипско Драгоево, кај светиниколско Богословец и кај Богословски рид , над скопските села Раовиќ и Буковиќ, близу во Катланово кај Дивље и Крушје, на планината …

Активни десетина пожари во Малешевијата, Штипско, Светиниколско, Скопско, Прилепско и Кумановско Read More »

МВР до ДИК ги достави податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти


Министерството за внатрешни работи денеска во 20:00 часот ги до Државната изборна комисија достави податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти, објави на својот профил на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој во објавата потенцира дека со ова Министерството го испочитува за доставување на овие податоци до ДИК во законскиот рок од …

МВР до ДИК ги достави податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти Read More »

Во Бугарија има двојно повеќе странски туристи од лани, но 28 отсто помалку од 2019


Моментно во Бугарија има два пати повеќе странци од минатата година, изјави за ТВ Блумберг Бугарија директорот на невладиниот институт за анализа и оценка во туризмот, Румен Драганов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, овој месец се очекува Бугарија да ја посетат 1,5 милиони странци, наспроти 740.000 во 2020 година. Ова е намалување …

Во Бугарија има двојно повеќе странски туристи од лани, но 28 отсто помалку од 2019 Read More »

Меси со солзи се збогува со Барселона: Никогаш не замислував ваков крај


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси денеска на конференција за новинари со солзи го потврди своето заминување од Барселона, откако клубот пред неколку денови соопшти дека веќе не може да си го дозволи Аргентинецот во своите редови без притоа да ја загрози сопствената иднина. – Се обидов да бидам понизен и да …

Меси со солзи се збогува со Барселона: Никогаш не замислував ваков крај Read More »

Србија подобра од Грција за второ олимписко злато во ватерполо


Ватерполо репрезентацијата на Србија по втор пат во историјата на Олимпијадите го освои златниот медал. Србите на крајот на последниот натпреварувачки ден иа Игрите во Токио, ја победија Грција со 13:10. По три гола во победничкиот тим постигнаа Душан Мандиќ, Никола Јакшиќ и Андрија Прлаиновиќ. Пред финалниот меч се одигра средбата за третото место во …

Србија подобра од Грција за второ олимписко злато во ватерполо Read More »

Народна банка од утре ќе овозможи споредливи информации за кредитите и депозитите за граѓаните


Во првата национална Стратегија за финансиска писменост и инклузија, којашто беше донесена неодамна, се предвидени повеќе активности за олеснување на пристапот на граѓаните до финансиите, но и за нивна поголема заштита, коишто ќе се преземаат од страна Народната банка и другите финансиски регулатори, во соработка со финансиските институции и граѓанскиот сектор. „Овие активности и мерки …

Народна банка од утре ќе овозможи споредливи информации за кредитите и депозитите за граѓаните Read More »

Франција ги обедини олимписките титули во ракомет


Женската ракометна репрезентација на Франција утрово ја победи Русија со 30:25 во финалето на Олимпијадата 2020 во Токио. Најзаслужна за триумфот на Французинките беше голманката Клеопатра Дарло која одбрани 9 удари од 21 обид на Русинкте. Полет Фопа и Алисон Пино постигнаа по 7 гола за победничките, исто толку реализации во рускиот тим забележа Полина …

Франција ги обедини олимписките титули во ракомет Read More »

Пожарите во Грција уништија илјадници хектари шума, загина пожарникар


Две лица загинаа, од кои едниот пожарникар, а најмалку 20 лица беа префрлени во болниците поради повреди, додека беше наложена дополнителна евакуација на населението. Во земјата и натаму беснеат неколку десетици пожари, во кои изгореа голем број домови, фирми и земјоделски имоти. Пожарите се предизвикани од високите температури во Грција Во преградие на Атина загина …

Пожарите во Грција уништија илјадници хектари шума, загина пожарникар Read More »

Најопасен пожарот во Беровско, донесени одлуки за рационално распоредување на силите


Владата донесе неколку одлуки поврзани со пожарите кои ќе важат и за беровско-пехчевскиот регион и во Старо Нагоричане, каде иако пожарот беше угаснат со засилување на ветерот повторно стои огнот. Премиерот Зоран Заев кој од утрово е во беровскиот регион очекува денес или најдоцна до утре пожарот кај Будинарци да биде угаснат. -Сепак тлеат, боровите …

Најопасен пожарот во Беровско, донесени одлуки за рационално распоредување на силите Read More »

ЦУК: Активни пожари во Делчевско, Скопско, Прилепско и Кумановско, во Беровско ставен под контрола


Пожарот во атарот на Делчевско е активен при што се појавиле нови жаришта и тоа едното кај селото Разловци, а другото кај селото Нов Истевник. Се преземаат активности за надминување на состојбата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во извештајот за состојбата со пожарите во земјава во 8:00 часот. Оттаму нагласуваат дека според известувањето …

ЦУК: Активни пожари во Делчевско, Скопско, Прилепско и Кумановско, во Беровско ставен под контрола Read More »

Трамп се нарече голем „обожавател“ на вакцините против Ковид


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се нарече себеси голем „фан“  на вакцините против новиот коронавирус. – Можам да се сметам за голем обожавател на вакцини. Благодарение на мене, тие беа развиени толку брзо, рече републиканецот во изјава за Фокс њуз. – Ги направивме само за девет месеци, иако обично се потребни пет години. Демократите воопшто …

Трамп се нарече голем „обожавател“ на вакцините против Ковид Read More »

Градот Скопје ќе го процесуира и рециклира градежниот отпад


Град Скопје, Смарт Ап (НВО во склоп на Скопје Лаб ) и ЈП Дрисла се добитници на ИПА Проект за Управување со градежен отпад и негова повторна употреба. Вкупната вредност на проектот 800.000 евра, а ќе се реализира две години, соопштија од градската администрација. Со оглед на фактот што градежниот сектор претставува значителен столб во …

Градот Скопје ќе го процесуира и рециклира градежниот отпад Read More »