(Во живо) Форум за 100 дена од мандатот на новата Влада
Форум по повод 100 дена од мандатот на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски се одржува денеска во Националната опера и балет.
Форум по повод 100 дена од мандатот на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски се одржува денеска во Националната опера и балет.
Повлекувањето на „Мекдоналдс“ од Русија го чини многу пари – и храна. Компанијата минатиот месец објави дека привремено ќе ги затвори рестораните во Русија и Украина поради војната таму. Тие исклучувања, според Си-Ен-Ен, го чинеа „Мекдоналдс“ 127 милиони долари во првиот квартал. „Мекдоналдс“ во март објави дека ќе продолжи да ги плаќа своите 62.000 вработени …
Повлекувањето на „Мекдоналдс“ од Русија и Украина досега го чинеше 127 милиони долари Read More »
Вредноста на американскиот долар во однос на референтните валути продолжува да расте, достигнувајќи го највисокото ниво во изминатите 20 години. Индексот на доларот што ја покажува вредноста на американската валута во однос на шест најважни светски валути изнесува околу 103,56 поени, додека вчера изнесуваше 103,28 поени. Валутата синоќа во еден момент достигна 103,93 поени, што …
Во наредните шест месеци ќе се работи на изработка на нов Закон за плати, затоа што постои неконзистентност во платите. Имаме јавни претпријатија во коишто членови на управен одбор имаат поголеми плати од претседател на држава и 20-30 години никој тоа не го погледнал, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање во рамки на …
Женската македонска ракометна репрезентација доби многу тешка група за Европското првенство 2022. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски на еврошампионатот од 4 до 20 ноември ќе играат во Ц-групата во Скопје заедно со селекциите на Франција, Холандија и на Романија. На попладневната ждрепка во Љубљана, извлечени беа и другите три групи: А-групата ја сочинуваат: Норвешка, Унгарија, …
Ракомет: Сениорките против Франција, Холандија и Романија на ЕП 2022 Read More »
Инвестициите ќе имаат клучна улога во наредниот период за постигнување на економскиот раст. Енергетската криза покажа дека за нејзино надминување значајни се инвестиците во енергетскиот сектор и обезбедувањето на производство од домашните капацитети, било констатирано на средбата што министерот за финансии Фатмир Бесими ја имаше со потпретседателот на Европската банка за обнова и развој за …
Бесими – Боуман: Инвестициите ќе бидат клучни за постигнување на економскиот раст Read More »
Во нашата економија воопшто не гледавме притисоци од страна на побарувачката, а ако видевме такви притисоци и досега ќе реагиравме со основната каматна стапка. Реагиравме претходно со задолжителната резерва, а реагираме и со другите инструменти кои ги имаме на располагање со кои влијаеме на ликвидноста во банкарскиот систем, оцени денеска гувернерката на Народната банка Анита …
Можно натамошно затегање на монетарната политика Read More »
Властите во Босна и Херцеговина одлучија да го суспендираат издавањето нови дозволи за изградба на мали хидроцентрали во државата по низа акции на домашни и меѓународни еколошки активисти. Сепак, одлуката нема да важи за веќе започнатите проекти или за оние за кои веќе се издадени дозволи. Владата на Федерацијата БиХ на денешната седница ги утврди …
Во БиХ властите прекинуваат со издавање дозволи за изградба на мали хидроцентрали Read More »
Фудбалскиот агент Мино Рајола се огласи на Твитер за да ја објави неговата здравствена состојба откако извештаите во Италија тврдеа дека тој починал. Реал Мадрид дури испрати сочувство на Твитер откако раширените извештаи велат дека Рајола починал. „Моменталната здравствена состојба за оние што се прашуваат: по втор пат за 4 месеци ме убиваат. Се чини …
Мино Рајола е жив: „Ме умревте два пати за четири месеци“ Read More »
Макстил е добитник на првата награда за спроведување добри практики за безбедност и здравје при работа за 2021 година. Според комисијата за евалуација компанијата е избрана како најдобар правен субјект кој реално и стручно, придонел во сопствениот развој, инвестирајќи и имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени. Наградата е доделена …
„Макстил“ е добитник на прва награда за безбедност и здравје при работа Read More »
Европската комисија (ЕК) им исплати однапред 3,5 милијарди евра на земјите-членки кои примаат бегалци од Украина за да им помогнат да се справат со притисокот, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова, како што наведе ЕК се прави во знак на солидарност. Еврокомесарката за кохезија, Елиса Фереира, порача дека овој чекор се прави преку мобилизирање …
Три и пол милијарди евра од ЕК за земјите-членки на ЕУ што примија бегалци од Украина Read More »
Справувањето со тековните предизвици не треба да ги стави на чекање структурните реформи. Напротив, напоредно треба да се продолжи со нив, бидејќи тие се оние кои ќе дадат долгорочни резултати, порачаа гувернерката на Народната банка (НБ), Анита Ангеловска-Бежоска и потпретседателката на Европската инвестициска банка, Љиљана Павлова на заедничката прес-конференција одржана по повод почетокот на 8. …
Можат да се прават трансакции во рубли за плаќање на рускиот природен гас ако е тоа потребно, потврди денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска–Бежоска. – Сите предуслови се создадени и не гледам дека треба да има некоја пречка за плаќање на начин на којшто е потребно, рече Ангеловска-Бежоска во одговор на прашањето на денешната …
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одржа работен состанок со професори од Машинскиот факултет од Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) кои со својата експертиза ќе се вклучат во изработка на новиот тарифен систем за електрична енергија со цел воведување на блок тарифи. Како што информираат од РКЕ, професорите ќе …
На 54-годишна возраст денес почина италијанскиот фудбалски агент Мино Рајола. Од многубројните свои клиенти, Рајола ги застапуваше интересите и на Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Халанд, Џанлуиџи Донарума, Матијс де Лихт, Марко Верати, Хенрих Мхитарјан… Во јануари беше објавено дека Рајола е итно хоспитализиран во Милано, но гласините подоцна беа демантирани од неговото опкружување: „Мино …
Почина еден од најпознатите фудбалски агенти Мино Рајола Read More »
Цената на суровото масло за јадење која ја набавува „Витаминка“ за производство на „Брилијант“ сега чини по 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца изнесуваше од 1.200 до 1.500 евра за тон, па поради тоа мораше да дојде до зголемување и на цената во малопородажбата. Вака од „Витаминка“ ги образложуваат причините …
Се наоѓаме во најголемата економска криза заедно со цела Европа после Втората светска војна. Таа економска криза почна минатата година со зголемувањето на цената на енергенсите со продолжениот ефект на корона кризата, меѓутоа и дополнително беше зголемена во невидени рамки со воениот напад на Русија врз Украина. Тоа предизвика дополнително зголемување на цените на енергенсите, …
Ковачевски: Правиме се да го ублажиме ценовниот шок Read More »
Предизвиците поврзани со пандемијата на Ковид-19 покажаа дека постоењето на позитивна култура и силни системи за безбедност и здравје при работа (БЗР) се од суштинско значење за заштитата на работната средина и одржување на здравјето и безбедноста на работниците. За успешно справување со постоечките и со идните предизвици кои влијаат врз здравјето и безбедноста на …
„Брилијант“ ја зголеми цената на маслото за јадење, од 115 на 135 денари. Како што изјави за МИА директорот на фабриката Коста Ташков, новата цена е резултат на покачувањето на суровината. Според него, новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до …
Најголемата фармацевтска компанија во земјава, скопски „Алкалоид“ ги објави резултатите од работењето во првиот квартал годинава кои покажуваат раст на консолидираните продажби од 11 отсто, со 99 нови вработувања во земјава и со инвестиции во износ од 219 милиони денари. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2022 година …