Казнената камата да не може да биде поголема од основниот долг, предлага Зибери


Народниот правобранител Насер Зибери на денешната прес-конференција информира дека како овластен предлагач до Владата на Република Северна Македонија ќе достави Иницијатива за измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, кои се однесуваат на прашањето на казнената камата. Од Омбудсманот предлагаат казнената камата да не може да биде поголема од основниот долг, односно …

Казнената камата да не може да биде поголема од основниот долг, предлага Зибери Read More »

Од 1 декември фиксна цена на струјата за 150 компании, производители на основни прехранбени производи


  Од 1 декември годинава, околу 150 компании во државата кои произведуваат основни прехранбени производи ќе имаат фиксна цена на електричната енергија, најави денес министерот за економија Крешник Бектеши. Според него таа цена ќе биде пониска и од онаа која ја добиваат малите потрошувачи. „Сите производители на основни прехранбени производи во државата, од 1 декември …

Од 1 декември фиксна цена на струјата за 150 компании, производители на основни прехранбени производи Read More »

Општините во септември заштедиле 29 отсто струја, Арачиново со најголема потрошувачка


  Општините за вкупно 29 отсто ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември, споредено со истиот месец претходната година, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши, презентирајќи ја анализата за рационална потрошувачка, од 81 општина, 25 не постигнале заштеда од 15 отсто, а останатите 56 општини успеале да направат заштеда …

Општините во септември заштедиле 29 отсто струја, Арачиново со најголема потрошувачка Read More »

„Мајкрософт“ ќе отпушти околу илјада лица


Вашингтон, 19 октомври 2022 (МИА) – Мајкрософт планира да отпушти околу илјада вработени поради послаб раст на приходите од лиценците за оперативниот систем Виндоус, јави американскиот информативен портал Аксиос, повикувајќи се на неименуван извор. Отпуштањата ќе бидат на повеќе нивоа на компанијата, во различни тимови и делови од светот, дознава Аксиос. – Како и сите …

„Мајкрософт“ ќе отпушти околу илјада лица Read More »

Стотина деца во Индонезија починаа, им откажале бубрезите по лекување со сируп на база на парацетамол


  Речиси 100 деца починаа од акутна бубрежна инсуфициенција од почетокот на годинава во Индонезија, информираше денеска претставник на Министерството за здравство. Здравствени претставници во Гамбија неодамна соопштија дека деца починале од акутна бубрежна инсуфициенција, откако биле лекувани со сируп на база на парацетамол, што се користи за намалување на треската, јавија дел од британските …

Стотина деца во Индонезија починаа, им откажале бубрезите по лекување со сируп на база на парацетамол Read More »

РЕК „Битола“ не се предава, има јаглен за уште 10 до 15 години, произведува струја за 58 до 60 евра за мегават час


  Со набавка на сопствена опрема и рационализација на трошоците АД ЕСМ успеа на 11 евра по тон да ја намали цената за ископ на јаглен од рудникот Подински јагленови серии (ПЈС) што се наоѓа под веќе исцрпениот рудник Суводол. Со тоа е намалена и производната цена на електричната енергија во најголемиот енергетски капацитет во …

РЕК „Битола“ не се предава, има јаглен за уште 10 до 15 години, произведува струја за 58 до 60 евра за мегават час Read More »

Ковачевски во ОАЕ: Во фокусот проекти за инфраструктурата, агро-бизнисот и енергетиката


  Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во рамки на посетата на Абу Даби, остварија средба со Мохамед Саиф Ал Суваиди генерален директор на Фондот за развој на Абу Даби (ADFD) како и со Калифа ал Кубаси, …

Ковачевски во ОАЕ: Во фокусот проекти за инфраструктурата, агро-бизнисот и енергетиката Read More »

Се враќа топлиот оброк во РЕК „Битола“, мензата пак ќе работи


  РЕК „Битола“ и хотелот „Молика“ започнуваат постапка за повторно отворање на мензата во РЕК „Битола“. На денешниот работен состанок договрени се сите неопходни чекори што треба да бидат преземени со цел работниците во РЕК „Битола“ повторно да имаат топол оброк. „Топлиот оброк се враќа во РЕК ‘Битола’, мензата повторно ќе ги отвори вратите за …

Се враќа топлиот оброк во РЕК „Битола“, мензата пак ќе работи Read More »

ЕСМ бара гас до април од „Макпетрол“ и од други две фирми


АД ЕСМ соопшти дека денеска испратиле допис до „Макпетрол“, и до уште две други фирми кои покажале  интерес да обезбедат гас за потребите на АД ЕСМ. „Во дописот од истите е побарано до 20.10.2022 година да достават понуда за гас за периодот ноември-април“, се вели во соопштението од ЕСМ, при што се додава дека понудата …

ЕСМ бара гас до април од „Макпетрол“ и од други две фирми Read More »

Заев: Немам намера да се вратам во политиката, ниту да се кандидирам за претседател на државата


  Поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев нема намера да се враќа во политиката. Ова беше неговиот одговор на новинарско прашање во Тетово каде учествуваше на панел-дискусија поврзана со енергртската криза и инфлацијата. – Немам намера да се вратам во политиката и да им олеснам на неколку луѓе и заради Фондацијата Заев и …

Заев: Немам намера да се вратам во политиката, ниту да се кандидирам за претседател на државата Read More »

Заев ја пофали Владата на Ковачевски за справување со енергетската криза


  Владата под раководство на Димитар Ковачевски заслужува комплименти за справување со енергетската криза, оцени поранешниот премиер Зоран Заев, на денешната панел-дискусија на тема „Енергетска и инфлаторна криза“ во Тетово, организирана од Студентскиот парламент и студентската асоцијација на Универзитетот на Југоисточна Европа. Сега како човек од деловниот свет, тој смета дека Владата добро се справува …

Заев ја пофали Владата на Ковачевски за справување со енергетската криза Read More »

На економијата ѝ е потребна итна поддршка, апелира Стопанската комора


  За да се одржат домашната економија и конкурентноста на домашните производи и услуги, и дома и во странство, но и за да ги зачуваат работните места, компаниите ја очекуваат поддршката од Владата, која беше ветена, бидејќи бизнисите претрпеа финансиска штета плаќајќи сметки за струја некаде и до 6-пати повисоки од минатогодишните, опсочија денеска од …

На економијата ѝ е потребна итна поддршка, апелира Стопанската комора Read More »

Договорите за парно греење ќе се праќаат и по пошта, a ќе се постават и на веб страницата на АД ЕСМ


Граѓаните кои што се приклучени на топлификациската мрежа за централно греење во Скопје, договорите со новиот снабдувач на топлина, ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, ќе ги добиваат по пошта на домашна адреса, а истите ќе бидат поставени и на веб страницата на АД ЕСМ, соопштија од компанијата. Сепак, вака пополнетите обрасци, ќе мора да …

Договорите за парно греење ќе се праќаат и по пошта, a ќе се постават и на веб страницата на АД ЕСМ Read More »

Проектите на УСАИД имаат одржлив и повеќенасочен ефект во домашната економија


  Континуираната соработката помеѓу УСАИД и Владата на Северна Македонија односно Министерството за економија продолжува силно и мудро соочувајќи се со енергетската и економската криза. Проектите на УСАИД имаат одржлив и повеќенасочен ефект во домашната економија што ни помагаат во патот кон нашата самодржливост. Оваа помош ги достигна речиси сите оддели на Министерството за економија …

Проектите на УСАИД имаат одржлив и повеќенасочен ефект во домашната економија Read More »

Oпштинските буџети затворени за граѓаните


  Просечната вредност на Индексот на отворени општини (ИОО) за 2021 година во државава е 32,4, а според поставените стандарди за отвореност општината мора да има индекс од барем 61 за да има задоволително ниво на отвореност. Со највисока вредност на ИОО, кој е сеопфатен индикатор за оценување на општинскиот буџетски процес за една фискална …

Oпштинските буџети затворени за граѓаните Read More »

ЕСМ го зголеми производството, обезбеди струја за дел од домашното стопанство


АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) вчера произведе 12.660 MWh електрична енергија, со што, како што соопшти, целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствени, домашни капацитети. Од ЕСМ истакнуваат дека го зголемиле производството, како и дека обезбедиле струја за дел од домашното стопанство. Прецизираат дека во термоелектраните …

ЕСМ го зголеми производството, обезбеди струја за дел од домашното стопанство Read More »

Постпандемиско закрепнување: Аеродромите во Скопје и Охрид ги завршија деветте месеци со вкупно 1,8 милиони патници


  Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, забележаа силно закрепнување на патничкиот сообраќај во првите девет месеци од 2022 година, со што достигнаа вкупно 1,8 милиони патници (1.811.168) и 14.823 летови, од јануари до крајот на септември, соопшти ТАВ Македонија. Постпандемиското закрепнување на патничкиот авиосообраќај, кое на глобално ниво …

Постпандемиско закрепнување: Аеродромите во Скопје и Охрид ги завршија деветте месеци со вкупно 1,8 милиони патници Read More »

Силен раст на Волстрит на почетокот на неделата


  На Волстрит берзанските индекси силно пораснаа во понеделникот, благодарение на стабилизацијата на британскиот финансиски пазар и подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на неколку банки и компании. Инвеститорите вчера најмногу ги охрабрија подобрите од очекуваните деловни резултати на Бенк оф Америка (Bank of America). Цената на нејзините акции скокна за повеќе од 6 отсто, …

Силен раст на Волстрит на почетокот на неделата Read More »

„Бела вода“ на Тиквеш прогласено за најдобро македонско вино на еден од најголемите европски вински натпревари


  На три реномирани интернационални вински натпревари кои изминатиот период се одржаа во Германија, Велика Британија и Австрија, вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија 23 медали и една специјална награда за најдобро македонско вино. Со овие награди, вкупниот број на освоени медали и признанија од почетокот на годинава се искачи на речиси …

„Бела вода“ на Тиквеш прогласено за најдобро македонско вино на еден од најголемите европски вински натпревари Read More »