Компромис нема, Ковачевски повикува на вклученост на патот кон ЕУ, Мицкоски бара избори 


  Премерот Димитар Ковачевски ги повика сите политички партии да бидат вклучени во носењето на реформите на патот на зачленување во Европската Унија, но уставните измени, кои во моментов се најважниот процес на евроинтегративниот пат, не уживаат поддршка од опозицијата и според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски власта нема 80 пратеници кои ја поддржуваат и …

Компромис нема, Ковачевски повикува на вклученост на патот кон ЕУ, Мицкоски бара избори  Read More »

И за месната индустрија субвенционирана струја, се очекува поевтинување на основните прехранбени производи


  Владата денеска треба да донесе дополнителна одлука со која и компаниите од месната индустрија ќе бидат ставени на списокот за добивање субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават час. Ова го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, а согласно одлуката, покрај „одгледувањето живина“, додадени ќе бидат и шифрите на дејности за одгледување свињи, …

И за месната индустрија субвенционирана струја, се очекува поевтинување на основните прехранбени производи Read More »

Први победи за Словенија и Данска во Главната рунда на ЕП за ракометарки


 Репрезентациите на Словенија и на Дансказ абележаа победи во првото од трите кола во Главната рунда на Европското првенство во ракомет за жени. Во Групата – 1 која се игра во Љубљана, синоќа Данска ја победи Унгарија со 29:27, додека ко-домаќинот на првенството, Словенија беше поуспешна од Хрватска со 26:18. Табела: Норвешка, Данска и Словенија …

Први победи за Словенија и Данска во Главната рунда на ЕП за ракометарки Read More »

Операта „Кавалерија рустикана“ вечер во НОБ


  Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Ќе настапат солистите Благица Поп Томова, Зоран Сотиров, Борис Трајанов, Николина Јаневска и Марика Поповиќ, хорот и оркестарот на НОБ. Диригент е Иван Еминовиќ, сценограф Зоран Николовски, костимограф Елена …

Операта „Кавалерија рустикана“ вечер во НОБ Read More »

Концерт на Танго трио во КИЦ-Скопје


    Танго трио вечер ќе одржи концерт во Културно-информативниот центар – Скопје. Во состав на Танго трио се Ајхан Куртов – пијано, Филип Петрески – хармоника и Пламенка Трајковска – виолина и Мартина Митревска – вокал (како гостин). -Танго трио сосема ги проучува и ги пренесува тајните на танго музиката пред аудиториумот, како на концертната …

Концерт на Танго трио во КИЦ-Скопје Read More »

Облачно и ветровито време, температурите до 18 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој на места ќе достигне брзина и над 60 километри на час. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Како што информира УХМР, минималната температура ќе биде …

Облачно и ветровито време, температурите до 18 степени Read More »

Во Србија усвоен ребалан на буџетот, опозицијата тврди дека е последица на инфлацијата


  Собранието на Србија денеска го усвои ребалансот на државниот буџет според кој вкупните приходи се зголемени за 1,6 милијарди евра, а расходите уште повеќе – за околу 2,3 милијарди евра. Опозицијата тврди дека е инфлаторен, а експерти сметаат дека е последица на трошоците јавните претпријатија. Српската Влада одлучи да предложи ребаланс затоа што „приходите …

Во Србија усвоен ребалан на буџетот, опозицијата тврди дека е последица на инфлацијата Read More »

Грчката полиција откри уште четири случаи на детска порнографија


  Одделот за борба со електронски криминал на грчката полиција, открила четири нови случаи на детска порнографија со материјал од над 1.800 фајлови и веќе се уапсени две лица, а против други две лица е поднесена кривична пријава, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во рамките на активностите за спречување …

Грчката полиција откри уште четири случаи на детска порнографија Read More »

Годишната инфлација во Грција првпат по седум месеци падна под 10 проценти


  Годишната инфлација во Грција за месец октомври изнесува 9,1 отсто, намалена во споредба со податоците за септември и првпат по седум месеци падна под десет проценти, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од грчката служба за статистика, односно согласно месечниот извештај за инфлацијата и цените во Грција, општиот индекс на потрошувачки …

Годишната инфлација во Грција првпат по седум месеци падна под 10 проценти Read More »

Германците го објавија списокот за СП во Катар, Геце се враќа на големата сцена


  Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Ханси Флик, денеска го објави списокот со 26 фудбалери на кои ќе смета за натпреварите на претстојното Светско првенство кое од 20 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар. Во составот на Германија за прв пат од 2017 година се враќа Марио Геце, кој го постигна победничкиот гол во финалето на …

Германците го објавија списокот за СП во Катар, Геце се враќа на големата сцена Read More »

Доларот во пад поради забавувањето на инфлацијата во САД


  Вредноста на американскиот долар се намали денеска  во однос на ривалските валути бидејќи забавувањето на инфлацијата на потрошувачките цени во САД ги намали очекувањата за поагресивно зголемување на каматните стапки на федералните резерви. Во раните попладневни зделки, зелената банкнота нагло потона наспроти фунтата, еврото и јенот, бидејќи официјалните податоци покажаа дека инфлацијата во САД …

Доларот во пад поради забавувањето на инфлацијата во САД Read More »

Уставниот суд оформи предмети за здруженијата „Културен центар Иван Михајлов” и „Цар Борис III – Охрид“


  Уставниот суд попладнево информира дека е оформен предмет во кој се оспорени Статутот и Програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“. „Предметот се наоѓа во почетна фаза, односно во претходна постапка и е предаден на работа кај советник на Судот и судија кои во следниот период треба да подготват реферат со конкретен предлог по …

Уставниот суд оформи предмети за здруженијата „Културен центар Иван Михајлов” и „Цар Борис III – Охрид“ Read More »

Годишната инфлација во САД на сѐ уште високи 7,7 отсто во октомври


  Потрошувачките цени во САД во октомври останаа на со децении високо ниво, според владините податоци објавени денеска, со што се задржува притисокот врз администрацијата на претседателот Џо Бајден додека демократите се борат да ја задржат контролата врз Конгресот. Внимателно следениот извештај покажа повеќе докази за зголемените трошоци во една година кога зголемената инфлација беше …

Годишната инфлација во САД на сѐ уште високи 7,7 отсто во октомври Read More »

Андонов: Фирмите што манипулирале со струјата, од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар


  На прашањето како ќе се постапи со манипулациите на 12.000 фирми во земјава што се вратиле сами на регулираниот пазар, соработникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов, истакна дека заради спречување на злоупотребите од страна на некои правни лица, Владата донесе одлука за регулирање на овој проблем. „Со таа одлука точно е наведено дека …

Андонов: Фирмите што манипулирале со струјата, од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар Read More »

ЕК го претстави новиот стандард Еуро 7 за сите возила


  Европската комисија денеска предложи регулатива со нови правила за намалување на штетните издувни гасови од моторните возила наречена – Еуро 7, во која првпат се регулираат емисиите на честички и микропластика генерирани од користењето на гуми и сопирачки. Новата норма Еуро 7 ќе ја замени претходната, која има посебни правила за емисиите од автомобили …

ЕК го претстави новиот стандард Еуро 7 за сите возила Read More »

Ќе издржат ли енергетските капацитети дополнителна оптовареност? Не се исклучени неочекувани испади


  Од Владата денеска укажаа дека поради дополнителната оптовареност што се очекува на енергетските производни капацитети, од временските услови и од зголемената потрошувачка на струја, во наредниот период се можни неочекувани испади. Порачуваат дека состојбата се следи и оти за преземените мерки граѓаните навреме ќе бидат информирани. -Мораме да имаме во предвид дека државата во …

Ќе издржат ли енергетските капацитети дополнителна оптовареност? Не се исклучени неочекувани испади Read More »

Цената на пелетите е ограничена на 27.000 денари за тон, дистрибутерите предупредуваат на недостиг


  Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информира денеска ресорниот министер Крешник Бектеши. Од Националното здружение на производители и дистрибутери на продукти од биомаса „Биомак Енерџи“, пак, велат дека ако остане ограничувањето на …

Цената на пелетите е ограничена на 27.000 денари за тон, дистрибутерите предупредуваат на недостиг Read More »

„Гери Вебер“ ќе воведе четиридневна работна недела


  Познатиот германски производител на облека „Гери Вебер“ им овозможува на своите вработени да одлучат дали во иднина сакаат да работат четири или пет дена во неделата. – Храброста и довербата се секогаш добри, тоа е моето верување. На вработените им даваме автономија и самоодговорност. Тие тоа го сфаќаат како признание и придонесува за поголема …

„Гери Вебер“ ќе воведе четиридневна работна недела Read More »

Франција: Новиот закон бара соларни панели на паркинзите


  Францускиот Сенат одобри закон со кој се бара паркинзите со најмалку 80 места да бидат покриени со соларни панели. Според таа одлука, паркиралиштата со меѓу 80 и 400 места ќе имаат рок од пет години од јули 2023 година да се усогласат со новиот закон, додека кај сите поголеми, најмалку половина од паркинг просторот …

Франција: Новиот закон бара соларни панели на паркинзите Read More »

Увозните цени за кокс и рафинирани нафтени производи зголемени за 71,4 отсто


  Државниот завод за статистика соопшти дека во септември 2022 година, увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се пониски за 2,1 отсто на месечно ниво, но се повисоки за 71,4 проценти на годишно ниво. Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се наменети за преиспитување или мониторирање на …

Увозните цени за кокс и рафинирани нафтени производи зголемени за 71,4 отсто Read More »