Во септември сме имале 103.787 туристи, најбројни од Турција, Србија, Полска и Германија


  Бројот на туристите во септември годинава изнесува 103.787, од кои 32,9 проценти се домашни, а 67,1 процент се странски. Во септември официјално се регистрирани 221.927 ноќевања, од кои 36,9 проценти од домашни туристи, а 63,1 процент од странските, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Од вкупно евидентираните 69.633 странски туристи, најбројни се од …

Во септември сме имале 103.787 туристи, најбројни од Турција, Србија, Полска и Германија Read More »

Натамошен раст на инфлацијата, рецесија до крајот на годинава: Песимистички прогнози на Европската комисија


  Редовниот есенски извештај на Европската комисија за состојбата на економиите во членките на ЕУ предвидува влошување на ситуацијата, јави дописничката на МИА од Брисел. Според прогнозите на Европската комисија се очекува инфлацијата, која веќе достигна рекордни нивоа во ЕУ, уште да се зголемува во наредните месеци, по што би требало да почне да се …

Натамошен раст на инфлацијата, рецесија до крајот на годинава: Песимистички прогнози на Европската комисија Read More »

„Џонсон Мети“ го произведе 120-милионитиот производ во Скопје


„Џонсон Мети Македонија“ го произведе и испорача 120 милионитиот производ (катализатор) на глобално ниво. Од своето лансирање во 2009 година, „Џонсон Мети“ во Скопје прерасна во место каде што нивните производи се достапни во повеќе од 40 земји во Европа. Секое трето тешко или лесно возило во Европа има парче произведено во Северна Македонија. Ова …

„Џонсон Мети“ го произведе 120-милионитиот производ во Скопје Read More »

Волстрит порасна по добрите податоци за инфлацијата


  Американските индекси силно пораснаа откако податоците за растот на потрошувачките цени во октомври ги поттикнаа надежите дека инфлацијата го достигнала врвот. Дау Џонс (Dow Jones Industrial Average) скокна за повеќе од 1.100 поени, или повеќе од 3,4 отсто, за најголемата еднодневна добивка откако акциите се појавија од длабочините на падот на пазарот на пандемијата …

Волстрит порасна по добрите податоци за инфлацијата Read More »

Рекордна стапка на инфлација во Германија


  Годишната стапка на инфлација во Германија се зголеми на 10,4 отсто во октомври, во однос на 10 отсто во септември, покажаа официјалните податоци објавени од Дестатис. Стапката достигна највисоко ниво од обединувањето на земјата. Цените на енергијата сѐ уште се главната причина за поскапувањата во земјата, истакна Георг Тиел, шеф на Дестатис. Месечната стапка …

Рекордна стапка на инфлација во Германија Read More »

Сивата економија и наоѓањето соодветен кадар остануваат предизвик за е-трговијата


  Сивата економија во е-трговијата, наоѓањето соодветен кадар, како и одржувањето на нивото на цените како претходните години и намалената побарувачка, се најголемите предизвици со кои се соочуваат е-трговците. Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска пред почетокот на петтото издание на конференцијата за е-трговија што се одржува под мотото „E-commerce: Accelerate!” изјави дека сивата …

Сивата економија и наоѓањето соодветен кадар остануваат предизвик за е-трговијата Read More »

Над 278.000 граѓани го осигурале животот, за шест месеци вложиле една милијарда денари


  Бројот на граѓани кои го осигурале својот живот според најновите податоци надмина 15 отсто од целото население, согласно со податоците од последниот попис спроведен лани, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Од сите осигуреници 82 отсто имаат полиси со кои е осигурана смртта, но средствата не се враќаат на осигуреникот доколку ризикот не …

Над 278.000 граѓани го осигурале животот, за шест месеци вложиле една милијарда денари Read More »

Новите руски напади го оставија Киев во мрак


  Во Киев денеска ќе биде воведено вонредно исклучување на електричната енергија поради новите напади од страна на руските сили врз енергетски објекти. Информацијата ја соопшти генералниот директор на енергетскиот оператор ЈАСНО (YASNO), Сергиј Коваленко. – Ноќеска дојде до нови напади на енергетските објекти на Украина. Затоа денеска во Киев ќе има вонредни исклучувања во …

Новите руски напади го оставија Киев во мрак Read More »

Почнува петтиот Париски мировен форум


  Лидери на голем број меѓународни организации и држави денеска ќе учествуваат на петтиот Париски мировен форум насловен „Излез од повеќекратна криза“. Форумот е посветен на најголемите предизвици на денешницата, меѓу кои влошените климатски промени, брановите на пандемијата на коронавирусот, продлабочувањето на нееднаквоста и геополитичките конфликти со глобални последици. Исто така во фокусот ќе биде …

Почнува петтиот Париски мировен форум Read More »

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок


  аменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска ќе го предводи македонскиот преговарачки тим во Брисел на првиот состанок за билатералниот скрининг кој започнува со Поглавјето 5, „Јавни набавки“. Како што соопшти СЕП, членовите на Работната група за Поглавје 5, на билатералниот скрининг состанок, ќе …

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок Read More »

Официјално Токио ја потврди првата јапонска жртва во војната во Украина


  Јапонец, кој се бореше на украинска страна, загина во борбите против Русија. Тој е првата позната јапонска жртва во оваа војна, соопшти денеска Владата на Јапонија. Како што појасни портпаролот на Владата, Хироказу Мацуно, се работи за момче во дваесеттите години, убиено во борба во средата. Мацуно додаде дека јапонски дипломати се „во контакт …

Официјално Токио ја потврди првата јапонска жртва во војната во Украина Read More »

Тања Фајон го „преживеа“ гласањето за смена во словенечкиот Парламент


  Пратениците во словенечкото Собрание ноќеска со мнозинство гласови го одбија барањето на опозициските партии за разрешување на министерката за надворешни работи Тања Фајон. По целодневна дискусија, 22 пратеници гласаа за смена на Фајон, а 52 беа против, а за опозициската интерпелацијата да успее мораше да добие поддршка од 46 пратеници. Опозициските партии ја обвинија …

Тања Фајон го „преживеа“ гласањето за смена во словенечкиот Парламент Read More »

Скрекас: Енергетската соработка меѓу Грција и Северна Македонија е унапредена и продлабочена


  Енергетската соработка меѓу Грција и Северна Македонија е унапредена и продлабочена и е соработка за пример, истакна министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на брифингот со странските дописници во Грција. Скрекас потенцираше дека двете земји имаат развиено многу силни врски на …

Скрекас: Енергетската соработка меѓу Грција и Северна Македонија е унапредена и продлабочена Read More »

Американските регулатори загрижени за случувањата во Твитер


  Бурното преземање на Твитер од страна на Илон Маск и вчера продолжи да предизвикува конфузија во јавноста и посебно во неговата нова фирма, по оставките на првите луѓе на оваа социјална мрежа и реткото предупредување од американската антимонополска агенција (FTC). -Со голема загриженост ги следиме најновите случувања на Твитер. Ниту еден извршен директор или …

Американските регулатори загрижени за случувањата во Твитер Read More »

Тилев: Со билатералниот скрининг треба да докажеме дека не само што го усогласуваме законодавството, туку и го имплементираме


  Билатералниот скрининг, односно проверка на усогласеноста на нашето со законодавството на Европската Унија почнува денеска во Брисел. Овој скрининг заедно со објаснувачкиот, што официјално почна на 15-ти септември, ќе трае паралелно и се очекува да заврши во ноември 2023 година. Државниот советник во Секретаријатот за европски прашања Драган Тилев, во разговор за МИА појаснува …

Тилев: Со билатералниот скрининг треба да докажеме дека не само што го усогласуваме законодавството, туку и го имплементираме Read More »

Во Брисел убиен полицаец, втор ранет, се претпоставува дека е терористички напад


  Белгиски полицаец синоќа им подлегна на повредите по напад со нож во близина на железничката станица во Брисел, а инцидентот го истражува Федералното обвинителство задолжено за случаите на тероризам, јави Скај Њуз. Белгиското федерално обвинителство соопшти дека двајца полицајци биле цел на инцидент во близина на северната станица во Брисел. Претставник на судот изјави …

Во Брисел убиен полицаец, втор ранет, се претпоставува дека е терористички напад Read More »

Четири главни теми во фокусот на 5. Годишна конференција за е-трговија


  Под мотото „E-commerce: Accelerate!“ денеска во Скопје се одржува петтото јубилејно издание на најголемиот настан за е-трговија во Северна Македонија – Конференцијата за е-трговија. Конференцијата добива регионален карактер и се очекува да учествуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, маркетинг специјалисти, менаџери и директори на компании и владини претставници од Северна Македонија, …

Четири главни теми во фокусот на 5. Годишна конференција за е-трговија Read More »

Концерт со филмска музика на гудачкиот камерен оркестар „АРКО“


  Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“ под диригентска палка на Ерхан Шукри вечер со почеток во 20 часот ќе одржи целовечерен концерт со филмска музика во Музејот на македонската борба. На програмата, како што е најавено, ќе се најдат филмски музички теми од познатите композитори М. Џиакино, Х. Манчини, Х. Цимер, М. Хамлиш, В. Стефановски, Ф. …

Концерт со филмска музика на гудачкиот камерен оркестар „АРКО“ Read More »

Промоција на книгата „Мајка Слоботка херој на времето“ од Тодор Бурназовски


  Книгата „Мајка Слоботка херој на времето“ од авторот Тодор Бурназовски вечер ќе биде промовирана во Здружението на пензионери – Куманово. На промоцијата ќе се обрати проф. д-р Ферид Мухиќ, а извадоци од книгата ќе чита актерот Горан Илиќ. 

Нов албум „Полихромија“ на македонскиот композитор Михаило Трандафиловски


  Најновиот авторски носач на звук „Полихромија“ ( Polychromy) на македонскиот композитор, виолинист и едукатор Михаило Трандафиловски официјално ќе биде објавен денеска во издание на Метиер (Métier). Албумот е реализиран во соработка со некои од најуспешните музички уметници во Велика Британија, блиски соработници на Трандафиловски, како Питер Шепард Скарвед, Нил Хајд, Линда Мерик, Родерик Чадвик, …

Нов албум „Полихромија“ на македонскиот композитор Михаило Трандафиловски Read More »