Атанасовски: Мостот „Беласица“ не треба да се урне, санацијата ќе зависи од оштетувањата


  Бетонот при своето вградување има одредени механички карактеристики, но поради пожарот доаѓа до таканаречена евапорација, испарување на водата заробена внатре во бетонските пори и поради тоа бетонот ги губи тие карактеристики. Сега прашањето е колку од тие каракеристики се изгубени, колку се задржани и што тоа ќе значи за конструкцијата. Арматурата за претходно напрегање …

Атанасовски: Мостот „Беласица“ не треба да се урне, санацијата ќе зависи од оштетувањата Read More »

Пазарните инспектори за една недела извршиле над 600 надзори и издале 110 прекршочни налози


Државниот пазарен инспекторат во периодот од 15 до 21 мај извршил над 600 надзори низ целата држава, при што се констатирани неправилности, за што се издадени над 110 прекршочни платни налози во вредност од над 2.660.000 денари. Покрај овие надзори, Државниот пазарен инспекторат соопшти дека постапува и по одлуките донесени од Владата кои се однесуваат …

Пазарните инспектори за една недела извршиле над 600 надзори и издале 110 прекршочни налози Read More »

Битиќи во КИМ – Неготино: Финансиската поддршка им помага на компаниите да бидат поконкурентни


 Со финансиската помош на Владата го поттикнуваме растот на компаниите, ги правиме поконкурентни и поразвиени Вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, ја посетија прехранбената компанија „КИМ“ од Неготино која слави 25 години успешно работење. КИМ е компанија формирана од 100 отсто домашен капитал која во своите почетоци произведуваше доматен …

Битиќи во КИМ – Неготино: Финансиската поддршка им помага на компаниите да бидат поконкурентни Read More »

Од органски отпад до струја, топлина и хумус: „Био ентерпрајз“ е пример за циркуларна економија


Најсовремена технологија за производство на чиста енергија, решавање на проблемот со органскиот отпад во дел од државата, и се разбира профитабилно работење. Можеби не по овој редослед, но овие елементи се чини дека се добитна комбинација за биогасната електрана „Био ентерпрајз“, инвестиција на три приватни компании, „Централ инвест“ на Кочо Анѓушев, добро познато име во …

Од органски отпад до струја, топлина и хумус: „Био ентерпрајз“ е пример за циркуларна економија Read More »

Изложба „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“ на Ѓоко Симјаноски во Тетово


Ликовната изложба „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“ на охридскиот сликар Ѓоко Симјаноски ќе биде поставена утре, петок 26 мај, во Музеј на тетовски крај, поранешен Дом АРМ, со почеток во 19 часот. Станува збор за целина од 45 охридски и тетовски мотиви, во сув пастел. Петнасетина слики го претставуаат Тетово, а триесетина слики …

Изложба „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“ на Ѓоко Симјаноски во Тетово Read More »

„Њујорк Тајмс“: Американските разузнавачи веруваат дека нападот со дронови врз Кремљ можеби го извршиле Украинци


Американските разузнавачки агенции не знаат точно кој го извршил нападот со беспилотно летало врз Кремљ во Москва овој месец, но укажуваат дека тој би можел да биде дел од серијата тајни акции со кои управуваат тајните служби на Украина, пишува „Њујорк Тајмс“. Според американски претставници, цитирани од весникот, нападот со два дрона „веројатно бил организиран …

„Њујорк Тајмс“: Американските разузнавачи веруваат дека нападот со дронови врз Кремљ можеби го извршиле Украинци Read More »

Уште една средба за зголемување на лимитот на американскиот долг


Преговарачите на претседателот Џо Бајден и претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти, по четиричасовната средба во Белата куќа, истакнаа дека биле „продуктивни“ во обидот да постигнат договор за зголемување на горната граница американскиот долг и избегнување на катастрофално сценарио САД да не може да ги плати своите долгови. Според Мекарти постигнат е напредок во преговорите …

Уште една средба за зголемување на лимитот на американскиот долг Read More »

Дали Западот се плаши од победата на Ердоган и неговата економска визија?


  Додека Турција се подготвува за вториот круг од претседателските избори во недела, на 28 мај, на кој ќе се избира меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу, светските медиуми предупредуваат на пад на домашниот пазар и на „тешки сценарија“ кои ги очекуваат доколку продолжи сегашната политика. Ердоган во првиот круг …

Дали Западот се плаши од победата на Ердоган и неговата економска визија? Read More »

Белорускиот нобеловец Бијаљацки префрлен во строг казнено-поправен дом и ништо не се знае за него, тврди неговата сопруга


Добитникот на Нобеловата награда за мир за 2022 година, белорускиот адвокат за човекови права Алес Бијаљацки беше префрлен пред околу еден месец во озлогласено суровиот затвор во Белорусија и оттогаш ништо не се знае за него, изјави неговата сопруга Наталија Пинчук. Бијалијачки издржува десетгодишна затворска казна, а според неговата сопруга, нема информации за него откако …

Белорускиот нобеловец Бијаљацки префрлен во строг казнено-поправен дом и ништо не се знае за него, тврди неговата сопруга Read More »

Во европските земји има над осум милиони украински бегалци


Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) соопшти дека вкупно 8.249.055 украински бегалци пристигнале во европските земји од почетокот на руската инвазија врз Украина. Според податоците на УНХЦР, само изминатата недела бројот на бегалци се зголемил за 8.766. Во периодот од 24 февруари 2022 година до 23 мај 2023 година, дури 2.852.395 …

Во европските земји има над осум милиони украински бегалци Read More »

Бајден на комеморација за масакрот во училиште во Тексас повторно повика за забрана на автоматското оружје


На комеморација во Белата куќа по повод првата годишнина од масовното убиство во училиштето во Увалде, во сојузната држава Тексас, американскиот претседател Џо Бајден го повтори својот повик за забрана за продажба на автоматско оружје. Претседателот, во придружба на сопругата Џил, кажа дека тоа е „тежок ден“ за семејствата додека гореа 21 бела свеќа во …

Бајден на комеморација за масакрот во училиште во Тексас повторно повика за забрана на автоматското оружје Read More »

Гувернерот на Флорида, Де Сантис се вклучи во републиканска претседателска трка


Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон Де Сантис вчера поднесе документи до Федералната изборна комисија за претседателска кандидатура за изборите во 2024 година. Со тоа Де Сантис ќе биде најголемиот ривал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Де Сантис студирал на елитните универзитети Јеил и Харвард. Покрај тоа, тој беше во американската морнарица и учествуваше во …

Гувернерот на Флорида, Де Сантис се вклучи во републиканска претседателска трка Read More »

САД и „Мајкрософт“ предупредуваат на активностите на „кинескиот државен кибер актер Волт Тајфун“


Хакерска група спонзорирана од кинеска држава инфилтрирана е во големите инфраструктурни мрежи во САД, соопшти вчера Вашингтон, неговите западни сојузници и „Мајкрософт“, предупредувајќи дека слични акции може да се случат ширум светот. Во заедничко соопштение на властите задолжени за безбедноста на информациите во САД, Канада, Велика Британија и Нов Зеланд, се предупредува дека се забележани …

САД и „Мајкрософт“ предупредуваат на активностите на „кинескиот државен кибер актер Волт Тајфун“ Read More »

Украинската армија одбила уште еден напад со дронови врз Киев


Киевската воена управа денеска соопшти дека противвоздушната одбрана во целост одбила уште еден „масовен“ напад на руски дронови. – Русија повторно го нападна Киев од воздух. Според првичните информации, беспилотни летала од типот Шахид учествуваа во овој масовен напад, објави на Телеграм шефот на цивилната и воена управа на Киев, Серхи Попко. Тој додаде дека …

Украинската армија одбила уште еден напад со дронови врз Киев Read More »

„Украс” – самостојна изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева


 Изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева, насловена “Украс” ќе биде отворена вечер во 19:30 часот во Музејот на град Скопје.   На отворањето на изложбата ќе се обрати директорот на Музејот на град Скопје, Панче Велков а изложбата ќе ја отвори претседателката на ДЛУМ, Јана Манева Чупоска. Во текстот за каталогот за изложбата на Анита Бошкова Доковска, …

„Украс” – самостојна изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева Read More »

Конференција „Македонската современа сликовница“ на фестивалот „Литера 2023“


Македонската современа сликовница ќе биде во фокусот на конференцијата што Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ ја организира денеска во Музејот на град Скопје. Како што соопштуваат организаторите, конференцијата ќе биде составена од два панела, а е дел од програмата на петтото издание на фестивалот, што годинава се одржува под мотото …

Конференција „Македонската современа сликовница“ на фестивалот „Литера 2023“ Read More »

Презентација на платформата „Мое здравје“


Министерството за здравство денеска ќе ја презентира платформата „Мое здравје“ која, како што најави, ќе им овозможи на сите граѓани да имаат лесен пристап и увид во личните здравствени податоци. -Апликацијата вклучува едукативен и интерактивен пристап кон здравственото досие на секој корисник и дава можност да се има увид во дијагностичките анализи, упатите за специјалистички …

Презентација на платформата „Мое здравје“ Read More »

Законот за академија за судии и јавни обвинители на Комисијата за европски прашања


Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи 54. седница на која на дневен ред е останат само Предлог на закон за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка. Останатите точки на дневен ред за кои заврши амандманската расправа беа петте закони поврзани со коридорите 8 и 10д, кои се веќе на …

Законот за академија за судии и јавни обвинители на Комисијата за европски прашања Read More »

Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со дожд


Претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Како што најави УХМР, минималната температура ќе биде во интервал …

Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со дожд Read More »

Во Собранието треба да почне дебата за измените на специјалниот закон за коридорите 8 и 10 д


Собранието денеска треба да ја продолжи 115. пленарна седница на која на дневен ред се останати триесетина точки. Меѓу нив се и законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10 д. За четири од нив е завршена расправата и треба само да се гласа, додека денеска се очекува да започне дебата за измените и …

Во Собранието треба да почне дебата за измените на специјалниот закон за коридорите 8 и 10 д Read More »