Од Пикасо до Мартиноски: Во „Кунстхале Виена“ се отвора изложбата поттикната од солидарната колекција на МСУ
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вечер (20 април) во 19 часот ќе присуствува на свеченото отворање на изложбата на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност, која е поставена во еден од најголемите европски културни центри, престижната галерија „Кунстхале Виена“ (Kunsthalle Wien Museumsquartier). Изложбата има наслов „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ – Скопје“ („No …