„Мател“ издаде „Барбика“ со Даунов синдром
Лос Анџелес – Компанијата „Мател“ во продажба пушти „Барбика“ со Даунов синдром, според наводите – во обид да го направи својот опсег поразновиден и поинклузивен. Американскиот гигант за играчки честопати се соочува со критики дека традиционалната Барби не ги претставува вистинските жени, па затоа последниве години создаде и кукли со апаратче за слушање, протетички екстремитети …