Првомајска промоција во Fashion Group за продолжен викенд со стил (галерија)


Иако за многу скоро се надеваме дека ќе уживаме во топлите денови, до тогаш, максимално да ги искористиме сите шик парчиња на супер промоција со потпис на брендовите на Fashion Group на намалување до -20% на колекција пролет-лето 2023. Во пресрет на уште еден продолжен викенд, акцентот го ставаме на лежерните и функционални парчиња кои …

Првомајска промоција во Fashion Group за продолжен викенд со стил (галерија) Read More »

Зошто германските Турци гласаат за Ердоган?


На претстојните избори во Турција за актуелниот претседател Ердоган ќе биде многу тесно. Но, ако се прашаат германските Турци, Ердоган би победил. Што се крие зад неговата популарност меѓу Турците во Германија? Нов претседател и нов Парламент на 14 мај ќе избираат не само од Турците во Турција, туку и од турските граѓани ширум светот, …

Зошто германските Турци гласаат за Ердоган? Read More »

Најстудено утрово во Берово, Лазарополе и на Попова Шапка


 Утрово најниска темепратура од -3 степени е измерена во Берово, на Попова Шапка и во Лазарополе. Следат Маврови Анови со -2, -1 во Крива Паланка и Крушево, 0 Скопје-Петровец, Претор, Битола, 1 Тетово, Прилеп, Демир Капија, 2 Охрид, Виница, Куманово, Дебар, 3 Штип, Струмица, 4 Скопје-Зајчев Рид, 6 Дојран и 8 степени во Гевгелија. Времето …

Најстудено утрово во Берово, Лазарополе и на Попова Шапка Read More »

На 79 години почина легендарниот ТВ-водител Џери Спрингер


Чикаго– Легендарниот ТВ-водител Џери Спрингер, кој се прослави со своето бурно и сочно ток-шоу, почина на 79 години. Тој го водеше контроверзното „Шоу на Џери Спрингер“ речиси три децении, почнувајќи од 1991 година. Неговиот публицист потврди дека Спрингер починал мирно во својот дом во Чикаго. „Способноста на Џери да се поврзе со луѓето беше во …

На 79 години почина легендарниот ТВ-водител Џери Спрингер Read More »

Како руската инвазија ја подели мафијата


Лондон= Александар Отделнов поседува необична туристичка атракција: музеј за шверц. Шверцот тече низ неговата родна Одеса уште од осумнаесеттиот век. Сè додека не се затвори поради Kовид-19, музејот прикажуваше сè, од бисери и пиштоли криумчарени во империјална Русија до посовремен плен. Потоа дојде војната во февруари 2022 година. „Пристаништето престана да работи, и сè престана“, …

Како руската инвазија ја подели мафијата Read More »

Спасовски: Криминaлитетот намален за 12, 26 проценти


 Во првите три месеци од годинава се откриени 20 случаи на криумчарење мигранти или нелегален влез на 2 654 лица, а кај сообраќајните незгоди и за бројот на жртви во сообраќајните незгоди имаме намалување за 3,6 проценти во споредба со истиот период од лани, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на критиките за …

Спасовски: Криминaлитетот намален за 12, 26 проценти Read More »

Преку аудиција ќе се избира македонскиот претставник на Детска Евровизија


Македонската радиотелевизија (МРТ) го потврди учеството на Детска Евровизија 2023 година што во ноември ќе се одржи во Ница, Франција. Евровизискиот сајт „Eurovoix“ објави дека соопштението на македонскиот јавен сервис следува по состанокот на Програмскиот совет на МРТ, на кој се разговарало за учеството на земјава на Евровизија и Детска Евровизија. Македонскиот учесник во Ница ќе биде …

Преку аудиција ќе се избира македонскиот претставник на Детска Евровизија Read More »

Пет години немав сила да прозборам за брат ми Горан, кажа Влатко Стефановски на концертот во Битола


-Ова е за мене тежок емотивен момент бидејки поминаа пет години од заминувањето на мојот брат Горан Стефановски, а во тој период немав сила ниту да дадам изјава. Меѓутоа еве помина некое време и сакам да обратам на некој начин и да заблагодарам на сите кои го организираа овој концерт во Битола. Инаку имав одамна …

Пет години немав сила да прозборам за брат ми Горан, кажа Влатко Стефановски на концертот во Битола Read More »

Поетско матине во КИЦ на Македонија во Софија по повод 18. роденден


Во Културно-информативниот центар (КИЦ) на Северна Македонија во Софија денеска, по повод 18-тиот роденден, се одржа поетско матине. Делегацијата на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) предводена од претседателот Христо Петрески, претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска и членот на претседателството на ДПМ, Бранко Цветковски читаа своја поезија. Преводот на бугарски јазик го читаше …

Поетско матине во КИЦ на Македонија во Софија по повод 18. роденден Read More »

Од Миќиќ до Попов: Со рокенрол одбележан роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало


Музичко-драмски перформанс во режија на Јордан Симонов, кој вклучува извадоци од претставата „Лонг плеј“ на Стефановски, како и неколку популарни рок нумери од ,,Леб и сол” и ,,Фолтин” чиј автор на текстовите е токму Горан Стефановски, се одржа денеска на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало, спроти Општина Центар.Во  перформансот настапија актерот Александар Микиќ …

Од Миќиќ до Попов: Со рокенрол одбележан роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало Read More »

Премиера до последно седиште: „Преекспонирано“ од денес во македонските кина


Дебитантскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова синоќа ја имаше својата премиера пред македонската публика во киното „Фросина“. Премиерата беше исполнета до последното седиште, а по завршувањето на проекцијата екипата заслужна за продукцијата на филмот беше дочекана со овации.  Посетителите имаа прилика да ги видат оригиналните фотографии кои се користат во филмот и се изработени со …

Премиера до последно седиште: „Преекспонирано“ од денес во македонските кина Read More »

По протестот на Филхармонија: Министерството за култура интензивно работи на решение


Министерството за култура интензивно работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати. Впрочем, тоа им го вети и министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска на неколкуте средби. Веруваме дека на филхармоничарите набргу, кога ќе го слушнат решението, ќе им биде јасно дека со одлуката за привремено останување на џез-музичарите во Филхармонијата до правното регулирање на …

По протестот на Филхармонија: Министерството за култура интензивно работи на решение Read More »

Невиден луксуз и сјај на Менхетен : „Тифани“ се поднови со нова продавница под француско водство


Њујорк – Тифани и Ко.се горди на новата, реновирана, луксузна продавница, во центарот на Њујорк, во сопственост на најголемата луксузна групација во светот LVMH. Филмската актерка од „Wonder Woman“ Гал Гадот присуствуваше на церемонијата на сечење лента во раните утрински часови, во друштво со извршниот директор на Тифани, Ентони Ледру и Александре Арно, извршен потпретседател …

Невиден луксуз и сјај на Менхетен : „Тифани“ се поднови со нова продавница под француско водство Read More »

Чарлс и Камила ја покажаа сцената на Евросонг во Ливерпул: Еве што се случи


Ливерпул– За неполни две недели започнува омиленото музичко натпреварување – Евросонг! Британскиот крал Чарлс и неговата сопруга Камила во средата ја открија сцената на која ќе бидат домаќини претставниците на Евровизија од 9 до 13 мај. Кралот најави дека со голем интерес ќе го следи натпреварот кој годинава се одржува во Ливерпул, се сретна со …

Чарлс и Камила ја покажаа сцената на Евросонг во Ливерпул: Еве што се случи Read More »

Сибо: „Зелениот дворец“ е роман за Скопје што веќе го нема и за Скопје што го познаваме


Една од највпечатливите градби во Скопје, зелената куќа-дворец во населбата Црниче, околу која со години се плетеа мистерии и легенди, е главната инспирација за приказната во новата книга „Зелениот дворец“ од авторот Дејан Сибиновски – Сибо, член на етно-групата „Баклава“. Романот, кој е добитник на наградата „Пегаз“ за 2022 година, беше промовиран вчеравечер (26 април) …

Сибо: „Зелениот дворец“ е роман за Скопје што веќе го нема и за Скопје што го познаваме Read More »

„Златен објектив“ за Љупчо Констатинов и Тонкица Митровска


Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Управниот одбор на Кинотеката на Македонија ги прогласи Тонкица Митровска, аниматорка, и Љупчо Константинов, композитор на филмска музика – за добитници на наградата „Златен објектив“ за 2023 година. Признанијата …

„Златен објектив“ за Љупчо Констатинов и Тонкица Митровска Read More »

Циципас за ривалството со Алкараз: Треба да тренирам за да ја подобрам играта


Мадрид – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас проговори за ривалството со Карлос Алкараз. Во меѓусебните дуели Циципас е инфериорен 0:4. На Мастерсот во Мадрид тие може да се сретнат само во финалето. – Далеку е финалето, по две недели. Треба да тренирам за да ја подобрам мојата игра. Toa e единствениот начин на кој можам да променам …

Циципас за ривалството со Алкараз: Треба да тренирам за да ја подобрам играта Read More »

Сопругата на Пирс Броснан има богатство од 100 милиони долари


Лос Анџелес – Повеќе од 20 години, Кили Шеј Смит е среќнo мажена за холивудскиот заводник Пирс Броснан, со кого има два сина – Парис и Дилан, но и заработила значителна сума пари. Иако е мажена за холивудски глумец од „А-листата“, и оваа наградувана американска новинарка, истражувачка и глумица има доста голем удел во семејното …

Сопругата на Пирс Броснан има богатство од 100 милиони долари Read More »

Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за првомајскиот викенд


Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за претстојниот првомајски викенд, информираа од Општината. И во приватното и во хотелското сместување нема слободни места, а дојранци очекуваат рекордна посета за викендот. -Ако се суди по интересот за Дојран за првомајскиот викенд, тогаш можеме да сметаме и на добра туристичка сезона. Отсекогаш посетеноста за Први Мај …

Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за првомајскиот викенд Read More »

Дојче банк во првиот квартал оствари добивка од 1,85 милијарди евра


Берлин– Дојче банк, најголемата германска банка, во првиот квартал оствари добивка пред оданочување од 1,85 милијарди евра, што е за 12 отсто повеќе во однос на истиот период лани и e 11-ти квартал по ред кога остварува добивка. Истовремено, ова е највисока квартална добивка на банката од 2013 година. Од банката денеска соопштија дека сакаат …

Дојче банк во првиот квартал оствари добивка од 1,85 милијарди евра Read More »