Фолксваген го продаде сиот имот во Русија


Берлин – Германскиот производител на автомобили Фолксваген ја заврши продажбата на својот имот во Русија, се наведува во соопштението на оваа компанија. Завршена е продажбата на уделот во руската групација Фолксваген, вклучувајќи ги и подружниците, се додава во соопштението. Продадена е и фабриката за автомобили во градот Калуга. Руски медиуми претходно оваа недела соопштија дека Фолксваген …

Фолксваген го продаде сиот имот во Русија Read More »

Филхармонија со „Тешкото“ протестираше пред Владата


Со изведба на „Тешкото“ од Глигор Смокварски денеска вработените во Македонска филхармонија одржаа протест пред Владата, поради одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на оваа институција.  Претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски на протестот упати апел за средба со премиерот Димитар Ковачевски за побрзо надминување на овој проблем. Фото/ МИА …

Филхармонија со „Тешкото“ протестираше пред Владата Read More »

Берлускони по месец и половина ја напушта болницата во Милано


Милано – Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска ќе биде отпуштен од болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат италијанските медиуми. Лидерот на Форца Италија беше хоспитализиран на 5 април и ќе го напушти болничкото одделение по 44 дена хоспитализација, пишува весникот „Месаџеро“. Осумдесет и шестгодишниот Берлускони беше во болница поради воспаление на белите дробови, а при …

Берлускони по месец и половина ја напушта болницата во Милано Read More »

Мајли Сајрус прозборе за „Вог“: Многу ме судеа како детска ѕвезда


Лондон- Многу контроверзии ја следеа Мајли Сајрус во текот на нејзината кариера – но таа повеќе одбива да се обвинува себеси. Во новото интервју за британскиот Вог, кантавторката на „Цвеќиња“ се отвори за своето патување од детската ѕвезда до денес и за тоа како се чувствувала виновна за моментите во нејзината кариера кои наидоа на …

Мајли Сајрус прозборе за „Вог“: Многу ме судеа како детска ѕвезда Read More »

Банкротираше фирмата за забава на Керол Мидлтон


Англија– Бизнисот со забавни производи што го започна мајката на принцезата од Велс е продаден откако падна во администрација. Party Pieces беше лансиран во 1987 година кога Керол Мидлтон бараше инспирација за петтиот роденден на нејзината ќерка Кејт. Бизнисот е купен од претприемачот Џејмс Синклер за необјавена сума. Компанијата првично беше управувана од семејниот дом …

Банкротираше фирмата за забава на Керол Мидлтон Read More »

Смртните случаи од Ковид-19 им скратија на луѓето ширум светот околу 336,8 милиони години живот


Женева – Смртните случаи од Ковид-19 се проценува дека им скратија на луѓето ширум светот околу 336,8 милиони години живот, според новите пресметки на Светската здравствена организација кои се обидуваат да го покажат вистинскиот обем на пандемијата. СЗО припишува вкупно 14,9 милиони смртни случаи на коронавирусот само во 2020 и 2021 година. Организацијата пресметала дека …

Смртните случаи од Ковид-19 им скратија на луѓето ширум светот околу 336,8 милиони години живот Read More »

Сезоната на попусти во Италија се одложува заради климатските промени?


Рим – Подоцните и подолги лета и поблагите зими во Италија ги натераа двата најголеми трговци со облека да побараат сезоната на попусти да се одложи за неколку недели. Трговците со облека често ги намалуваат цените на непродадената облека за да ги испразнат полиците за претстојната сезона. За почетокот на сезонските попусти во Италија одлучуваат регионалните …

Сезоната на попусти во Италија се одложува заради климатските промени? Read More »

Г7 со нови санкции за руските дијаманти


Хирошима – Г7 објави планови за ограничување на трговијата со дијаманти со Русија во обид да ги намали приходите што ја финансираат тековната војна на Москва против Украина. Лидерите на земјите-членки на Г7 денеска на првиот ден од Самитот во Хирошима ги објавија новите санкции кон Русија, во обид да се намалат приходите на Москва со …

Г7 со нови санкции за руските дијаманти Read More »

Светската гудачка атракција „Бонд“ по Скопје, со ексклузивен концерт во Струмица на 20 мај


По концертот на „Охридско лето“ во 2013 година, гудачкиот квартет од Велика Британија- Бонд, доаѓа во Македонија, со ексклузивен концерт во Струмица на 20 мај, со капацитет од само 600 влезници.  Вечерва, атрактивните музичарки имаат настап во Македонската филхармонија, во 20 часот.  „После голем број критики дека освен во Скопје и на лето во Охрид …

Светската гудачка атракција „Бонд“ по Скопје, со ексклузивен концерт во Струмица на 20 мај Read More »

Стив Аоки ја предводи листата учесници на Охрид колинг 2023


Прославениот американски диџеј и продуцент Стив Аоки ја предводи листата учесници на годинашното издание на Охрид колинг. Фестивалот на електронската музика, што го организира „Авалон продукција“, ќе се одржи од 31 јули до 3 август во охридската касарна. Како други главни ѕвезди се најавени босанско-шведскиот диџеј Салваторе Ганачи, Данецот Мортен и Англичанецот Џонас Блу, за …

Стив Аоки ја предводи листата учесници на Охрид колинг 2023 Read More »

„Најсреќниот човек на светот “ на Теона С. Митевска го освојува и Кан


Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска ќе биде прикажан на Канскиот филмски фестивал во програмата на Cannes Cinema. Оваа програма е наменета за љубителите на седмата уметност и нуди преглед на Канскиот филмски фестивал, но и филмови кои имаа успешни проекции на други фестивали, но и успешна дистрибуција. Споменатиот филм повторно ќе …

„Најсреќниот човек на светот “ на Теона С. Митевска го освојува и Кан Read More »

Пирс Броснан со прва изложба на слики во Лос Анџелес: Уметноста ми го спаси животот


Лос Анџелес – Пирс Броснан се обидел да пишува за себе многу пати, но преку сликарството славниот актер навистина чувствува дека може целосно да се изрази. „(Уметничкото дело) е биографско. Се обидов да ги напишам мемоарите, и тоа е толку досадно. Треба само да се копа во главата и срцето и сеќавањето на животот. И …

Пирс Броснан со прва изложба на слики во Лос Анџелес: Уметноста ми го спаси животот Read More »

„Увозникот на бели ноќи“ – промоција на новиот роман на Трајче Кацаров


Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска во 12 часот ќе биде промовиран новиот роман на Трајче Кацаров, насловен „Увозникот на бели ноќи“. -На страниците од своето најново прозно дело авторот прави мозаик на ретко возбудливи настани што се случуваат во нашата средина. Романескната структура е проткаена со комични и хумористични елементи, привлечни за широк …

„Увозникот на бели ноќи“ – промоција на новиот роман на Трајче Кацаров Read More »

За филмот на Алмодовар во Кан се бараше влезница повеќе


Кан- Премиерата на квир вестернот на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, со Итан Хок и Педро Паскал како измачени љубовници, доби одлични критики на Канскиот филмски фестивал и остави многумина да посакаат повеќе. 31-минутниот „”Strange Way of Life“ беше најжешката карта во градот на француската ривиера, со стотици наредени фанови под чадори на поројниот дожд, многу …

За филмот на Алмодовар во Кан се бараше влезница повеќе Read More »

На 84 години почина сликарот Таки Павловски


На 84-годишна возраст на 17 мај почина академскиот сликар Таки Павловски. Роден е 1939 година во костурското село Желин. Павловски дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Бил на студиски патувања во Будимпешта, Москва, Киев и Ленинград. Во 1975 патувал во Париз како стипендист на француската влада, а во 1995 и …

На 84 години почина сликарот Таки Павловски Read More »

Подарок-картички за најубав матурски подарок


Изборот на идеалниот подарок за матуранти и полуматуранти не мора да биде тежок избор. Изберете подарок-картичка на Комерцијална банка за шопинг во Skopje City Mall и во East Gate Mall и предизвикајте насмевки и радост кај славениците. Подарок-картичките се во износ од 1.000 до 5.000 денари и се навистина елегантно решение кога сакате да бидете сигурни дека …

Подарок-картички за најубав матурски подарок Read More »

Премиерата на „Сексот и градот“ се наближува – пријателството е најважно


Лос Анџелес- Во април, HBO објави тизер за втората сезона од новото поглавје на култната серија „Сексот и градот“, давајќи мал поглед на новиот заплет и ликовите кои повторно ќе ги красат нашите мали екрани. „Без разлика што ви носи животот, секогаш можете да сметате на вашите најблиски пријатели да бидат тука за вас“, вели …

Премиерата на „Сексот и градот“ се наближува – пријателството е најважно Read More »

Ќерката на Мик Џегер уапсена на Ибица заради напад на полицајци


Мадрид – Џејд Џегер, ќерката на пејачот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, е уапсена на шпанскиот остров Ибица поради напад на полицајци, изјави во четвртокот полициски извор без да даде дополнителни детали. 51-годишната дизајнерка на накит престојувала во хотел на популарниот остров за забави најмалку од 11 мај, според нејзиниот Инстаграм профил. Таа беше уапсена …

Ќерката на Мик Џегер уапсена на Ибица заради напад на полицајци Read More »

Следи судско сценарио меѓу продукцијата „Банана филм“ и Агенцијата за филм


Откако Агенцијата за филм поднесе кривична пријава против продукцијата „Банана филм“, правниот тим на режисерот Милчо Манчевски најави тужби и кривични пријави за кршење на законот по повеќе основи, за попречување на професионална работа, за замолчување укажувач на корупција и за клевета. „Агенцијата за филм лаже дека инспекцијата на Министерството за култура нашла неправилности во …

Следи судско сценарио меѓу продукцијата „Банана филм“ и Агенцијата за филм Read More »

На 79 години почина глумецот Хелмут Бергер, ѕвезда од филмовите на Висконти


  Австрискиот глумец Хелмут Бергер почина вчера на 79-годишна возраст. Како што пренесуваат западните медиуми, починал мирно во сон. Како ѕвезда на 1960-тите и 70-тите, тој се прослави глумејќи во филмовите на италијанскиот режисер Луkино Висконти. А, многумина веројатно најмногу го помнат по улогата во третиот дел од „Кум“ каде што го глумеше Фредерик Кајнциг. …

На 79 години почина глумецот Хелмут Бергер, ѕвезда од филмовите на Висконти Read More »