Трамп ќе ја прескокне првата републиканска претседателска дебата неделава


Вашингтон – Првата телевизиска дебата пред прелиминарните избори на Републиканската партија во САД ќе се одржи без учество на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, јави ДПА, повикувајќи се на неговата изјава на неговата социјална мрежа „Truth Social“.   -Јавноста знае кој сум јас и какво успешно претседателствување имав. Еве зошто нема да учествувам на дебатите, напиша […]

Австралија купува над 200 крстосувачки ракети Томахавк од САД


Канбера – Австралиската Влада најави дека ќе купи повеќе од 200 крстосувачки ракети Томахавк од САД за потребите на Кралската австралиска морнарица, за што ќе издвои приближно 830 милиони американски долари. Австралија ќе биде само една од трите земји, заедно со САД и Велика Британија, кои ќе имаат ракети со дострел од 1.500 километри. Според австралискиот […]

Тропската бура „Хилари“ ја погоди Калифорнијa


Вашингтон – Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала вчера е регистриран во јужна Калифорнија, каде пристигна тропската бура Хилари. Епицентарот на земјотресот бил во областа северно од Лос Анџелес, а потресите ги почувствувале жителите во голем дел од јужната област на оваа американска сојузна држава, додека се подготвувале за да се заштитат од […]

Администрацијата на Бајден ќе ги повика Американците да се вакцинираат против Ковид-19


Вашингтон – Администрацијата на Бајден планира да ги повика Американците да добијат дополнителна доза од вакцината против „Ковид-19“ оваа есен, со цел да се спротивстави на новиот бран инфекции, изјави претставник на Белата куќа. Официјалниот претставник рече дека Центрите за контрола и превенција на болести известуваат за зголемување на инфекциите и примени во болници поради ширењето […]

Дваесет доктори на науки и речиси 600 магистри немаат работа


Вкупно 599 магистри на науки и 20 доктори на науки во моментов се без работа, покажува последната евиденција на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија(АВРМ). Освен тоа, според бројките и 6.820 лица со високо образование во земјава чекаат вработување. Во АВРСМ за Мета.мк информираат дека од невработените магистри на науки, според областа во која магистрирале, […]

Сончево и многу топло, температури до 39 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, a на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. UV=8. Во Скопје сончево и многу топло со […]

Градоначалникот на Истанбул ги повика жителите да штедат вода


Истанбул – Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу ги предупреди граѓаните да ја користат водата умерено, во услови на жештините и слабите врнежи во летната сезона, објави електронското издание на весникот „Сузџу“. Градоначалникот истакна дека според Координативниот центар за катастрофи на Истанбулската општина (АКОМ), следната недела во Истанбул не се очекуваат врнежи. „Ги повикувам сите наши […]

Астрономски календар


 Денеска е понеделник, 21 август 2023 година, 233-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 132 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 47 минути, а ќе зајде во 19 часот и 26 минути. Денов трае 13 часа и 38 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Антологиско финале во Синсинати: Ѓоковиќ по четиричасовен трилер го „скрши“ Алкараз


Синсинати- Новак Ѓоковиќ е победник на Мастерсот во Синсинати, кој е последен тест пред УС Опен. Србинот синоќа го победи Карлос Алкараз со 2-1 во сетгови (5-7, 7-6/7, 7-6/4), во антологиски дуел кој траеше четири часа. Љубителите на тенисот видоа неверојатен меч, можеби и најдобар годинава. Алкараз одлично влезе во мечот и со одземањето на […]

Гауф во Синсинати ја освои највредната титула во досегашната нејзина кариера


Синсинати – Тенисерката од САД, Коко Гауф вечерва ја победи Каролина Мухова со 6:3 и 6:4 во финалето во ВТА-турнирот во Синсинат и. Американката ја освои петтата титула во кариерата и прва ниво на ВТА 1000. Во понеделник Гауф ќе стане шести рекет на светот. Наградниот фонд на женскиот дел од турнирот во Синсинати изнесуваше […]

Поради сообраќајка забавен сообраќајот на влез и излез во Охрид


Сообраќајна несреќа кај Горенци во која учествувале најверојатно три возила, вечерва го забави сообраќајот на излез и на влез во Охрид. Полицијата го пренасочува сообраќајот по локален пат, а тој се одвива наизменично. 

Пожар го зафатил археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, опожарена дел од опремата за ископување


Пожар што вчера настанал во атарот на селото Славеј, Општина Кривогаштани, зафатил и дел од археолошкиот локалитет „Врбјанска Чука“, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Пожарот настанал околу 15 часот, а била опожарена и дел од опремата за ископување што се користи во локалитетот, инаку во сопственост на Центарот за истражување на праисторија – […]

Шпанија го освои трофејот на женскиот фудбалски Мундијал


Сиднеј – Женската репрезентација на Шпанија попладнево ја победи Англија со 1:0 во финалето на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд и го освои Светското првенство за фудбалерки. Ова е прв трофеј за Шпанија во својата историја Стрелец на единствениот гол во 29. минута беше Олга Кармона. Во 70. минута Џенифер Хермосо пропушти можност […]

Регионалната ѕвезда Милош Биковиќ на Охридско лето: Ќе биде предизвик Антички да го замениме со спална соба


Импресивни, возбудливи и блескави доживувања на врвните концерти и театарски претстави кои ги понудивме на ова 63. фестивалско издание на автентичните локалитети, Античкиот театар, црквата Св.Софија, предворјето на Св. Софија, Долни Сарај, и Центарот за култура се сведоштво дека фестивалот „Охридско лето“ е специфичен и посебен, препознатлив и единствен на нашите простори, како еден од […]

ЗНМ, ССНМ, СЕММ и МИМ: Обидот за внесување страв и самоцензура кај новинарите нема да успее


По апелот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија итно да престане злоупотребата на процесот за неоснована лична и институционална дискредитација и соопштението на „Брако“ во кое се отфрлаат наводите во документарецот на ИРЛ за пожарот во тетовската модуларна болница, и дека не е во нивна надлежност дали и како по примопредавањето потоа се доопремувал, […]

Албанија забранува користење телефони за учениците и за наставниците за време на настава


Тирана – Албанија забранува употреба на мобилни телефони, за време на настава, во основните и средните училишта и за учениците и за наставниот кадар. -За елиминирање на масовната појава на употреба на мобилни телефони за време на наставата, Министерствата за образование  и за финансии, потпишаа заедничка наредба, која има за цел забрана на  користењето мобилни […]

Околу 26.000 луѓе принудени да избегаат поради шумските пожари на Тенерифе


Мадрид –  Вкупно околу 26.000 луѓе се принудени да избегаат од пожарот на шпанскиот остров Тенерифе, соопштија спасувачките служби. „Привремените проценки сугерираат дека евакуираните денeска се над 26.000“, се вели во пораката на социјални мрежи, објавена од службите за итни случаи. Вчера беа евакуирани 4.500.  Пожарот уште повеќе се прошири ноќеска поради особено тешките временски […]

Две починати лица пронајдени во нивните домови


Две починати лица се пронајдени вчера во нивните домови, во два одделни случаи во Скопје и Битола, соопшти МВР. Ј.Ш. од Прилеп, вчера во 10.00 часот во СВР Скопје, пријавила дека на ул. „Козле“ во Скопје го пронашла починат нејзиниот татко З.Ј.(62). Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. Во […]

Новиот тест на крвта може да ја идентификува причината за треска кај децата во рок од еден час


Лондон – Крвниот тест што може да помогне да се дијагностицира причината за високата температура кај децата за помалку од еден час, научниците го опишаа како големо откритие. Повеќето постоечки дијагностички тестови се фокусираат на откривање на патоген и може да потрае 72 или повеќе часа за да се добијат резултати. Глобален тим предводен од истражувачи […]

Илон Маск ќе ја ограничи функцијата за „блокирање“ на Х, порано познат како Твитер


Илон Маск во петокот објави дека функцијата за блокирање ќе биде многу ограничена на социјалната мрежа X, порано познат како Твитер, со што ќе се отстрани функцијата која долго време се сметаше за заштита од вознемирување, објави Вашингтон пост. Маск во повеќе твитови рече дека функцијата за блокирање „нема смисла“ и дека ќе биде „избришана како […]