Дел од Општина Карпош без вода


Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат улиците „Осло“, „Будимпештанска“, „Душко Бојковски“, „Бањалучка“, „Љубица Ѓоргиева“, „Урош Џудовиќ“ и „Женевска“ во  Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на затварачи од ф125мм и од 100мм на ул. „Осло“ бр.15а. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со […]

ММФ и Светска банка годишниот состанок ќе го одржат во Мароко


Вашингтон – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка одлучија да го одржат својот годишен состанок во октомври во Мароко, и покрај фактот што земјата неодамна беше тешко погодена од разорен земјотрес.   Одлуката синоќа ја донесоа високи функционери на двете меѓународни институции, откако мароканските власти извршија притисок врз форумот што ќе се одржи во […]

Дел од општините Сопиште и Бутел без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел и Сопиште, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 9:00 до 12:00 часот без електична енергија ќе бидат корисниците од улицата 4, Соње Коштан, село Горно Соње во Општина Сопиште. Во периодот од 9:00 до 11:00 часот […]

Експерти во ЕП ќе разговараат за дезинформациите на Балканот и за контрамерките


Брисел – Ширењето дезинформации на Балканот и контрамерките ќе бидат тема на разговор меѓу експерти, што ќе се одржи денеска во Европскиот парламент во Брисел, јави БТА. Учесниците ќе разговараат за патот на средствата за рекламирање од меѓународни компании до медиумите што шират дезинформации и тврдења за поддршка на руските интереси и против ЕУ. Ќе се […]

Поранешен НФЛ играч исчезна откако неговата мајка е пронајдена мртва


Њујорк – Американската полиција распиша потерница по поранешниот НФЛ играч Серџио Браун (35), откако изминатиот викенд беше пронајдено безживотното тело на неговата мајка во близина на поток во предградие на Чикаго. Мартл Браун (73) беше пронајдена мртва во саботата попладне во близина на својот дом во Мејвуд, откако роднините пријавиле во полицијата дека не можат […]

Турската федерација ги демантира медиумите: Не му е врачен отказ на Кунц


Истанбул – Селекторот на турската фудбалска репрезентација, германскиот стратег Штефан Кунц, не добил отказ, објави вечерва Фудбалската федерација на Турција (ТФФ), демантирајќи ги медиумските написи. Турската новинска агенција „Демирорен“ (ДХА), објави во неделата дека ТФФ одлучил да ја раскине соработката со Кунц, откако Германецот ги критикувашe своите играчи по поразот во пријателскиот натпревар со Јапонија. […]

Во ЕУ регистрирани речиси 1,2 милијарди ноќевања


Брисел – Туристичкиот сектор во ЕУ доживува силно закрепнување од последиците на пандемијата од Ковид-19, па така во првата половина на 2023 година се регистрирани милијарда и 193 милиони ноќевања во туристичките капацитети, што претставува најголема бројка во изминатава деценија, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат.  Ова е за речиси 11 милиони повеќе туристички ноќевања во […]

Претпладне сончево, попладне и во текот на ноќта локално пороен дожд и грмежи


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта на места ќе има појава на пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 26 […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 19 септември 2023 година, 262-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 103 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 18 минути, а ќе зајде во 18 часот и 37 минута. Денов трае 12 часа и 19 минута. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Какви есен и зима не очекува, еве што вели метереологот Славчо Попоски


Метеорологот Славчо Попоски ја објави првичната метео анализа за претстојната есен, а иако е рано, сепак, ги даде своите прогнози и за претстојната зима. „ Најновите излези на нумеричките модели за претстојната есен за Македонија укажуваат на тоа дека ќе имаме натпросечно топло време со релативно високи температури на воздухот, но со просечно количество на врнежи, […]

Ѓоковиќ го пропушта Шангај


Шангај – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска преку социјалните мрежи дека нема да настапи на АТП турнирот од серијата 1000 во Шангај, кој оваа година се враќа во календарот прв пат по епидемијата на Ковид 19. „Низ годините ја добив најдобрата поддршка во Кина. Шангај секогаш беше еден од моите најважни турнири во […]

Стевановиќ : Нема простор за паника кога е во прашање Ковид-19


Нема простор за паника кога е во прашање Ковид-19, инфекцијата ќе биде присутна како што е присутен грипот, изјави за МИА, директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ.  – Шестмина хоспитализирани пациенти имаме во моментов, примени изминатите денови, повозрасни, над 70 години, сите со сериозни коморбидитети и тешки болести, како малигност, срцева болест. Двајца […]

Министерството за култура демантира дека ќе има буџетско кратење кај Агенцијата за филм


Во врска со информациите по испратеното писмо од група филмски работници до Министерството за култура преку кое тие, според нив, искажуваат своја реакција од кратењето на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, како што велат „без претходна најава и без консулатации од Агенцијата за филм“, информираме дека Министерството за култура не пристапило кон никакво кратење […]

Филмаџиите на протест ако Министерството за култура го скрати буџетот за филмска дејност


Над 50 македонски режисери и продуценти преку отворено писмо до јавноста го изразија својот револт до Министерството за култура заради кратењето на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, како што нагласуваат, без никаква најава или консултацци со Агенцијата за филм. Филмаџиите неофицијално дознале дека меѓу другото, во предлогот што Министерството за култура го доставило до […]

Македонија се враќа на Евросонг во 2024?


Во Програмата за работа на МРТВ, се најавува буџет и намера по ланскиот прекин на учество во Евровизија, следната 2024 година да биде избрана и претставена наша песна претставничка на Евровизија. „Програмата на Македонската Радио Телевизија во 2024 година ќе биде одбележана и со учеството на Изборот за песна на Евровизија 2024 година каде што ќе бидат […]

„Во спомен на Катина Иванова“ – видеа, фотографии и сведоштва во МНТ


На 20 септември (среда), во МНТ (на големата сцена), во 12 часотќе се оддаде почит на Катина Иванова, големата актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. „Низ видеа, фотографии и сведоштва на „Во спомен на Катина Иванова“ ќе се присетиме на нејзините реализирани улоги, нејзината насмевка, топол сензибилитет и поддршка […]

Со настан во Кавадарци, продолжуваат отворените средби со граѓанитена Комисијата за спречување и заштита од дискриминација


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, продолжува со организација на отворенисредби со граѓаните, невладиниот сектор и институциите. Следниот ваков настан ќе се одржи во среда,20 септември 2023 година, во салата на Советот на Општина Кавадарци. На оваа отворена средба, сите заинтересирани граѓани, активистите од граѓанските […]

„ПРО-ЗА Балкан“: Литературата е последната надеж за воскреснување на човекот


Седум врвни писатели од Балканот синоќа во Даут—пашиниот амам во Скопје беа претставени пред македонската публика на отворањето на 11. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје. Сите до еден успешни автори во своите земји, но и преведени на десетици јазици во регионот и пошироко. Добар дел од нив веќе добро познати за домашните читатели, […]

Десет преведувачи во трка за наградата „Драги“


Жири комисијата за доделувањето на наградата „Драги“ се одлучи во вториот круг на селекција да влезат 10 преведувачи со изданија објавени од 7 издавачки куќи: 1. Алида Муча за преводот од албански јазик на „Премин во времето“ од Миѓен Келменди, во издание на Темплум. 2. Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански јазик на „Пет куси романи и неколку раскази“ од […]

Специјална награда за Милчо Манчевски на фестивалот И-фест во Италија


Најтрофејниот македонски режисер, Милчо Манчевски овој викенд доби Специјална награда на фестивалот И-фест во Калабрија, Италија. Тој  е почесен гостин на фестивалот, кој го чествува со Ретроспектива на комплетниот опус, од „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“ и „Кајмак“ до кратките „Четврток“ и „Крајот на времето“.  -Ме изненади наградата и ме потсети на […]