Состанок на Експертската мрежа на ОБСЕ во Скопје


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе го отвори состанокот на Експертската мрежа на ОБСЕ – Стратегиско предвидување во променлива средина: Перспективи за соработка и безбедност во Европа – Градење на експертска мрежа на ОБСЕ што се одржува во Скопје. Воведно обраќања ќе има и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга […]

Сончево со мала до умерена локална облачност


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура […]

280 германски државјани и нивните роднини успеале да се евакуираат од Појасот Газа


Берлин – Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека во последните денови 280 германски државјани и нивни роднини успеале да го напуштат Појасот Газа, јави ДПА. Дипломатското претставништво информира дека продолжува да прави се што е во негова моќ за да гарантира дека лицата со германски пасоши кои сакаат да ја евакуираат палестинската енклава ќе имаат […]

Астрономски календар


 Денеска е понеделник, 13 ноември 2023 година, 317-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 48 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 16 часот и 15 минути. Денов трае 9 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во […]

Ѓоковиќ по тричасовна битка со Руне го осигура првото место на АТП листата


Торино- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа со победа го отвори завршниот АТП-турнир во Торино. Најдобриот светски рекет беше подобар од дебитантот Хелгер Руне, кого го совлада со 2-1 во сетови (7-6, 6-7, 6-3) во меч кој траеше нешто повеќе од три часа. Со оваа победа Србинот го осигура првото место на АТП листата на крајот […]

Кралот Чарлс откри бронзени статуи на неговите покојни родители


Кралот ги откри бронзените скулптури на неговите покојни родители во Ројал Алберт Хол во трогателна почит. Неговото височество (74) беше придружувано од кралицата за церемонијата на откривање во саботата, пред да присуствува на годишниот Фестивал на сеќавањето во салата. Статуите на покојната кралица и принцот Филип беа нарачани како дел од 150-годишнината на салата во […]

Почивалиштето на принцезата Дијана е достапно само со брод, еве што сподели братот Чарлс


Ерл Чарлс Спенсер во неделата предизвика реакција на обожавателите кога објави  световна слика од последното почивалиште на принцезата Дијана во Овалното езеро. На Инстаграм, 59-годишниот брат објави мистична слика од тркалезното овално езеро од пред три години. Декоративното езеро во куќата Алторп – кое е познато по тоа што е местото каде што е погребана […]

Во Истанбул уапсен експерт за бомби на терористичката група Исламска држава


Анкара – Турските безбедносни сили во Истанбул уапсија експерт за бомби на терористичката група Исламска држава, соопштија денеска безбедносни извори. „Во заедничка операција, полицијата и тимовите на турската национална разузнавачка служба го уапсија осомничениот, идентификуван само со иницијалите А.Ј.А., во населбата Султанбејли во градот“, изјави анонимен извор за Анадолија. Додаде дека осомничениот бил вклучен во […]

Давид Рене, креативниот директор на „Москино“, почина на 46 години


Милано – Новоименуваниот креативен директор на модната куќа „Москино”, Давид Рене почина вчера во Милано на 46-годишна возраст. Веста ја потврдија од неговата матична куќа, каде беше на водечката позиција само десетина дена. „Иако со нас беше многу кратко, Давид уживаше голема почит и симпатии меѓу вработените. Изразуваме длабоко сочуство до семејството и неговите пријатели”, […]

Мени за вечера од „Титаник“ продадено за 75 илјади евра


Повеќе од 111 години по потонувањето на Титаник, сувенири од луксузниот брод се продадени на аукција за десетици илјади фунти, а вистинската ѕвезда е менито на првокласниот ресторан. Менито предизвика особен ентузијазам. Открива дека патниците од прва класа јаделе морска храна, риба и десерт три дена пред потонувањето на луксузниот британски брод, пишува „Гардијан“. Менито […]

Владата итно да се посвети на довршување на пругата кон Бугарија, бара ЕУ


Итно да се забрза изградбата на железничкиот Коридор 8, со посебен акцент на распишување на тендерот за изведба на третата фаза од пругата кон Бугарија, на потегот од Крива Паланка до македонско-бугарската граница. Ова е само дел од клучните препораки од Европската комисија (ЕК) во поглавјата за транспорт и трансевропските коридори во најновиот Извештај за напредокот […]

Новороденче почина од сепса на Детската клиника во Скопје


Новореденче со сепса починало на Детската клиника во Скопје, потврди за МИА директорката на клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ.  Таа информира дека новороденчето било е донесено од Прилеп на Детската клиника во тешка состојба, со ирегуларно дишење, било згрижено на Единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација. […]

Вучиќ: Ако победи опозицијата на изборите, јас нема да бидам претседател


Белград – Српскиот претседател Александар Вучиќ на предизборниот митинг на Српската напредна партија (СНС) во Смедерево изјави дека, доколку опозицијата победи на изборите, тој повеќе нема да биде претседател. -Ја прифатив честа да бидам носител на оваа изборна листа бидејќи ќе сносам најголема одговорност. Дали навистина мислите дека е можно јас да бидам претседател, а […]

Стартува завршниот Мастерс во Торино: Ѓоковиќ игра за историја


Со двата мечеви од групата А (зелена група), се крева завесата на финалниот АТП Мастерс кој се игра во Торино. Најдобрите осум тенисери во 2023 година ќе се борат за најпрестижниот трофеј по четирите Грен слема, а тронот ќе го брани Новак Ѓоковиќ. Токму Србинот игра за историја во Торино. Ѓоковиќ е голем фаворит за […]

Тејлор Свифт ги надмина Лајонел Ричи и Пол Макартни по бројот на номинации за Греми


Поп-ѕвездата и музички феномен Тејлор Свифт го собори рекордот по број на номинации за Греми наградите. Имено, таа се најде на кратката листа на номинирани за најдобра песна, за „Антихерој“, а номинирана е седум пати, пишува „Би-Би-Си“. Со тоа, младата кантавторка ги надмина Пол Макартни и Лајонел Ричи, кои досега го делеа рекордот по број […]

Џулија Робертс го продаде домот во Сан Франциско за 11 милиони долари


Назад во најраните денови од 2020 година, само еден месец или два пред пандемијата „Ковид-19“ да го фрли целиот свет во хаос, Џулија Робертс плати 8,3 милиони долари за куќа во Сан Франциско, долго време едно од нејзините омилени места. Сместено во шармантната населба Президио Хајтс, куќата во викторијански стил од 1912 година беше на […]

Трамп направи гаф, ги помеша Бајден и Обама


ЊУ ХЕМПШИР – Корисниците на социјалните мрежи, вклучително и двајца негови политички ривали, го исмеваа поранешниот американски претседател Доналд Трамп, откако тој ги збуни сегашниот и поранешниот претседател Џозеф Бајден и Барак Обама, за време на предизборниот митинг во Њу Хемпшир. Трамп, републиканскиот фаворит за претседателска номинација во 2024 година, одржа говор во Клермонт, Њу […]

Франција се враќа на првото место по производство на вино


Француското Министерство за земјоделство ја зголеми проценката за годинешното производство на вино, најавувајќи дека повторно ќе го заземе првото место меѓу светските производители. Министерството ја проценува годинашната реколта на 47,2 милиони хектолитри, што е повеќе од 46-те милиони што беа проценети минатиот месец, пренесува Ројтерс. Производството на вино се зголеми во многу региони, вклучувајќи го […]

Бизнис медиумот Форбс на 14 ноември почнува со работа во Србија


Белград – Најпознатиот светски бизнис медиум Форбс од 14 ноември ќе започне со работа во дигитално издание во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Новото дигитално издание на Форбс Србија ќе биде вреден извор на информации за инвеститорите, претприемачите и сите оние кои се заинтересирани за динамични настани на деловната сцена. Преку написи, анализи, интервјуа […]

Севилја и Виљареал заинтересирани за Димитриевски


Мадрид – Голманот на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски е на списокот на интереси на Севилја и Виљареал, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, двата клуба сакаат да го ангажираат како слободен играч македонскиот репрезентативен голман. Актуелниот договор на 29-годишниот Димитриевски со Рајо Ваљекано истекува летото 2024 година. Димитриевски оваа сезона бранеше на 13 натпревари во […]