Мени за вечера од „Титаник“ продадено за 75 илјади евра


Повеќе од 111 години по потонувањето на Титаник, сувенири од луксузниот брод се продадени на аукција за десетици илјади фунти, а вистинската ѕвезда е менито на првокласниот ресторан.

Менито предизвика особен ентузијазам. Открива дека патниците од прва класа јаделе морска храна, риба и десерт три дена пред потонувањето на луксузниот британски брод, пишува „Гардијан“.

Менито било пронајдено во фотоалбум од шеесеттите години на минатиот век, кој некогаш му припаѓал на Лен Стивенсон, историчар од канадската покраина Нова Шкотска.

За време на првото патување, „Титаник“ удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14 април 1912 ситни и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15 април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1517 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи.

На менито за вечера имало пудинг „Викторија“, кој таа вечер бил послужен со кајсии и француски сладолед, како и остриги, лосос, говедско месо, патка, пилешко и гулабско месо, сервирано со компири, ориз и пире од пашканат.

На менито има знаци на оштетување, но анонимен понудувач и платил на аукциската куќа 75.000 евра за артефактот. Ќебе од прва класа, за кое се верува дека го носел преживеан на чамец за спасување, било проценето на 70.000 до 100.000 фунти и продадено за 76.000 фунти.