Астрономски календар


Денеска е вторник, 25 јули 2023 година, 206-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 159 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 20 минути, а ќе зајде во 20 часот. Денов трае 14 часа и 40 минута. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во 12 часот и …

Астрономски календар Read More »

Издадено највисоко ниво на тревога за силно невреме во Италија, Словенија и Австрија


Рим – Регионот се подготвува за многу силно невреме, поради што највисоко ниво на предупредување за невреме е издадено за северните делови на Италија, поголемиот дел од Словенија и Австрија и западниот дел од Унгарија. Во овие региони кон крајот на денот се очекува силно невреме и грмежи со пороен дожд и град. Можни се …

Издадено највисоко ниво на тревога за силно невреме во Италија, Словенија и Австрија Read More »

Како мириса Барби- откријте за 65 долари


Пристигна парфемот Барби. Креативно студио DefineMe се здружи со Mattel за да го лансира Barbie Eau de Parfum, цветен и овошен мирис кој сака да ја потенцира флуоресцентната личност на познатата кукла. Се продава по цена од 65 долари за шише од 100 ml, а мирисот вклучува ноти од нектар од јагода, гарденија, розова магнолија, …

Како мириса Барби- откријте за 65 долари Read More »

Путин го потпиша законот за воведување дигитална рубља


Москва – Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот за воведување на дигитална рубља и создавање на соодветна електронска платформа. Трансакциите во дигитална форма на руската национална валута ќе може да се вршат со помош на платформи чиј оператор ќе биде Банката на Русија, но нема да може да се користи за штедење и за …

Путин го потпиша законот за воведување дигитална рубља Read More »

Законот за ментално здравје не им ја дава потребната поддршка на младите


Според Светската здравствена организација (СЗО), секој четврти човек во Македонија во одреден период од животот ќе доживее проблем со менталното здравје, а младите луѓе се особено ранливи на проблемите со менталното здравје, поради предизвиците и притисоците со кои се соочуваат во нивниот живот. Ова беше соопштено на минатонеделниот настан организиран од Клубот за младински прашања …

Законот за ментално здравје не им ја дава потребната поддршка на младите Read More »

Малите хидроцентрали на Шара што веќе биле почнати ќе се доизградат, а нови ќе нема


Нема нови концесии за мали хидроцентрали во Националниот парк „Шар Планина“, туку се работи за објекти чија градба е веќе започната, а за кои се дава нов рок за да се довршат. Министерството за животна средина денеска испрати објаснување дека го почитува договорт и не издава нови концесии за енергетски објекти во заштитени подрачја, откако …

Малите хидроцентрали на Шара што веќе биле почнати ќе се доизградат, а нови ќе нема Read More »

Суровоста на климатските промени: Од невреме и поплави до екстремни горештини [инфографик]


Обилни дождови, невреме и поплави, за само седум дена подоцна да биде прогласена портокалова фаза на високи температури. Две временски екстреми за многу краток период ја погодија Северна Македонија летово, што, според експертите, укажува на тоа дека и земјава го чувствува разорното влијание од климатските промени. Прогнозите за иднината на македонското поднебје се зачестени топлотни …

Суровоста на климатските промени: Од невреме и поплави до екстремни горештини [инфографик] Read More »

Пијте вода и туширајте се пред спиење, ИЈЗ со препораки за топлите ноќи


Испијте најмалку една чаша вода пред спиење и чувајте во ваша близина вода во текот на ноќта, а за спиење изберете широка и памучна облека. Ова се дел од препораките за граѓаните што денеска ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заради жешкото време и високите температури. „Во жешките ноќи, нашето тело станува тешко да го најде …

Пијте вода и туширајте се пред спиење, ИЈЗ со препораки за топлите ноќи Read More »

ПЕТА го повикува Хермес да ja повлече крокодилската чанта во чест на Џејн Биркин


ПЕТА врши притисок врз Hermès International да ја повлече чантата Birkin од крокодилска кожа и да се посвети на корпоративна политика против употребата на егзотични кожи. По смртта на актерката и пејачка Џејн Биркин во неделата, групата за заштита на животните бара од француската луксузна куќа да ги повлече верзиите од крокодилска кожа на нејзините …

ПЕТА го повикува Хермес да ja повлече крокодилската чанта во чест на Џејн Биркин Read More »

Џил Бајден во Париз за да го одбележи враќањето на САД во УНЕСКО


Првата дама Џил Бајден е во Франција за да помогне во одбележувањето на враќањето на САД во УНЕСКО, Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации. Бајден пристигна во Париз во понеделникот и ќе им се придружи на другите ВИП личности и ќе зборува во вторник во седиштето на УНЕСКО. Американското знаме ќе биде …

Џил Бајден во Париз за да го одбележи враќањето на САД во УНЕСКО Read More »

Акција за откривање на диви, нелегални приклучоци и злоупотреба на вода во Сопиште


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во директна соработка со Општина Сопиште во периодот од 21 до 23 јули спроведе акција за откривање на диви, нелегални приклучоци и злоупотреба на вода на територија на општината. Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, акцијата е спроведена од страна на контролори на јавното водоводно …

Акција за откривање на диви, нелегални приклучоци и злоупотреба на вода во Сопиште Read More »

Мицотакис за пожарите: Моментално сме во војна


Атина – Во овој момент се наоѓаме во војна, но одново ќе го изградиме она што го изгубивме, ќе ги обесштетиме погодените, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот, осврнувајќи се на пожарите во земјата и истакна дека прв приоритет секогаш мора да биде заштитата на човечкиот живот, јави дописничката на МИА од Атина.  За ситуацијата …

Мицотакис за пожарите: Моментално сме во војна Read More »

Ал Хилал понуди 300 милиони евра за Мбапе


Ријад – Ал Хилал започнал преговори за потпис на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе. Според инсајдерот Фабрицио Романо саудискиот клуб упати официјално барање за трансфер на 24-годишниот Французин и на парижаните им понудил околу 300 милиони евра. Се известува дека се уште нема преговори со претставници на Мбапе. Во петокот беше објавено дека …

Ал Хилал понуди 300 милиони евра за Мбапе Read More »

Трпејца пулсира во ритамот на културно-забавното лето „На зајдисонце“


По свеченото отворање, жителите на Трпејца и гостите викендов го проследија интересното предавање на студентот по историја Петар Симоноски за тврдината Осој, која потекнува од VI век. Осој се наоѓа југоисточно од Трпејца, на источниот брег на Охридското Езеро и се издига на ридот Осој, со надморска височина од 1.006 м. На јужната падина на …

Трпејца пулсира во ритамот на културно-забавното лето „На зајдисонце“ Read More »

Кривогаштани добива мултифункционален центар


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети Општина Кривогаштани каде што разговараше со градоначалникот Николче Мискоски за реализацијата на инвестицискиот проект поддржан со капиталните дотации од Mинистерството за култура во износ од 4,5 милиони денари. На средбата, Костадиновска-Стојчевска ги поздрави иницијативата и максималниот ангажман на Општината, која, согледувајќи ги потребите на граѓаните, го предложи …

Кривогаштани добива мултифункционален центар Read More »

Галаксија од француски ѕвезди се простија од Џејн Биркин


Париз- Ѕвездите на француското платно во понеделникот излегоа да се збогуваат со актерката и пејачка со британско потекло Џејн Биркин, која почина на почетокот на овој месец, откако со децении ја шармираше Франција со нејзиниот стил и храброст.   Ковчегот на Биркин во црквата Сен Рох во Париз го носеа нејзините ќерки Шарлот Генсбур и …

Галаксија од француски ѕвезди се простија од Џејн Биркин Read More »

Ќе го режира ли Кристофер Нолан Џејмс Бонд? 


Кристофер Нолан е еден од ретките холивудски режисери кои можат да снимаат оригинални студиски филмови со практично неограничени буџети и креативна слобода. Откако ја заврши својата револуционерна трилогија од филмовите за Бетмен со „The Dark Knight Rises“ во 2012 година, Нолан ја искористи таа слобода за да направи оригинални блокбастери како „Interstellar“ и „Tenet“ и …

Ќе го режира ли Кристофер Нолан Џејмс Бонд?  Read More »

И гените влијаат на она што јадеме, вели ново истражување


Лос Анџелес – Факторите како што се приходи, општествен статус, географска местоположба и култура го одредуваат видот и квалитетот на исхраната во одредено подрачје, гените исто така може да играат улога, посочува ново истражување на Медицинскиот факултет при Универзитетот на Колорадо во САД. – Некои од гените што ги идентификувавме се поврзани со сетилните патишта – …

И гените влијаат на она што јадеме, вели ново истражување Read More »

Концерт на пијанистот Бобан Мирковски на 5 август во Долни Сарај во Охрид


Македонскиот пијанист, Бобан Мирковски ја продолжува концертната промоција на неговиот најнов музички проект со наслов „Албум“, кој содржи 12 најпознати македонски композиции изведени на пијано, овој пат во Охрид. На 5 август (сабота), на магичниот амбинет на Долни Сарај, под небо од ѕвезди, во пијано изведба публиката ќе има прилика да ги слушне најпознатите македонски евергрини, создадени во периодот од 1969 до 2001. …

Концерт на пијанистот Бобан Мирковски на 5 август во Долни Сарај во Охрид Read More »

„Аргентинска фантазија“ – виолинистот Богосављевиќ му посвети композиција на „Охридско лето“


Истакнатиот српски виолинист и педагог Јован Богосављевиќ  вчеравечер на „Охридско лето“ ја промовира својата композиција „Аргентинска фантазија“, напишана специјално за овој фестивал. Богосављевиќ на подиумот во црквата „Света Софија“ настапи како солист заедно со виолинистката Марија Рајковиќ, под диригентската палка на маестра Милена Ињац и во придружба на оркестарот „Кончертанте“. -„Охридско лето“ е еден од …

„Аргентинска фантазија“ – виолинистот Богосављевиќ му посвети композиција на „Охридско лето“ Read More »