На 25 години почина Ангус Клауд, ѕвездата од „Еуфорија“


Американскиот актер Ангус Клауд, кој се прослави во наградуваната серија „Еуфорија“, почина на 25 години. Тој бил пронајден мртов во својот дом во Оукленд, Калифорнија. Причината за смртта не е објавена, но неговото семејство објави дека Клауд го погребал татко му минатата недела и дека се борел со ментални проблеми. „Единствената утеха ни е сознанието …

На 25 години почина Ангус Клауд, ѕвездата од „Еуфорија“ Read More »

Бредли Купер не доаѓа на премиерата на „Маестро“ во Венеција, еве зошто


Венеција- Бредли Купер нема да присуствува на премиерата на неговиот нов филм „Маестро“ на филмскиот фестивал во Венеција во знак на солидарност со штрајкот на SAG-AFTRA, изјави портпаролката на фестивалот Лазарин Микела за TheWrap во понеделникот. Додека Купер го режираше „Маестро“, тој глуми и како Леонард Бернштајн во биографскиот филм на Нетфликс. Неговата одлука да …

Бредли Купер не доаѓа на премиерата на „Маестро“ во Венеција, еве зошто Read More »

Словенечка вечер на „Охридско лето“ со камерниот оркестар „Camerata Academica”


 Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ влегува во втората половина со словенечката вечер со вечерашниот концерт на Камерниот амсанбл „Camerata Academica” со уметниците Каролина Шантл-Жупан на флејта, Матеј Шарц-обоа, Јоже Котар-кларинет, Зоран Митев-фагот, Јоже Рошер-хорна и Миха Рогина на саксофон. Ансамблот „Camerata Academica” го сочинуваат словенечки музичари, професори на Музичката Академија во Љубљана, а воедно и …

Словенечка вечер на „Охридско лето“ со камерниот оркестар „Camerata Academica” Read More »

Шкупи: Ниту еден наш навивач да не патува во Софија


Македонскиот претставник во Конференциската лига Шкупи објави вечерва дека нема да организира навивачкиот карван на реваншот во Софија против Левски и воедно ги повика своите приврзаници во никој случај да не патуваат самоиницијативно в четврток на дуелот во Бугарија. Одлуката, како што е соопштено доаѓа по денешниот состанок во Скопје меѓу претставници на македонското Министерство …

Шкупи: Ниту еден наш навивач да не патува во Софија Read More »

Сите први луѓе на Република Српска ставени на американската црна листа


  СAД воведоа санкции за Жељка Цвијановиќ, српската членка на Претседателството на БиХ, премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ, министерот за правда на РС, Милош Букејловиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ. Министерството за финансии на САД објави дека овие политичари се директно одговорни за поттикнување на донесување закон во Народното …

Сите први луѓе на Република Српска ставени на американската црна листа Read More »

Украина од САД добила над 20 милијарди долари грантови од почетокот на инвазијата


Киев – Државниот буџет на Украина доби грантови од 1,25 милијарди долари од САД преку донаторски фонд на Светска банка, соопшти украинското Министерство за финансии . „Во 2023 година, Украина веќе доби 8,45 милијарди долари директни грантови за поддршка на државниот буџет од САД. Од почетокот на руската инвазија на Украина, државниот буџет доби 20,4 милијарди …

Украина од САД добила над 20 милијарди долари грантови од почетокот на инвазијата Read More »

Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира од 20 часот


Железничкиот сообраќај  во државава ќе се нормализира вечер во 20 часот откако претставниците на машинскиот извршен персонал и на раководството во ЖРСМ Транспорт доцна попладнето постигнаа договор за исплата на вториот дел од платата за јуни и за старт на преговори за измени во актот за систематизација, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот …

Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира од 20 часот Read More »

На 1 и 2 август со посебен сообраќаен режим и мерки на патиштата што водат кон Крушево


Секторот за внатрешни работи Битола информира дека на 1. и 2. август, поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден, во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. СВР Битола ќе воведе посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот на 1 август година кои ќе важат до …

На 1 и 2 август со посебен сообраќаен режим и мерки на патиштата што водат кон Крушево Read More »

„Луфтханза“ бара отштета од активистите за климата кои ги нарушија нивните летови


Берлин – Луфтханза планира да бара компензација од групата за климатски активисти „Последна генерација“ поради протестите што ги нарушија летовите на неколку германски аеродроми претходно овој месец. Портпаролката рече дека компанијата планира да бара компензација во име на сите авиокомпании во групата, која ја вклучува германската Луфтханза, како и Аустриан ерлајнс, Свис ерлајнс, Брисел ерлајнс и …

„Луфтханза“ бара отштета од активистите за климата кои ги нарушија нивните летови Read More »

Чествување на 2 Август, Ковачевски во Скопје, Џафери во Крушево, Пендаровски во Пелинце


На 2 Август- Денот на Републиката – Илинден, што годинава се чествува под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“, премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на свеченост на тврдината Кале во Скопје, претседателот на Собранието Талат Џафери на Мечкин Камен во Крушево, а претседателот Стево Пендаровски во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, информира …

Чествување на 2 Август, Ковачевски во Скопје, Џафери во Крушево, Пендаровски во Пелинце Read More »

Масовниот туризам ќе ја уништи Венеција, велат од УНЕСКО


Венеција- Центарот за светско наследство на УНЕСКО  во понеделникот препорача Венеција да биде додадена на нејзината листа на загрозени светски културни наследства, велејќи дека италијанските власти треба да ги засилат напорите за обезбедување на историскиот град и неговата околна лагуна. УНЕСКО во својата препорака наведува дека Венеција ризикува „неповратна“ штета поради низа прашања кои се движат од …

Масовниот туризам ќе ја уништи Венеција, велат од УНЕСКО Read More »

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар кај Зајас


Неколку лица се пренесени на болничко лекување и пружање на медициска помош по сообраќајната несреќа која се случи попладнево на магистралниот патен правец Кичево-Гостивар во близина на Зајас. Во тек е увид на местото и сообраќајот е во прекин. Според информациите од СВР Охрид, во предел помеѓу селата Зајас и Грешница околу 15 часот дошло …

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар кај Зајас Read More »

МНР: ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета со пласирање шпекулации за повлекувањето на амбасадорот во Јапонија


Како што веќе објавивме, повлекувањето на досегашниот амбасадор во Јапонија беше спроведено во редовна постапка, согласно законските прописи и внатрешните уредби во Министерството за надворешни работи и со почитување на сите процедури. Во оваа прилика дозволете да информираме дека Комисијата во рамките на Министерството, како причини за повлекувањето на амбасадорот констатираше причини кои не се …

МНР: ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета со пласирање шпекулации за повлекувањето на амбасадорот во Јапонија Read More »

Дебелината, невакцинирањето, пост-ковид кризата се пречки за соодветен развој на децата


И покрај тоа што помалку деца умираат денес отколку пред 30 години, земјата сѐ уште има висока перинатална стапка на смртност во споредба со земјите-членки на ЕУ и членките на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа. Поради дезинформации, децата испуштаат шанса да примат вакцини кои спасуваат живот. Освен тоа, дебелината кај децата зема замав, со што …

Дебелината, невакцинирањето, пост-ковид кризата се пречки за соодветен развој на децата Read More »

Заврши пријателството на Дејвид и Викторија Бекам со Хари и Меган 


Заврши долгогодишното пријателство на Дејвид и Викторија Бекам со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган, бидејќи двојката Бекам наводно открила тајни за војводата и војвотката од Сасекс на медиумите , пренесува Мејл он Сандеј. Извор за британскиот таблоид изјавил дека Дејвид Бекам е „апсолутно бесен“ по наводите, кои наводно биле искажани за време на …

Заврши пријателството на Дејвид и Викторија Бекам со Хари и Меган  Read More »

Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2023


Познатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Дни, години“ во издание на СЛОВО. Добитникот на наградата беше соопштен на …

Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2023 Read More »

Бензините поскапуваат за еден, а дизел горивата за два денара по литар


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 …

Бензините поскапуваат за еден, а дизел горивата за два денара по литар Read More »

Принцот Алберт во средиштето на корупциски скандал


Монако – Принцот Алберт од Монако е замешан во поголема афера и му претстои правна битка поради наводите за неетички и коруптивни постапки, откако отпушти советник кој долго време бил „сива еминенција“ во неговата администрација. Клод Палмер (67), управителот на имотот на Алберт, доби наредба да се повлече, откако објави на мистериозна, анонимна интернет-страница, го …

Принцот Алберт во средиштето на корупциски скандал Read More »

Разводот на Кевин Костнер како повод: Зошто се оспоруваат славните предбрачни договори


Лос Анџелес- Кевин Костнер и неговата отуѓена сопруга Кристин Бомгартнер се во правна битка и покрај тоа што имаат „железен“ предбрачен договор. Баумгартнер, кој прв пат поднесе барање за развод на 1 мај, го води Костнер на суд поради валидноста и извршноста на предбрачниот договор што парот го потпиша пред нивниот брак во 2004 година. …

Разводот на Кевин Костнер како повод: Зошто се оспоруваат славните предбрачни договори Read More »

До петок сончево, викендов дожд и опаѓање на температурите


До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата. Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи, најавуваат од УХМР. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.