Наркодилер од Грчец им бегал на „тигрите“ со четирицикл, но бил фатен и лишен од слобода


Наркодилерот Иљаз Муареми од село Грчец, баран со меѓународна потерница денеска бил лишен од слобода, информираат во Министерството за внатрешни работи. „Полициски службеници, во содејство со САЕ „Тигар“, по претходно добиена оперативна информација, во близина на училиштето во село Грчец, скопско, го лишија од слобода Иљаз Муареми (45) од село Грчец, баран со меѓународна потерница …

Наркодилер од Грчец им бегал на „тигрите“ со четирицикл, но бил фатен и лишен од слобода Read More »

Кој ќе го наследи Ципрас во СИРИЗА?


Атина– Кандидатурата за претседател на СИРИЗА, утрово преку социјалните мрежи ја објави Стефанос Каселакис, со што е и петтиот кандидат во трката за лидер на грчката опозициска партија во пресрет на партиските избори на 10 септември, јави дописничката на МИА од Атина.  Каселакис е 35-годишен бизнисмен кој живее во САД, а за разлика од неговите …

Кој ќе го наследи Ципрас во СИРИЗА? Read More »

ЕУ во Грција ја спроведува досега најголемата воздушна операција за гаснење пожари


Брисел– За справување со најголемиот шумски пожар регистриран досега во ЕУ што го зафати реонот на грчкиот град Александруполи, Координативниот центар за реакција при итни случаи на Европската комисија мобилизираше 11 авиони и еден хеликоптер за гаснење пожари и дополнително преку Механизмот за цивилна заштита на Унијата, шест земји членки испратија свои противпожарни тимови во …

ЕУ во Грција ја спроведува досега најголемата воздушна операција за гаснење пожари Read More »

Со измени во Законот за индустриските зони ќе и се овозможи на државата да интервенира во градење патишта и канализации


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави измени во Законот за индустриските зони. Со измените, како што објасни, на централната власт, преку проширување на надлежностите на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), ќе и се овозможи да интервенира во делот на инфраструктурата и онаму каде што надлежност имаат општините.  Целта, е напомена Бектеши, да …

Со измени во Законот за индустриските зони ќе и се овозможи на државата да интервенира во градење патишта и канализации Read More »

Ќе разговараме дали законот за данок на солидарност треба да помине или ќе биде модифициран, вели Бектеши


Не велам дека се откажуваме или дека ќе го повлечеме законот за данок на солидарност. Треба дополнително да седнеме и да разгледаме дали законското решение треба вака да помине или треба да има модификација, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој останува на ставот дека во време на криза сите треба да бидат солидарни, …

Ќе разговараме дали законот за данок на солидарност треба да помине или ќе биде модифициран, вели Бектеши Read More »

Бектеши за „Еуровиа“: Мицкоски да не шири лажни вести


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, одговорајќи на новинарски прашања во врска со градежната фирмата „Еуровиа“, му порача на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да не шири лажни вести и да не се занимава со луѓе кои веќе не се живи зашто тоа, напомена, е неетички. -Не знам детали, вчера се вратив во земјава. Имав …

Бектеши за „Еуровиа“: Мицкоски да не шири лажни вести Read More »

ЕК: Проширувањето на ЕУ се заснова на реформи, не сме фокусирани на датумот


Европската комисија (ЕК) не сака да ја коментира изјавата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој вчера на Блед стратешкиот форум кажа дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови членки до 2030 година. Портпаролката на Европската комисија Дана Спинант денеска рече дека не знае дали Мишел се консултирал со ЕК за говорот. …

ЕК: Проширувањето на ЕУ се заснова на реформи, не сме фокусирани на датумот Read More »

Авион безбедно слетал во Мумбај откако му запрел моторот при лет


Мумбај – Авионот „IndiGo“, кој летал од Мадурај до Мумбај, изгубил еден од двата мотори, но безбедно стигнал до целта. Станува збор за „Airbus A321 (VT-IUJ)“ чиј мотор „Pratt & Whitney (PW)“ престанал да работи за време на летот. Со оглед на фактот дека авионите со два мотори можат да слетаат со еден во функција, авионот …

Авион безбедно слетал во Мумбај откако му запрел моторот при лет Read More »

Двајца новинари во Русија осудени во отсуство на 11 години затвор


Москва – Двајца руски новинари се осудени денеска во отсуство во Москва на по 11 години затвор за ширење „лажни информации“ за руските вооружени сили, соопшти Руското обвинителство. Московскиот суд ги осуди Руслан Левиев и Мајкл Наки на 11 години затвор затоа што во март минатата година на платформата Јутјуб објавиле видео со „лажни информации“ за …

Двајца новинари во Русија осудени во отсуство на 11 години затвор Read More »

Мија Стерјовска е Мис на Медитеранот 2023


Мија Стрејовска е избрана за Мис на Медитеранот 2023  на изборот кој се одржа минатиот викенд во Киренија на Кипар, во конкуренција на 20 девојки од исто толку држави од Медитеранот. Титулата прва придружничка ја освои претставничката на Гибралтар, а втора придружничка е убавицата од Шпанија. Финалето во организација на Aya Production од Либан, се …

Мија Стерјовска е Мис на Медитеранот 2023 Read More »

Стејт департмент го избра дипломатот Ламберт за врвен функционер за кинеска политика


Вашингтон – Стејт департментот го избра дипломатот Марк Ламберт за свој врвен функционер за кинеска политика, изјавија пет извори запознаени со ова прашање, носејќи ново раководство во институцијата која се соочи со кадровски проблеми и критики поради справување со иницијативите фокусирани на Кина, објави Ројтерс. Ламберт најверојатно ќе биде именуван за заменик-помошник секретар за Кина …

Стејт департмент го избра дипломатот Ламберт за врвен функционер за кинеска политика Read More »

Документарецот за Буштур награден за најдобра режија на Меѓународниот фестивал во Златибор


Документарниот филм „Среќна 13“ посветен на ликот и делото на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур доби награда за најдобра режија на Меѓународниот фестивал за спортски филм што годинава по 12 пат се одржа во Златибор. Специјалното жири, составено од еминентни познавачи на филмот и на спортот, одлучи дека „Среќна 13“ продуциран од …

Документарецот за Буштур награден за најдобра режија на Меѓународниот фестивал во Златибор Read More »

Какви промени ќе донесат изборите


Можат ли ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да го поднесат товарот на вината ако ги  прекинат  отпочнатите  преговори со ЕУ и ја донесат во неизвесност европската иднина на Македонија. Дали може за едно такво досега невидено мирновременско злосторство врз својата татковина и народ да останат неказнети од граѓаните. Се разбира, дека може. Тоа сме го …

Какви промени ќе донесат изборите Read More »

Фестивал на нем и класичен филм во Кинотека


Третото издание на Фестивалот на нем и класичен филм започнува денеска и ќе трае до 4 септември во Кинотека. Како што пишува на официјалната веб – страница на Кинотека, фестивалот ќе започне со претфестивалска проекција на документарниот филм „Адио југофуилм, адио југофестивал, адио Југославија… се гледаме во следната војна“ на хрватскиот актер и режисер Игор …

Фестивал на нем и класичен филм во Кинотека Read More »

„Кајмак“ со награда на филмската критика на фестивалот во Херцег Нови


Филмот „Кајмак” на Милчо Манчевски, освои Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот). Наградата беше доделена на вчерашната свеченост при затворањето на меѓународниот Фестивал Херцег Нови Монтенегро. На свеченоста, покрај режисерот Манчевски, присуствуваа и актерите од филмот Александар Микиќ и Ана Стојановска. „Филмови не се прават за награди, ама вакво признание …

„Кајмак“ со награда на филмската критика на фестивалот во Херцег Нови Read More »

Путин нема да присуствува на погребот на Пригожин


Moсква – Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на водачот на платениците на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој загина при урнувањето на неговиот авион минатата недела, соопшти денеска Кремљ. Авионската несреќа се случи два месеци откако Пригожин и неговите платеници започнаа бунт против највисоките воени команданти на Путин, во кој ја презедоа контролата …

Путин нема да присуствува на погребот на Пригожин Read More »

Се вжештува атмосферата околу изборот на нов претседател на Европската инвестициски банка


Брисел – Министрите за финансии на земјите членки на ЕУ следниот месец на состанок во шпански град Сантијаго де Компостела треба да го изберат новиот претседател на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Во трката за прв човек на водечката институција за ЕУ за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти со седиште во Луксембург, се неколкумина кандидати, но како …

Се вжештува атмосферата околу изборот на нов претседател на Европската инвестициски банка Read More »

Што облече првата дама Ѓоргиевска за првата официјална посета на Чешка?


Со врвен стил, претседателот Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска беа пречекани од претседателот Петр Павел (и неговата сопруга Ева), на нивната прва официјална посета на Чешката Република. Според официјалниот протокол, двојката од Македонија, беше пречекана со највисоки државни и воени почести , а на црвениот килим и на средбите во претседателската палата во …

Што облече првата дама Ѓоргиевска за првата официјална посета на Чешка? Read More »

Ангеловска-Бежоска на Европскиот форум во Австрија


Гувернерката Ангеловска-Бежоска, заедно со гувернерите на Австрија, Германија и Данска, учествуваше на панел-дискусијата „Влијанието на затегнувањето на монетарната политика врз финансиската стабилност“ на Европскиот форум „Смела Европа 2023“ којшто се одржа во Австрија. Во време на подолготрајни инфлациски притисоци, неспорно е дека клучен приоритет на централните банки мора да биде стабилизирањето на инфлацијата, за што …

Ангеловска-Бежоска на Европскиот форум во Австрија Read More »

Уставниот суд на Пакистан нареди ослободување на Имран Кан


Исламабад – Уставниот суд на Пакистан одлучи дека притворот на поранешниот премиер Имран Кан е „незаконски“ и дека тој треба веднаш да биде ослободен, јавува Анадолија. Според телевизијата „Гео њуз“, жалбата на пакистанската Партија за движење на правдата (ПТИ) против апсењето на Кан била разгледана во Уставниот суд, кој одлучил дека тоа било сторено на незаконски …

Уставниот суд на Пакистан нареди ослободување на Имран Кан Read More »