„Вонка“ доминира во трката на бокс офисот за новогодишниот викенд


Приказната за потеклото на Вили Вонка, со Тимоти Шаламе во главната улога, е на пат да заработи 31,8 милиони долари во САД за време на четиридневниот празничен викенд, според Холивуд Репортер. Овие бројки, наводно, ќе му донесат на мјузиклот во режија на Пол Кинг вкупна заработк  од 142 милиони долари до понеделник (1 јануари). Wonka, […]

Поштенска марка во чест на Бата Живојиновиќ 


Поштата на Србија промовираше комеморативна марка со ликот на легенрадниот актер Велимир Бата Живојиновиќ (1933-2016). В. д. на Поштата на Србија Зоран Ѓорѓевиќрече дека марката е издадена на крајот од две години по повод двојниот јубилеј – 50 години од воениот филм „Сутјеска“ (1973) и 55 години од акциониот филм „Мостот“. (1969), во која играше […]

Се отвораат судските документи со имињата на клиентите на Џефри Епштајн


Лос Анџелес – Повеќе стотици страници запечатени судски поднесоци што се однесуваат на починатиот сексуален престапник Џефри Епштајн и имињата на неговите соработници и клиенти, треба да бидат објавени деновиве. Од поистакнатите имиња, според упатени извори, се очекуваат оние на британскиот принц Ендрју и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон. Окружната судијка Лорета Преска претходно […]

Најгледана евровизиска песна за 2023 е „Ча ча ча“ на финскиот претставник


Најгледана евровизиска песна за 2023 година на „Јутјуб“ е „Ча ча ча“. Со неа, финскиот претставник, минатата година, го освои второто место на музичкиот натпревар што се одржа во Ливерпул. Втора најгледана песна е победничката, „Тату“ на Лорин, соопштија организаторите. Годинава домаќин на „Евровизија“ ќе биде Малме, односно Шведска. Двете полуфиналиња ќе бидат на 7 […]

„Кајмак“ на Манчевски доби награда во Сицилија


Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски, ја заврши 2023 година со нова меѓународна награда – седма по ред за филмот, а вкупно десетта заедно со трите кои ги доби Манчевски во текот на изминатата година. „Кајмак“ беше прогласен за најдобар филм на фестивалот и-Фест во Палермо, Сицилија, кој заврши на 29 декември. Филмот ја доби Меѓународната […]

Државјаните на Косово од денеска патуваат без визи во ЕУ


Приштина – Безвизен режим за државјаните на Косово стапи во сила од денеска и им овозможува тие да патуваат во ЕУ без потреба од издавање виза за период на престој до три месеци. Новиот режим беше активиран на полноќ, со што Косово стана последната од шесте земји од Западен Балкан на кои им беше одобрено укинување […]

Годината традиционално почна со Новогодишниот концерт во Виена- спој на музика, балет и гламур


Виена– Виенската филхармонија во салата „Музикферајн“  (дом на Виенската филхармонија) го одржа својот традиционален новогодишен концерт на 1 јануари, со бројни гости од целиот свет во салата, а се пренесуваше во над 90 земји пред милионски аудиториум . Со овој омилен празничен настан за светската публика диригираше  славниот германски диригент Кристијан Тилеман. Тилеман ужива особено блиско […]

Почина новинарот и дипломат Махи Несими


Утрово во Тетово почина Махи Несими, истакнат новинар, публицист, политички аналитичар, политичар, амбасадор, добитник на државната награда „11 Октомври“. Дипломирал Политички науки на Универзитетот во Загреб, но првата негова љубов беше новинарството. Несими беше долгогодишен новинар, својата кариера ја градеше во весникот Фљака, кaде беше и уредник. По осамостојувањето на Македонија се вклучи и во […]

Утре локални врнежи, дожд и за викендот


Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде нула, а максималната 14 степени, информира УХМР. До крајот на работната недела времето ќе се стабилизира, но ќе има појава на магла по котлините со променлив интензитет. УХМР најавува влажен бран со врнежи, претежно од дожд, за време не викендот. 

Кристијан Тилеман по новогодишниот концерт во Виена го чека престижна функција, еве која


Кристијан Тилеман ја презема диригентската палка како директор на Државната опера во Берлин од стариот ривал. Германскиот диригент (64) ќе ја преземе палката од светски познатиот маестро и пијанист Даниел Баренбоим како генерален музички директор на Државната опера во Берлин. Во потег што го шокираше светот на класичната музика, Баренбоим (80) поднесе оставка од функцијата […]

Од денеска поскапи патарините во Грција


Атина – Патарините во Грција од денеска се поскапи за 7,6 отсто, одлука што требаше да се примени минатата година, но се одложи, а зголемувања на цените се планирани и во следните две години, јави дописничката на МИА од Атина. Патувањето со автомобил од Атина за Солун е за нешто повеќе од две евра поскапо, односно […]

„Суперѕвездено музичко искуство“ : Агилера се врати со интимни концерти во Лас Вегас


Дијамантите се најдобриот пријател на една девојка, а Кристина Агилера ги донесе сите нејзини на отворањето на нејзината резиденција во Лас Вегас. Поп-ѕвездата (43) дебитираше со своето шоу „Градот на гревот“ во саботата, 31 декември, на интимното место на Voltaire Belle de Nuit, во The Venetian Resort Лас Вегас. Агилера ги изведе своите најголеми хитови […]

Барак Обама ги откри своите омилени песни во 2023 година


Како што е традиција од неговото претседателствување, поранешниот претседател Барак Обама ги објави своите омилени песни од 2023 година. Списокот опфаќа многу различни жанрови и уметници, од фолк и кантри, до R&B и соул. Уметниците на листата ги вклучуваат Карол Џи, Шакира, Меган Ти Сталион, 6LACK, Мицки, Зак Брајан и Кејси Масгрејвс, Теди Свимс, Рита […]

Тилеман ќе диригира со виенскиот Новогодишен концерт на 1 јануари 2024


Традиционалниот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија  ќе се одржи на 1 јануари 2024 година, под диригентската палка на маестро Кристијан Тилеман во Златната сала на Музикферајн во Виена. Кристијан Тилеман ужива особено блиско и продуктивно уметничко партнерство со Виенската филхармонија. По 2019 година, концертот на 1 јануари е втор пат кога Кристијан Тилеман го води […]

Бернар Арно почестен со највисокото цивилно одликување во Франција


Милијардерор Бернар Арно го доби со Големиот крст на Легијата на честа, највисокото цивилно одликување во Франција, на годишната листа за почести за Денот на Новата година. Основачот на конгломератот LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton, кој поседува брендови како Louis Vuitton, Dior, Tiffany & Co., Guerlain и Dom Pérignon, претходно беше прогласен за Голем офицер […]

Поранешен светски шампион во велосипедизам обвинет за убиство на својата сопруга


Австралија– Поранешен светски шампион во велосипедизам е обвинет дека ја предизвикал смртта на неговата сопруга, олимпијката Мелиса Хоскинс, откако таа наводно била удрена со возило „уте“. Рохан Денис, освојувач на олимписки медали и етапен победник на Тур де Франс, беше обвинет за предизвикување смрт поради опасно возење, загрозување на животот и возење без должно внимание, […]

Кралицата на Данска најави абдикација во живо на ТВ


Данската кралица Маргрет Втора ќе абдицира на 14 јануари следната година по 52 години на тронот и ќе ја наследи нејзиниот најстар син, престолонаследникот Фредерик, рече таа во својот годишен новогодишен говор во неделата. 83-годишната кралица, која го презеде тронот во 1972 година, е монарх со најдолг стаж во Европа по смртта на британската кралица […]

Вог ги избра најдобро облечените славни личности за 2023 година


Едно од најугледните модни списанија во светот, Vogue, традиционално на крајот на оваа година ја објави својата листа на најдобро облечени познати личности. Многу познати трендсетерки и ѕвезди не воодушевија со своите впечатливи и иновативни модни комбинации и докажаа дека се вистински стилски икони.   Една од нив беше младата актерска ѕвезда Тејлор Расел, која […]

Белгиското претседателство: Искуството на преден план


Во јануари 2024 година Претседателството на ЕУ го презема искусната земја основач – Белгија, која била и прв претседавач со Унијата. Наспроти ваквото досије, нејзините граѓани, според испитување на јавното мислење не се многу оптимистички расположени за резултатите од Претседателството. Само 15% сметаат дека нивната земја може на подобро да ги смени работите во Унијата, […]

Спортот во 2023: Продолжи доминацијата на Ѓоковиќ


Спортската 2023 година на меѓународната сцена почна и заврши со мундијалските турнири во ракомет во машка и женска конкуренција, а во меѓувреме календарот со големи натпреварувања го исполнија и светските првенства за фудбалерки и за кошаркари, како и Европскиот шампионат во одбојка, чиј домаќин беше и Скопје. Во индивидуалните спортови продолжи доминацијата на тенисерот Новак […]