Оставки во Контрола на летање поради спорни вработувања


Владата и Министерството за транспорт и врски нема да се мешаат во превирањата во М- НАВ по последните депонирани оставки  на инженерите на раководните инструкторски места и на еден од тројцата директори Љубе Стаменковски кој исто така  си поднесе оставка .  Од Министерството за транспорт и врски и денеска во разговор за ТВ 24 се […]

Далај Лама: Сочувството и внатрешниот мир можат да му помогнат на светот да заздрави во 2024 година


Њу Делхи – Духовниот водач на тибетските будисти Далај Лама апелираше на сочувството и внатрешен мир на луѓето како предуслов за подобар свет на почетокот на годината. – И покрај многуте предизвици со кои се соочуваме денес, се чувствувам оптимист дека со растечкото ценење за тоа колку сите сме меѓусебно поврзани во единството на човештвото, […]

Жена пронајдена мртва во стан во Аеродром


Шеесет и едногодишна жена била пронајдена мртва во семејниот дом на подрачјето на Аеродром.  Како што информира МВР, случајот вчера во 17:12 часот бил пријавен во СВР Скопје. Се работи за Ј.Ц.(61) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во домот имало чад од опожарен клима уред. Увид извршила екипа од СВР Скопје, […]

Новогодишно обраќање на Шолц: Можеме да се справиме


Берлин – Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека е оптимист оти Германија може да се движи низ морето на геополитички и економски предизвици со кои ќе се соочи во 2024 година, и ја повика земјата да ги прифати промените. – Можеме да се справиме со ветровите, вели социјалдемократот во својот годишен новогодишен говор до нацијата, […]

500-те најбогати луѓе во светот годинава станаа побогати за 1,5 трилиони долари


Најбогатите луѓе во светот можеби ќе бидат тажни кога ќе слушнат дека 2023 година се ближи кон крајот, со оглед на тоа колку беше профитабилна годината за нив. Вкупно, 500-те најбогати луѓе забележале дека нивната нето вредност скокна за неверојатни 1,5 трилиони долари, објави Блумберг во петокот. Тоа е огромен пресврт од 2022 година, кога […]

Сиднеј, Канбера и Мелбурн ја дочекаа Новата 2024 година


Сиднеј – Новата 2024 година пристигна во источните делови на Австралија, вклучувајќи ги и нејзините најголеми градови Сиднеј, Канбера и Мелбурн. Долгоочекуваниот спектакуларен огномет на сиднејскиот Харбор Бриџ (Пристаништен мост) и операта го осветли небото на градот, со овации од голем број луѓе кои беа присутни на прославата. Граѓаните во Сиднеј почнаа да се собираат […]

Ѕвезди кои починаа во 2023 година: Тина Тарнер, Шинејд О’Конор, Џејн Биркин…


Оваа година не напуштија бројни светски познати личности, а можеби најголемото име меѓу починатите во 2023 година е кралицата на рок музиката Тина Тарнер. Тарнер почина на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Киснахт во близина на Цирих, Швајцарија на 24 мај. Светот го потресе смртта на холивудскиот актер Метју Пери на […]

Обвинителството ќе вештачи, па ќе одлучува за пиротехничките средства пронајдени во возилото на Д.А. од Зајас


Основното јавно обвинителство Скопје во врска со синоќа пронајдените пиротехнички средства, ќе одлучува откако ќе се направи нивно вештачење. Како што информира, за настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката. МВР соопшти дека синоќа […]

Од разорни земјотреси до катастрофални поплави – тешка година за 100-годишна Турција


Исклучително тешка и динамична година за Турција е 2023 која изминува. Земјата ја зафати вистинска апокалипса – од разорните земјотреси во февруари со над 50 илјади жртви до силни поплави. Во мај се одржаа претседателски и парламентарни избори, на кои претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП) уште еднаш ја […]

Харков е нападнат во знак на одмазда за украинскиот напад на Белгород


Москва- Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Русија во текот на ноќта нападнала „центри за донесување одлуки“ и воени објекти во украинскиот град Харков, на североистокот на земјата, во знак на одмазда за вчерашното украинското бомбардирање на рускиот град Белгород. Украинските власти соопштија дека Русија го нападнала Харков со проектили и беспилотни летала, при што […]

До крајот на 2024 година, сите телефони во ЕУ ќе мора да имаат универзален USB C полнач


Од 2024 година сите мобилни телефони, таблети и камери ќе мора да имаат ист полнач. Слотот познат и како USB-C станува стандард во ЕУ и секој ќе мора да се приспособи на него.   На оваа голема промена, која наскоро стапува на сила, потсети и Европската комисија со објава на Фејсбук. „Чекањето конечно заврши. Од […]

ЦУК: Новогодишното расположение да не биде повод за ризици и опасности


Центарот за управување со кризи (ЦУК) алармира новогодишното расположение да не биде повод за ризици и опасности по здравјето и животот на луѓето и животните, како и материјалните добра и животната средина.  Оттаму потсетуваат дека операторите на бројот за итни повици 112 и Секторот за операции и координација се 24/7 се на должност и подготвени […]

Сеедно ни е кој ќе биде новиот претседател на САД, вели Лавров


Москва – Владејачката елита на САД мисли во рамките на својата супериорност и посебност, ја гледа Русија како свој непријател и егзистенцијална закана, поради што на Москва и е сеедно кој ќе победи на следните претседателски избори во таа земја, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Имајќи го предвид постоечкиот меѓупартиски консензус за […]

Интерпол: Се соочуваме со епидемија на прекуграничен организиран криминал


Париз – Меѓународната полициска организација Интерпол соопшти дека е регистрирано нагло зголемување на организираниот криминал од прекуграничните мрежи и предупреди дека овие банди само ќе станат помоќни. Ова го пренесе ДПА, повикувајќи се на изјава на Јирген Сток, генерален секретар на организацијата со седиште во Лион. – Се соочуваме со невидена епидемија на прекуграничен организиран […]

Нов Зеланд ја пречека Новата 2024 година, Австралија ги прави последните подготовки


Окленд – Новата 2024 година е пречекана во Нов Зеланд, а во најголемиот новозеландски град Окленд од Скај Тауер (Sky Tower), највисоката зграда во земјата, беше пуштен огномет. За два часа соседна Австралија ќе ја пречека Новата година, а огномет ќе има и од мостот Харбур во Сиднеј. Во Сиднеј се распоредени повеќе полицајци од […]

Нова година на плажа: Еве каде Џеј Ло ги поминува празниците


Оваа недела Џенифер Лопез и Бен Афлек уживаат на заеднички одмор во Сент Бартс по божиќниот празник. Во петокот, парот беше фотографиран како шетаат рака под рака низ тропскиот остров. Лопез беше облечена во бел фустан без ракави со светла цветна шема . Ја имаше крената косата во опавче, носеше бели очила за сонце и […]

Жителите на пацифичкиот остров Киритимати први во светот ја пречекаа Новата 2024


Киритимати – Жителите на тихоокеанскиот остров Киритимати, кој е дел од Кирибати, и каде живеат околу 5.000 луѓе, први во светот ја пречекаа Новата 2024 година со огномет и забави на отворено во јужниот дел на Пацификот, јави ДПА. Киритимати, најголемиот остров на пацифичката островска држава Кирибати, е првиот населен остров каде започнува секоја нова […]

Романија и Бугарија од март влегуваат во Шенген по воздушен и морски пат


Виена – Австрија постигна договор со Бугарија и Романија за влез во Шенген зоната по воздушен пат, а двете земји ги исполнија австриските барања, соопшти австриското Министерство за надворешни работи. Документот е испратен до земјата претседавач со ЕУ, Шпанија, а сега останува на претседателството и на Европската комисија да ја спроведат бугарската и романската апликација за […]

Во Сеул паднале 12,2 сантиметри снег, што е најмногу во еден ден во последните 40 години


Сеул – Државната метеоролошка агенција на Јужна Кореја денеска соопшти дека претходниот ден во Сеул паднале 12,2 сантиметри снег, што е најмногу снег во еден ден од 1981 година. Корејската метеоролошка управа објави дека во саботата и во другите делови на Јужна Кореја паднал снег или врнело дожд, пренесува Блумберг. Според јужнокорејската Агенција за национална […]

Возовите на „Еуростар“ до и од Лондон повторно се во функција


Лондон –  Возовите на компанијата „Еуростар“ до и од Лондон денеска повторно сообраќаат откако вчера беа откажани 41 линија поради поплави во тунелот под Темза. Компанијата соопшти дека британската железничка компанија „Нетворк Реил“ (Network Rail) ја има ситуацијата под контрола и овозможила да се пушти во употреба барем една од цевките во тунелот, пишува „НЛ […]