Макрон ја започнува тридневната посета на Германија


Берлин – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја започнува тридневната посета на Германија, што е прва посета на француски претседател на Берлин во последните 24 години. Макрон ќе се сретне со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, со кого ќе посети неколку региони на Германија и ќе ги нагласи добрите и единствени односи меѓу двете земји, објавено […]

Неколку илјади Шпанци протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“


Палма де Мајорка – Неколку илјади луѓе синоќа протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“, извор на приход за шпанскиот балеарски архипелаг, но и еден вид бариера за нормалниот живот на локалното население. Марширајќи зад транспарентот „Мајорка не се продава“, демонстрантите поминаа низ центарот на градот. Организаторите особено ги истакнуваат огромните трошоци за домување […]

Станушината – единствената македонска автохтона сорта на грозје се враќа на винската карта


Отпорноста на суша, но и на болести, ја прави погодна за одгледување единствената македонска автохтона сорта на грозје – станушината. Некогаш подзаборавена и неправедно маргинализирана, таа се враќа меѓу лозјата во Тиквешко, најголемиот лозаровинарски регион во државата. За неа, експертите велат дека има уникатен генетски профил.   Говорејќи за историјата и за долгата традиција на […]

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион


Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија. Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната “Шпиље” кај Дебар. – Главната трафостаница во ХЕ “Шпиље” погодена беше од гром-електрично празнење, при силно невреме.  Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион […]

Златна палма за комедијата „Анора“ на Шон Бејкер, почесна Златна палма за Џорџ Лукас


Кан – „Анора“, мрачно смешна и трогателна драма за млада егзотична танчерка која се поврзува со син на руски олигарх, во саботата ја освои главната награда на Канскиот филмски фестивал, Златната палма. Филмот на американскиот режисер Шон Бејкер победи 21 други конкурентски филмови , вклучувајќи ги и пријавените на  Френсис Форд Копола и Дејвид Кроненберг. […]

Поставена биста на Томас Транстромер во седиштето на СВП


Во спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга, во седиштето на Струшките вечери на поезијата, беше откриена биста на Томас Транстромер, добитникот на Златниот венец во 2003 година. Националната установа Струшки вечери на поезијата денеска информира дека автор на делото е академскиот вајар Сокол Цфарку, а е донација од македонскиот иселеник во Шведска, Антонијо Трпeвски и […]

Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.  Во Скопје променливо облачно, попладне во […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 26 мај 2024 година, 147-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 219 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 4 минути, а ќе зајде во 19 часот и 58 минути. Денов трае 14 часа и 54 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Ден на младоста: Титовите пионери и годинава во Куќата на цвеќето кај Тито


Белград – Денот на младоста – 25 мај, кој се славеше во поранешна СФР Југославија како роденден на Јосип Броз Тито, повторно и годинава ги собра почитувачите на ликот и делата на претседателот на СФР Југославија, Тито, во Музејот на Југославија во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Поранешните Титови пионери, како и сите […]

Трета титула за Руд во Женева


Женева – Најдобриот норвешки тенисер Каспер Руд (АТП – 7.) трет пат во кариерата го освои победничкиот трофеј на АТП турнирот во Женева, совладувајќи го попладнево во финалето Чехот Томаш Махач (АТП – 44.) со 7-5, 6-3. Руд триумфираше во Женева и во 2021, 2022 и 2024 година. За Махач ова беше прво АТП финале, додека […]

Гадно се чувствував, се разбира дека сум загрижен. Ѓоковиќ елиминиран во Женева


  Новак Ѓоковиќ повторно не успеа да освои трофеј на еден турнир иако одлучи да настапи во Женева, во нешто послаба конкуренција од обично. Својот пат во Швајцарија го заврши во полуфиналето, а можеби си направи дополнителни проблеми бидејќи во денешниот меч се Махач доживеа и повреда на зглобот на раката. По мечот, Ѓоковиќ призна […]

Фановите се збунети што Кејт Бланшет се нарекува себеси „средна класа“


Кејт Бланшет ги збуни обожавателите нарекувајќи се себеси како „средна класа“ и покрај нејзиниот статус на холивудска ѕвезда. 55-годишната Бланшет ги даде коментарите додека зборуваше за давање платформа на филмаџиите бегалци за време на прес-конференцијата на Обединетите нации , на Канскиот филмски фестивал во Франција. „Јас сум бела, јас сум привилегирана, јас сум средна класа […]

Со просек над 3,00 ученици во дуални паралелки ќе добиваат месечна стипендија од 3.500 денари


Уписите во средно образование, согласно конкурсот што го објави Министерството за образование и наука (МОН) ќе се одржат во периодот од 20 до 25 јуни. Она што е новина годинава е тоа што кандидатите освен што ќе мораат во овие пет денa  да се пријават електронски, истовремено ќе треба документите за упис да ги однесат […]

Делото на сесловенските просветители нè обврзува – секогаш да се бориме за македонските писмо, јазик и книжевност


Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители! И да не заборавиме на сето она на што нивното дело нè обврзува, особено нас во чијашто традиција е многу присутен култот кон нив. Светите браќа Кирил и Методиј не се случајно избрани. И не е случајно што тие за свој изворник ги избрале говорите од Солунско! […]

Ѕвездите изгледаа како милиони долари за добротворната amFar гала во Кан (фото)


Кан – Холивудски ѕвезди, европски актери, музичари и манекенки се собраа во Hotel du Cap-Eden-Roc во Кан на 30-от по ред добротворен настан „Киното против сидата“ во организација на фондацијата за истражување лек против сидата amFAR, спонзорирана од Chopard. Фондацијата има за цел  да пронајде лек за сидата, но традиционално беше повод да се соберат […]

Дејвид Бекам ќе дизајнира за Хуго Бос


Hugo Boss најави повеќегодишна соработка со Дејвид Бекам за својата машка колекција. Соработката е прва од ваков вид за Boss Menswear и ќе го одразува стилот и естетските вредности на поранешниот англиски фудбалер и германскиот бренд. Во наредните сезони, партнерството ќе вклучува капсулни и колекции дизајнирани и курирани од Дејвид Бекам, кој ќе биде вклучен […]

Викендов променливо облачно, наместа нестабилно со дожд и грмежи


Променливо облачно време ќе преовладува во деновите од викенд, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Како што информираат од УХМР, во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и […]

Виртуозноста на маестро Сај беше уште еден триумф на Бетовен – маестрален крај на концертната сезона на Филхармонија


  Уште еднаш го посведочивме триумфот на Бетовен над страдањето, убавината преку болката, интимниот шепот и стравичните молњи на душата. Оваа вечна приказна со магичните прсти и техника ни ја раскажа извонредно и автентично турскиот и светски пијанист Фазил Сај , синоќа, во преполната Филхармонија, како маестрален крај на концертната сезона, под исклучителното диригентско водство […]

Промоција на руската објава на роман од Томислав Османли


Дистопискиот роман „Бродот. Конзархија” објавен во едицијата „100 словенски романи” беше претставен во Центарот на словенските култури со таков интерес што беше договорено на есен да се одржи посебна книжевна средба посветена на овој македонски роман.   Во очи на Денот на словенските просветители, синоќа во Москва беше промовирана новата, руска објава на романот на […]

Македонската изворна музичка ризница претставена во Рим 


Со концерт на Националната установа Камерен оркестар на Битола и солистката Нада Талевска-Спасовска,  во салата „Балдини“ во Рим синоќа се одржа културната програма во рамки на традиционалната манифестација „Ден на Светите Кирил и Методиј“. Концертот на нашите уметници на кој присуствуваа и членовите на државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, беше составен од македонски […]