Кинотека ви прикажува: Последна проекција за годинава – новопримени архивски материјали во 2023
Во четврток на 28 декември, во 20.00 ч., Кинотеката на Република Северна Македонија ќе ја одржи последната официјална филмска проекција за годинава. Љубителите на филмската уметност ќе можат да погледнат дел од новопримените филмски материјали што Кинотеката ги прибра во годинава што изминува. Имено, една од основните дејности на Кинотеката, поточно на Одделението за прибирање, …