Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата, сајбер безбедноста ќе биде приоритет


Министерството за дигитална трансформација во наредниот период ќе дигитализира 20 нови услуги што им се потребни на граѓаните и компаниите, a кои ќе бидат достапни на порталот uslugi.gov.mk во првите 100 дена од работата на новата Влада. Од нив 10 ќе бидат за бизнисите, а 10 за граѓаните. Како што најави ресорниот министер Стефан Андоновски […]

ЕВРО2024: Грузијците наградени со 10.7 милиони долари од поранешниот премиер Иванишвили


Тбилиси – Основачот на грузиската владејачка партија, милијардерот и поранешен премиер Бидзина Иванишвили, најави дека ќе донира 10,7 милиони долари за националниот фудбалски тим како награда за победата над Португалија и пласманот во осминафиналето на ЕВРО2024. Во соопштението за печатот, неговата грузиска партија соопшти дека Иванишвили му честитал на националниот тим и ветил пари од […]

Викендов и во понеделник сончево и топло, од вторник пороен дожд, грмежи и ветер


Викендов и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Книжевно летно освежување од „Арс Ламина“


Летниот одмор не може да се замисли без добра книга. Книгите се одлична придружба во летните денови, поминати под сенката на плажа, во ладовина на планина или за време на долгите патувања. Разладете се овие жешки денови со книжевното освежување од „Арс Ламина“. Во топ 10 листата со наслови, што ги препорачуваме за ова лето, […]

Уличното дефиле и претставата „Сонот на Ерберт“ одложени за утре


Прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје , наместо вечерва, е одложена за утревечер поради големо невреме во моментот на полетување на гостите од Франција. Крајот на прославата е замислен со  улично дефиле и претстава, насловени „Сонот на Ерберт“. Претставата е во изведбата на француската театарска трупа „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), […]

Концерт на Никола Ѓуричко и Џони миднајт трио во Јавна соба


  На 3 јули во Јавна соба ќе се одржи концертот на Никола Ѓуричко и неговиот бенд Џони миднајт трио. Овој неодамна формиран рок бенд е како да гледаме стaри ноти на песни на легендарни екс ЈУ бендови, но со многу силен личен печат. Обработените песни, кои ги слават авторите кои ги почитуваат како Џони […]

Ужас во Сараево: Пронајдени три тела во запалена куќа, на пожарот му претходеле истрели


Три тела се пронајдени во семејната куќа во Широкача, Сараево. Оваа информација за медиумите ја потврди портпаролката на кантоналното обвинителство на Сараево, Азра Бавчиќ. Пронајдени се три неидентификувани тела, а бидејќи истрагата се уште е во тек, се утврдуваат сите околности на смртта“, рече Бавчиќ. Полицијата доцна синоќа соопшти дека дошло до експлозија во семејниот […]

Најголемата колекција на лични предмети на принцезата Дијана на аукција во Беверли Хилс


Одржувајќи го моментумот по продажбата од 1,14 милиони долари на вечерниот фустан на принцезата Дајана од Жак Азагури од 1985 година во декември, аукциската куќа Julien’s Auctions со седиште во Калифорнија претстави изложба во турнеја на која беа прикажани некои од нејзините најфотографирани облека и модни додатоци. По запирањата во Хонг Конг, Њујорк и Ирска, […]

Џенифер, ќерката на Бил Гејтс, е бремена со второ дете


Џенифер Гејтс откри дека таа и сопругот Најел Насар го чекаат своето второ дете. Ќерката на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, оваа недела се огласи на Инстаграм за да објави дека двојката има дете на пат. „Леила, унапредена во голема сестра“, напиша таа на објавата, со фотографија на која го лулка своето бебе, додека ја […]

Со „Едвард Втори“ почнува Шекспир фестивал во Битола


  Со претставата „Едвард Втори“, копродукциски проект на НУЦК Театар „Јордан Х.К. Џинот“, Велес и Драмски Театар Н.О. Масалитинов, Пловдив, Р. Бугарија, на 28 јуни во 20 часот, во Битола стартува јубилејното десетто издание на меѓународниот Шекспир фестивал. До 2 јули во рамките на фестивалот кој се одвива под мотото „Месечината јасно свети, во ноќ […]

Мајкл Џексон должел над 500 милиони долари кога починал, откриваат нови судски документи


Кога Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година од очигледен срцев удар во Лос Анџелес на 50-годишна возраст, тој имал долг од над 500 милиони долари, според судските документи поднесени во петокот, 21 јуни, а кои ги добиле PEOPLE. Ноќта пред неговата смрт, кралот на попот истрча на шестчасовна генерална проба во Стејплс центарот […]

На ЕУ и се потребни 500 милијарди евра за одбраната во следната деценија


Брисел – Во текот на следната деценија на Европската Унија ќе и бидат потребни 500 милијарди евра инвестиции во одбрана, што според сегашните цени би значело дека блокот има недостиг од 400 милијарди евра, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европските лидери на денешниот Самит на ЕУ во Брисел.  […]

Роберт Вељановски пак се враќа како директор на Драмски театар


НУ Драмски театар Скопје информираше преку објава на „Фејсбук“ дека од денес има нов в.д. Директор, Роберт Вељановски, а на досегашната в.д. директорка, Викторија Рангелова Петровска, и се заблагодари за досегашната ангажираност и работа како одговорно лице на установата. Роберт Вељановски е вработен во Драмски од 1997 година, а на чело на институцијата во 2013 […]

Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии


Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите, соопшти владината прес-служба, Со овој проект, како што се подвелекува, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки […]

ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет


Силното невреме кое попладнево ја зафати Скопската котлина, Тетовско и други региони во земајва, предизвика материјална штета, а повеќе пријави и известувања од граѓаните се добиени на Единствениот број за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Добиени се пријави и известувања за: паднати и навалени дрвја, скршени гранки, скинати проводници, […]

Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон


Прекрасни вести за сите навивачи на Новак Ѓоковиќ. Српскиот ас им соопшти на англиските медиуми дека сепак решил да настапи на Вимблдон и повторно ќе биде меѓу главните фаворити за освојување на престижниот трофеј.  Српскиот тенисер одработи еден тренинг со Италијанецот Јаник Синер, а потоа кратко поразговара со насобраните медиуми кои ги интересираше само едно […]

Шолц ја потврди својата поддршка за вториот мандат на Урсула фон дер Лајен за претседателка на ЕК


Берлин  – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја потврди својата поддршка за Урсула фон дер Лајен за втор мандат како претседател на Европската комисија, јави ДПА. -Нашата намера е политичката платформа што претходно ја поддржуваше г-ѓа Фон дер Лајен, треба да продолжи да го прави тоа и во иднина, рече Шолц при неговото пристигнување на […]

Трамп против Бајден: Америка ја чека дебатата на годината


Вашингтон – Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот претходник Доналд Трамп денеска ќе се соочат на првата од двете претседателски дебати во Атланта. Според анкетите, тие имаат речиси подеднаква поддршка од гласачите. Трамп и Бајден ќе разговараат за економијата и војните, но и за миграцијата и иднината на демократијата. Како двајца најстари претседателски кандидати во […]

Силно невреме ја зафати Словачка, поплавени улици и подруми, предизвикана голема штета


Братислава – Невремето и обилните врнежи денеска предизвикаа хаос и голема штета на имотите во Словачка, објавија денеска словачките власти. Окружната болница мораше да биде затворена поради поплавата, многу патишта беа поплавени, а железничкиот сообраќај беше во прекин. Дрва паднаа врз куќи и игралишта, јави ТВ станицата ТА3. На некои места за само неколку часа […]

Пред да заврне вистински дожд отворена изложбата „И потоа врнеше во длабоката фантазија“ во Чифте амам


Пред да настапи вистинскиот дожд, меѓународната изложба „Poi piovve dentro a l’alta fantasia“ или „И потоа врнеше во длабоката фантазија“ синоќа беше отворена во Чифте амам, во рамките на 45. издание на Скопско лето. Куратор на изложбата е Ана Франговска. „И потоа врнеше во длабоката фантазија“ претставува мултимедијален уметнички дијалог меѓу Bardh-I Rafet Jonuzi-T уметник […]