По Хераклеа, на Антички: Слаткар изненадување на концертот на Калиопи во Охрид


Македонската дива, поп-ѕвездата Калиопи, на 2 август одржа спектакуларен концерт под отворено небо во Античкиот театар во Охрид. Со фантастична енергија и емоции кои несебично ги споделуваше со публиката, таа приреди вистинско волшебно музичко патување во градот Охрид, за кој кажа дека е место полно со магија, уметност, неверојатна природа, место каде што се родила […]

Грчка вечер на „Охридско лето“


Вечерва на програмата на „Охридско лето“, во рамките на Грчката вечер, ќе се одржи концерт на Христос Гримпас-виолончело и Џорџ – Емануел Лазаридис –пијано. Концертот е од 21 часот во црквата „Света Софија“. Христос Гримпас студира на Државниот конзерваториум во Солун (проф. Д. Патрас) како и на Универзитетот за уметности во Берлин. Пост- дипломските студии […]

Зак Ефрон вели дека е „среќен и здрав“ по инцидентoт во базенот на Ибица


Зак Ефрон сподели порака на својата приказна на Инстаграм во неделата, откако се појави веста дека бил хоспитализиран поради инцидент со пливање вна Ибица, во Шпанија неколку дена претходно. „Среќен и здрав“, напиша Ефрон. „Благодарам за добрите желби“. Актерот имал „мал инцидент со пливање“ во петокот вечерта додека користел базен во вила на Ибица, потврдил […]

Адел настапи пред 80.000 луѓе во Минхен, Германците направија цел стадион само за неа


Адел ја започна својата 10-ноќна концертна резиденција во Минхен, Германија во петокот, 2-ри август, настапувајќи пред публика од 80.000 луѓе. Пејачката излезе на сцената во Месе Минхен, која привремено беше наречена „Адел арена“, по реновирањето од 130 милиони долари, кое вклучуваше инсталирање на ЛЕД екран од 721 на 98 метри, сцена од 43.000 квадратни метри […]

Мицкоски ќе го пречека косовскиот премиер Курти


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе го пречека и ќе биде домаќин на косовскиот премиер Албин Курти. Како што соопштија од владината прес-служба, во рамки на посетата предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Курти, по што ќе следи билатерална средба на која покрај премиерите ќе присуствуваат и владини […]

Првиот српски сателит ќе го снима Сонцето и Србија оддалеку


Белград – Првиот сателит – Мозаик – што Србија де подготвува да го испрати во орбитата освен што ќе го набљудува Сонцето во доменот на рендгенските зраци, што е невозможно од земјата, има и мала камера што ќе ја снима Србија оддалеку. Тоа го нагласи во изјава за Политика научниот соработник на српската Астрономска  опсерваторија во […]

Австралија го зголеми нивото на терористичка закана од „можно“ на „веројатно“


Канбера – Австралија го подигна нивото на закана од терористички напад од „можен“ на „веројатен“ поради порастот на екстремистичкото расположение кај јавноста. Ова значи дека веројатноста за планирање и подготовка на напад во Австралија во следните 12 месеци е за 50 отсто поголема. Премиерот Ентони Албанезе изјави дека степенот на готовност е зголемен по препорака на […]

Хамас го избра Халед Машал за привремен лидер


Газа – Палестинското исламистичко движење „Хамас“, кое управува со Појасот Газа го избра Халед Машал за привремен лидер, јавуваат арапските медиуми. Според изворите на порталите Ал-Арабија и Ал-Хадад, лидерите на групата се согласија Машал да биде на чело на Хамас до одржувањето на нови избори. Машал, кој беше лидер на групата од 1996 до 2017 […]

Сопругот на Камала Харис призна дека имал афера за време на првиот брак


  Вашингтон – Сопругот на потпретседателката Камала Харис, Даг Емхоф, во саботата во изјава за Си-Ен-Ен призна дека имал афера за време на неговиот прв брак, откако наводните детали за врската ги објави британски таблоид. „За време на мојот прв брак, Керстин и јас поминавме низ тешки времиња поради моите постапки. Ја презедов одговорноста и […]

Петти ден амандманска расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе продолжи амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година со кој вкупните приходи се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од […]

Борел: Се чини дека Гонзалес е победник на претседателските избори во Венецуела


Брисел– Европската Унија и натаму со голема загриженост ги следи случувањата во Венецуела и повикува на смиреност и воздржаност, се наведува во писмената изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел објавена доцна синоќа во врска со настаните во оваа јужноамериканска држава по претседателските избори одржани на 28 јули.  – […]

Промоција на VR и AR апликациите изработени во рамките на проектот Владетелки на Балканот


 Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје, заедно со соработниците од Археолошкиот институт од Белград и координаторот DIGI.BA од Сараево денеска во Европската куќа во Скопје во 10 часот ќе ги промовира VR и AR апликациите изработени во рамките на проектот „SHELeadersVR“ (Владетелки на Балканот) поддржан од програмата Креативна Европа. Целта […]

Симон Трпчевски блескаво ја заокружи серијата концерти во Монте Карло


Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески синоќа (4 август) во „Палатата на Принцот“ во Монте Карло со блескав настап го заокружи своето гостување како резиденцијален артист на Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, во чии рамки одржа серија концерти во тековната сезона 2023/24 година. Овој пат публиката со овации ја поздрави изведбата на Концертот за […]

Сончево и топло, попладне со локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 5 август 2024 година, 218-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 148 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 32 минути, а ќе зајде во 19 часот и 47 минути. Денов трае 14 часа и 15 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

СДСМ: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ досега е само театар на обвинувања


„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја замајуваат јавноста со некакви индиции за криминал од претходната Влада без да понудат никаков доказ или да поднесат некакво обвинение.  Мицкоски не може да разбере дека веќе не е во опозиција туку е на власт и ваквите обвинувања без никакви докази предизвикуваат потсмев во јавноста. Тој […]

Трамп се исплаши па закажа дебата на Фокс Њуз место на Еј-Би-Си Њуз, велат од штабот на Харис


Вашингтон – Изборниот штаб на Камала Харис, американската потпретседателка и најверојатна кандидатка на демократите на претстојните избори во ноември, денеска го обвини поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп дека се обидува да ги промени условите на дебатата за Еј-Би-Си Њуз, закажана за 10 септември, за да создаде опкружување за дебата што може да му […]

„Газета експрес“: Курти в понеделник во Скопје на средба со Мицкоски


Приштина – Косовскиот премиер, Албин Курти в понеделник, на 5 август, ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне со неговиот македонски хомолог, Христијан Мицкоски, дознава македонското дописништво на приштинскиот портал „Газета експрес“. Неименувани извори на порталот од владејачките структури во Скопје тврдат дека средбата на премиерите на Северна Македонија и Косово ќе се одржи […]

Нов златен медал за Симон Бајлс во Париз


Париз – Американската гимнастичарка Симон Бајлс денскаповторно освои злато, овој пат во дисциплината прескок. Таа во првата низа изведе потег наречен (по неа) „Бајлс II“ – најтешкиот скок преку „коњот“ според женските правила, кој беше доволен за 15.700 поени. Следен потег беше „Ченг“ со свртување и половина во воздух. По вториот скок, просекот од 15.300 […]

Женг ја освои олимписката титула во тенис за жени во сингл


Париз – Кинеската тенисерка, Кинвен Женг ја освои титулата во сингл за жени на Олимписките игри во Париз. Шестата носителка Женг во финалето оствари триумф над 13.пласираната Хрватка Дона Векиќ со 6:2, 6:3. Таа стана првата Кинеска која освоила златен медал во сингл на Олимписките игри. Натпреварот траеше час и 46 минути.