Украинскиот премиер побара од САД економска помош во износ од 11,8 милијарди долари оваа година


Киев – Украина очекува да добие 11,8 милијарди американски долари економска поддршка оваа година, изјави денеска нејзиниот премиер Денис Шмигал. Киев се соочува со буџетски недостиг од 37 милијарди долари во 2024 година поради двегодишната руска инвазија и се потпира на западните партнери за оваа витална помош. Шмигал изрази надеж на форумот во Киев по …

Украинскиот премиер побара од САД економска помош во износ од 11,8 милијарди долари оваа година Read More »

Литванија собра околу девет милиони долари за украинските војници


Рига – Граѓаните, компаниите и организациите во Литванија донираа околу 8,3 милиони евра (девет милиони американски долари) во четиринеделната кампања за собирање средства за купување заштитна опрема за украинските војници. Две години по почетокот на руската инвазија врз Украина, „Радаром“! кампањата, која ја иницираа литванското радио и неколку јавни личности, заврши синоќа со хуманитарен концерт. …

Литванија собра околу девет милиони долари за украинските војници Read More »

Горат куќи во пожарите во Австралија


Мелбурн – Шумските пожари кои беснеат во австралиската сојузна држава Викторија веќе неколку дена зафатија живеалишта, соопштија денеска властите предупредувајќи дека прогнозата за „екстремна“ топлина за вториот дел од неделата може дополнително да ги поттикне шумските пожари. Премиерката на Викторија Џасинта Алан потврди дека се уништени шест домови, додавајќи дека тоа е многу тешка вест …

Горат куќи во пожарите во Австралија Read More »

ДИК: Најмногу потписи за Османи, Димитриевски и Ванковска


Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден вкупно 14.360 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата. Според објавените податоци на ДИК, досега никој од кандидатите за шеф на државата ги нема собрано потребните 10 илјади потписи од граѓаните. Според пресекот на ДИК, најмногу потписи има Бујар Османи, …

ДИК: Најмногу потписи за Османи, Димитриевски и Ванковска Read More »

Ана Брнабиќ: Најверојатно е дека ќе има нови, а не повторени избори во Белград


Белград- Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека најверојатно ќе има нови, а не повторени избори во Белград, додавајќи дека „ниту еден глас не е украден“ и дека никогаш нема да прифати меѓународна истрага за изборите од 17 декември, јави дописникот на МИА од Белград. Таа оцени дека изборите се одржани, дека се легитимни и …

Ана Брнабиќ: Најверојатно е дека ќе има нови, а не повторени избори во Белград Read More »

Бојмацалиев: Ја постигнуваме бројката од 1.734.000 обрасци за патни исправи, МВР ја има предвидено потребата на граѓаните


Зголемената фреквенција во управните служби со издавањето на личните документи, што настана по стапувањето на сила на техничката влада е резултат на сценарио кое е политички мотивирано. Имено, има два клучни моменти. Прво, е систематското создавање на илузија преку лансирање на флоскулата Никогаш Северна, што евидентно влијаеше на намалување на интересот на граѓаните за замена …

Бојмацалиев: Ја постигнуваме бројката од 1.734.000 обрасци за патни исправи, МВР ја има предвидено потребата на граѓаните Read More »

Независниот синдикат на здравствени работници најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата


Независниот синдикат на здравствени работници, административен технички персонал и технички персонал најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата.  На денешната прес-конференција, националниот координатор на Независниот синдикат Боби Бојчевски рече дека ќе се протестира за време на паузи и дека во период од три часа би биле затворени јавните здравствени установи, а би …

Независниот синдикат на здравствени работници најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата Read More »

Без вода Инџиково, Хиподром и хотел „Белви“


Без вода денеска од 11 часот се корисниците од Инџиково, Хиподром и хотел „Белви“ во Општина Гази Баба. Како што информира jавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на ул.„15“ во селото Инџиково (покрај каналот). Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Скопје се искачи на 1 место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање


Скопје се најде на врвот на ТОП 10 европски градови со средна големина според ефективноста, односно рентабилност за инвестирање на рангирањето кое го прави економското списание ФДИ интелеџенс, дел од реномираниот меѓународен весник за економија, Фајненшл Тајмс, соопшти Дирекцијата за технолошко-развојни зони. – Ова е скок од четврто место на кое беше главниот македонски град …

Скопје се искачи на 1 место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање Read More »

Таравари: Би ги прифатиле сите одлуки на судот


Би ги прифатиле сите одлуки на судот бидејќи сме сигурни дека и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот имаме мнозинство, вели Арбен Таравари за расколот во Алијанса на Албанците. Во интервју за „Гласот на Америка“, Таравари вели дека фракцијата во партијата што го поддржува Зијадин Села веќе неколку месеци …

Таравари: Би ги прифатиле сите одлуки на судот Read More »

Хутите нападнаа американски танкер, САД и Велика Британија го ракетираа главниот град на Јемен


Сана – Јеменските бунтовници Хути го нападнаа американскиот танкер „МВ Торм Тор“ во Аденскиот залив, соопшти денеска портпаролот на оваа милитантна група Јахја Сареа, додека САД и Велика Британија извршија воздушни напади врз Сана, главниот град на Јемен. Групата го гаѓала танкерот со нафта „со неколку бродски проектили“, рекол Сареа. Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти …

Хутите нападнаа американски танкер, САД и Велика Британија го ракетираа главниот град на Јемен Read More »

Германија се уште размислува дали да испорача оружје со долг дострел на Украина


Берлин – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вчера во украинското црноморско пристаниште Одеса изјави дека Германија се уште размислува дали да испорача оружје со долг дострел на Украина. – Се разбира, сè што даваме во однос на воената поддршка е премалку, рече таа на прес-конференција по ненајавената посета на Украина. Таа додаде дека …

Германија се уште размислува дали да испорача оружје со долг дострел на Украина Read More »

Запалени возило и гаража во Кавадарци


Возило и гаража биле запалени доцна синоќа во Кавадарци, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот на околните куќи бидејќи се работи за место со густо населени куќи.  Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале со три возила и шест пожарникари.  За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци …

Запалени возило и гаража во Кавадарци Read More »

Рекордно ниска површина под мраз на морето околу Антарктикот


Лондон – Трета година по ред, површината на морето под мраз околу Антарктикот се спушти под два милиони квадратни километри, што не се случило пред 2022 година од почетокот на сателитските мерења во 1979 година. Најновите податоци на американскиот центар за снег и мраз потврдуваат дека во претходните три години количината на лебдечки мраз на …

Рекордно ниска површина под мраз на морето околу Антарктикот Read More »

Награди SAG : Најдоброто од црвениот ќилим


Доцна синоќа во Shrine Auditorium & Expo Hall во Лос Анџелес беа доделени SAG наградите (Screen actors guild), кои ги доделува професионалното здружение на актери за најдобри остварувања во изминатата година.  Победниците им беа познати на оние кои ја следеа сезоната на награди, бидејќи актерите од “The Bear,” “Oppenheimer” и“Beef” ги однесоа дома статуетки како …

Награди SAG : Најдоброто од црвениот ќилим Read More »

Трамп победи и во Јужна Каролина


Вашингтон – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (77) победи на партиските избори во државата Јужна Каролина, откако освои 61 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Ники Хејли 39 отсто, со што се доближи до републиканската номинација за претседателските избори во ноември. – Никогаш не сум ја видел Републиканската партија толку обединета како што е сега. …

Трамп победи и во Јужна Каролина Read More »

Овации во Филхармонија: Концертот со хитовите на загрепската поп рок школа се претвори во журка


  Урбаната публика ја преполни Филхармонија, се сеќаваше само на убавите моменти на растење и созревање и уживаше на хитовите кои го обележаа животот на многу генерации, синоќа, на концертот „Памтим само сретне дане” на кои се пеаја  хитовите на загрепската поп рок школа од 80-тите и 90-тите години во придружба на Филхармонија. Публиката направи …

Овации во Филхармонија: Концертот со хитовите на загрепската поп рок школа се претвори во журка Read More »

Предлогот за избор на претседател на државата во Собранието неприфатлив за дел од политичките партии


Предлогот на ДУИ за избор на претседател на државата во Парламентот со двотретинско мнозинство, а кое го истакна и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, е неприфатлив за дел од политичките партии.  Од СДСМ, која е коалициски партнер на ДУИ, завчера преку соопштение информираа дека оваа идеја не е нова, туку дека станува збор за …

Предлогот за избор на претседател на државата во Собранието неприфатлив за дел од политичките партии Read More »

Војчеховски: Трговските и климатските политики на ЕУ се причина за незадоволството на земјоделците


Брисел – Земјоделците не излегоа на протести на улиците поради земјоделската политика на ЕУ, туку поради незадоволство од трговските и климатските политики на блокот, оцени еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.  Ваквиот став, како што јави дописникот на МИА од Брисел, полскиот еврокомесар Војчеховски го изнесе во одговор на писмото на претседателот на Комитетот за земјоделство …

Војчеховски: Трговските и климатските политики на ЕУ се причина за незадоволството на земјоделците Read More »

Долгото чекање термини во јавното, ги „брка“ пациентите кон приватното здравство


Долгото чекање за да се дојде до закажаниот термин за специјалистички прегледи во јавното здравство, честопати поради итноста на болеста, ги принудува пациентите да побараат помош преку пријатели за побрзо да го направат потребното снимање, а дел од нив „спасот“ го бараат во приватното здравство каде услугите се поскапи. На секој вработен, од платата секој …

Долгото чекање термини во јавното, ги „брка“ пациентите кон приватното здравство Read More »