Акустичен концерт на „Ареа“ во Филхармонија на 19 и 20 април


Акустичен концерт ќе одржи рок-групата „Ареа“ на 19 и 20 април во Филхармонија во Скопје. Членовите на групата најавуваат акустична музичка магија, каде што ќе се слушнат сите хитови направени во текот на нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала. Ружица Милошеска Брчиоска, пејачка во бендот, …

Акустичен концерт на „Ареа“ во Филхармонија на 19 и 20 април Read More »

Каролина со концерт во Велес на 27 април


Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, поп-ѕвездата Каролина Гочева – Корубин ќе одржи ексклузивен концерт на 27 април во Велес, во Народниот театар ,,Јордан Х.К. Џинот”. После распродадените концерти во март во Скопје, Гевгелија, Струмица и Крива Паланка и претстојните концерти овој викенд во Куманово и Охрид, Каролина доаѓа во Велес …

Каролина со концерт во Велес на 27 април Read More »

Ќе се подига нивото на изучување на македонскиот јазик во Будимпешта – Владимир Мартиновски го посети Лекторатот


Проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на 8 и 9 април беше во работна посета на Факултетот за хуманистика при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Деканот Мартиновски беше гостин на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, што го води Златко Панзов и имаше можност лично да се запознае со Лекторатот, …

Ќе се подига нивото на изучување на македонскиот јазик во Будимпешта – Владимир Мартиновски го посети Лекторатот Read More »

Драмски театар со „Падот на Масада“ гостува на фестивалот РУТА во Подгорица


Со претставата „Падот на Масада“ на Дејан Пројковски, Драмски театар Скопје гостува на фестивалот РУТА. Во Подгорица од 8 до 13 април во организација на Градско позориште Подгорица се одржува црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Ансамблот на Драмски театар вечерва во 20 часот ќе ја игра претставата на сцената „Будо Томовиќ“ каде неделава …

Драмски театар со „Падот на Масада“ гостува на фестивалот РУТА во Подгорица Read More »

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоција на „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова


Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоцијата на победничкиот роман – „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова ќе се одржат на 16 април (вторник), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: Николина Андова Шопова, …

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоција на „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова Read More »

Свршеницата на Џеф Безос со смел изглед во Белата куќа, еве што избра за државната вечера


Вашингтон–  Свршеницата на Џеф Безос (60), новинарката и филантроп Лорен Санчез (54), воодушеви со темноцрвен фустан со корсет и длабоко деколте за време на заедничката посета на Белата куќа. Санчез и Безос беа меѓу многуте ѕвезди поканети на гала државната вечера во чест на јапонскиот премиер Фуми Кишидо и неговата сопруга Јуко. Фустанот „Расарио“ на …

Свршеницата на Џеф Безос со смел изглед во Белата куќа, еве што избра за државната вечера Read More »

Новата кампања на Стела Макартни ги покажува последиците од модната потрошувачка


Стела Макартни штотуку ја промовираше својата нова кампања за сезоната Лето 2024, прославувајќи ја најодржливата колекција на брендот досега. Имајќи го тоа на ум, кампањата не води во фабриката за рециклирање Veolia во Јужен Лондон, со цел да ја прикаже „убавината што може да се најде во отпад“, истовремено потсетувајќи нè на опасните ефекти од …

Новата кампања на Стела Макартни ги покажува последиците од модната потрошувачка Read More »

Зендаја на насловниците на американскиот и на британскиот Вог – гламурозна и полетна


Мрдни се, Бијонсе. Потргни се, Тејлор Свифт. Последната славна личност на која и е доделена ретката чест на две симултани насловни на Вог е Зендаја, со што се зацврсти нејзиниот статус на најбараната ѕвезда во моментов. Тоа е привилегија што им ја даваат на многу малкумина: ја имаше Адел во 2021 година – беше елегантна …

Зендаја на насловниците на американскиот и на британскиот Вог – гламурозна и полетна Read More »

Бугарската уметница Надја Розева со прва изложба на медална скулптура во Чифте амам


На 11 април 2024 година, четврток, во 19, 30 часот, во Чифте амам ќе биде отворена изложба на уметнички медали и други дела на Надја Розева. Медалните скулптури се создадени помеѓу 2003-2024 година. Ова е прва изложба од ваков вид во нашата земја и ќе го насочи вниманието на јавноста кон интригантниот жанр на уметничкиот …

Бугарската уметница Надја Розева со прва изложба на медална скулптура во Чифте амам Read More »

За цела сезона на грип починале 14 лица, сите биле невакцинирани


Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 14 починати лица асоцирани со грип, седуммина се од Скопје, двајца од Штип и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар и Демир Хисар, наведено е во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) кој се однесува на ова заболување. Сите биле хоспитализирани и сите биле …

За цела сезона на грип починале 14 лица, сите биле невакцинирани Read More »

Ненадејно почина поетесата Линдита Ахмети, добитничка на наградата „11 Октомври“


Почина реномираната поетеса и преведувачка од албански на македонски јазик, Линдита Ахмети. Родена во 1973 во Призрен, Ахмети се школувала на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и живееше. Нејзините песни се објавени во многу списанија на албански и на македонски јазик. Има објавено неколку збирки песни на албански јазик, меѓу кои и збирките: „Малини …

Ненадејно почина поетесата Линдита Ахмети, добитничка на наградата „11 Октомври“ Read More »

Поглаварот на ИВЗ, Фетаи упати честитка на по повод Рамазан (Фитр) Бајрам


По повод утрешниот празник Рамазан (Фитр) Бајрам честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, реисул улема, Шаќир Фетаи, со желби и „молејќи го Семоќниот Алах со Својата милост да ни ги прифати сите наши молитви, нашиот пост и сите наши дела направени за време на светиот месец“.   -Во овие празнични денови …

Поглаварот на ИВЗ, Фетаи упати честитка на по повод Рамазан (Фитр) Бајрам Read More »

Сите зборат за тенискиот изглед на Зендаја, еве зошто е модна икона


Рим– Изгледот на Зендаја на премиерата за Challengers беше тотален сервис. Актерката и модна икона и нејзиниот стилист, Ло Роуч, станаа спортисти како тенискиот заплет на филмот, облекувајќи ја Зендаја во архивски зелени изгледи од Луј Витон, фустани со тениска тема Loewe, како и мрежести здолништа. Сега, за фото-сесија во Рим, Зендаја и Роуч навистина …

Сите зборат за тенискиот изглед на Зендаја, еве зошто е модна икона Read More »

Џесика Честејн е новиот глобален бренд амбасадор на накитот „Дамијани“


  Во годината на својата стогодишнина, Damiani  го засилува својот бренд со именување на Џесика Честејн за свој глобален бренд амбасадор. Оскаровката треба да се појави во рекламната кампања на Дамијани за пролет 2024 година, која ќе биде објавена подоцна во сезоната, потег што е синхронизиран со наследството на италијанскиот златар да регрутира познати личности …

Џесика Честејн е новиот глобален бренд амбасадор на накитот „Дамијани“ Read More »

„Си беше еднаш“ – промоција на книгата со најубавите бајки на 11 април


Новата книга за деца, со најубавите бајки на сите времиња, „Си беше еднаш“, ќе биде промовирана на 11 април (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе учествуваат: уредничката Оливера Ќорвезироска, која ги направи изборот и адаптацијата на бајките, илустраторката Наталија Лукомска и книжевната теоретичарка и професорка Калина Малеска, која ќе …

„Си беше еднаш“ – промоција на книгата со најубавите бајки на 11 април Read More »

До крајот на неделава сончево и топло до 30 степени


 Во следните денови не се очекува значителна промена на времето, ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Од четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР.  Мининалната утринска температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а масималната дневна ќе достигне 30 степени.

Aвтобусите за Рамазан Бајрам ќе сообраќаат по неделен возен ред


Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека на верскиот празник Рамазан Бајрам, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. „Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров“, наведено е во соопштението. Оттаму додаваат дека жичницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 …

Aвтобусите за Рамазан Бајрам ќе сообраќаат по неделен возен ред Read More »

Џенифер Лопез во долна облека како во  „втора кожа“ во новата кампања Intimissimi Silky Intimates


Intimissimi ја претстави својата најнова колекција Silky Intimates со кампања во која главната улога ја има глобалната амбасадорка на брендот, Џенифер Лопез. Направена со препознатливиот ултралесен микрофибер на Intimissimi, колекцијата, дизајнирана во Италија и рачно изработена од занаетчиите за долна облека на брендот, содржи избор на лесни долни алишта со свиленкасто мазно чувство и зголемена …

Џенифер Лопез во долна облека како во  „втора кожа“ во новата кампања Intimissimi Silky Intimates Read More »

Жељко Самарџиќ со гудачки оркестар на концерт во „Борис Трајковски“ на 13 април


Само неколку дена не делат до големиот концерт на Жељко Самарџиќ, каде што на сцената во „Арена Борис Трајковски“ оваа сабота (13 април) ќе одржи концерт заедно со пријателите. Со своето долгогодишно творештво, Жељко Самарџиќ се запиша на самиот врв на најценетите музички уметници. Интересот да се слушне во Скопје е огромен, па воопшто не …

Жељко Самарџиќ со гудачки оркестар на концерт во „Борис Трајковски“ на 13 април Read More »

Одложена посетата на Костадиновска – Стојчевска на Турскиот театар поради пожарот во Универзална сала


Министерството за култура соопшти дека се одложува настанот на ресорната министерка Бисера Костадиновска –  Стојчевска која требаше денеска да направи увид во градежните работи на објектот на Турскиот театар во Скопје. Причината за одложување е избувнување на пожар во Универзалната сала. Од Министерството за култура се извинуваат за одложувањето. Претпладнево избувна пожар во Универзалната сала …

Одложена посетата на Костадиновска – Стојчевска на Турскиот театар поради пожарот во Универзална сала Read More »