Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите


Загреб – Ниту една екипа синоќа не успеа да обезбеди предност по првиот натпревар во последното квалификациско коло за пласман во главната рунда на фудбалската Лига на шампиони. Трите натпревари завршија нерешено. Убава предност од 2:0 која ја имаше по само 10 минути пропушти Динамо Загреб против норвешки Викинг. Гостите израмнија до крајот на првото […]

Без вода дел од корисниците на oпштина Чаир и населба Топанско Поле


Без водоснабдување денеска ќе бидат дел од корисниците на Општина Чаир и населба Топанско Поле, поради промена на шибер Ф-250мм на ул.Џон Кенеди раскрсница со ул.Лазар Трповски, од ул Лазар Трповски и населба Топанско Поле. Како што соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот […]

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини, без подолги задржувања на границите


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Трамп привремено го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредена стока од Канада


Вашингтон – Американскиот претседател, Доналд Трамп го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредени стоки од Канада, додека се финализираат документите за договорот меѓу двете земји. Царините требаше да стапат во сила во 00:01 часот по источноамериканско време, но Трамп соопшти дека нивната примена се одложува до крајот на 21 август, пренесе„ Си-Ен-Ен“. Трамп наведе […]

Пентагон им нареди на престижни универзитети да ревидираат партнерства со Кина или остануваат без пари


Вашингтон –    Министерството за одбрана на САД им наложи на 30 американски универзитети да ги преразгледаат партнерствата со претежно кинески универзитети и институции за воена обука. Универзитетите ќе го изгубат своето финансирање во следните две недели ако не ја завршат таа ревизија и не ги прекинат сите аранжмани што се сметаат за проблематични. Пентагон соопшти […]

Вуди Харелсон го доби Почесното срце на Сараево филм фестивал


Сараево – Американскиот актер Вуди Харелсон го доби Почесното срце на Сараево за неговиот извонреден придонес во филмската уметност во преполното летно кино „Металац“. Наградата му ја врачи Јован Марјановиќ, директор на Филмскиот фестивал во Сараево, а публиката го поздрави со долг аплауз. По церемонијата, актерот им се придружи на публиката на проекцијата на филмот […]

Возбудлива унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите уметници Ноеми Салаи и Александра Балог


Прекрасен концерт за кларинет и пијано се одржа синоќа во рамки на Унгарската вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка од Амбасадата на Унгарија во Скопје. Во црквата „Света Софија“  настапија младите  унгарски уметници со плодни меѓународни кариери, кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. Александра Балог се вбројува помеѓу  највозбудливите пијанисти […]

Првиот турски смартфон ќе биде пуштен во продажба во почетокот на 2027 година


Анкара-  Турската одбранбена компанија ASELSAN, телекомуникацискиот оператор Türk Telekom и TTT İnovasyon соработуваат на заеднички проект за развој на локален и национален паметен телефон, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Се очекува првиот модел да биде претставен во првиот квартал од 2027 година, а проектот предвидува развој на три различни уреди, од кои едниот ќе биде дизајниран […]

Сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 19 август 2026 година, 231-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 134 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 46 минути, а ќе зајде во 19 часот и 28 минути. Денов трае 13 часа и 42 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Утре без струја дел од Сопиште и Ѓорче Петров


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во близина на автопералната во Општина Сопиште. Во периодот од 11:30 […]

Зеленски ги номинираше Андриј Сибига за министер за надворешни работи и Евген Хмара за министер за одбрана


Киев –    Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги достави до Врховната рада номинациите на Андриј Сибига за функцијата министер за надворешни работи на Украина и на Евген Хмара за функцијата министер за одбрана на Украина. Со одобрение на претседателот Зеленски, владата вчера го назначи Евген Хмара за вршител на должноста министер за одбрана.Хмара претходно беше […]

Од плажа на Халкидики отстранети околу 100 нелегално поставени лежалки и чадори


Атина – Околу 100 чадори и лежалки, нелегално поставени, фиксирани и заклучени на плажата Геракини помеѓу првиот и вториот крак на Халкидики, утрово во акција на општина Полигирос биле отстранети и пренесени во погон за рециклирање, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината информираа дека лежалките и чадорите зафаќале делови од плажата и го […]

Најголемото дуо на сите времиња се врати на Билборд по 45 години


Една од најпознатите соработки во рок историјата се врати на Билборд листите повеќе од четири децении откако беше снимена. Песната на Квин и Дејвид Боуви „Under Pressure“, објавена во 1981 година, се врати на Билборд листата за стриминг песни на Хард Рок и се најде на 24-то место, пишува Parade. Ова е уште еден доказ […]

Францускиот филм и мода во жалост: Загинаа Николас Алтмаер и Матилда Фавиер


Николас Алтмаер, еден од највлијателните француски филмски продуценти, и неговата партнерка Матилд Фавиер, директорка за односи со јавноста во модната куќа Диор, загинаа во сообраќајна несреќа во понеделник. Двојката, која го отелотворуваше успехот на француското кино и мода, загина во департманот Де-Севр, а веста ја потврдија во вторник нивните блиски пријатели, објавува „Ле Фигаро“. Детали […]

Русите од страв повлекуваат милијарди од банките


Москва – Речиси 3,4 милијарди долари (286,4 милијарди рубљи) беа повлечени во првите две недели од август, покрај 7,3 милијарди долари повлечени во јули и повеќе од 4,5 милијарди долари во јуни, покажаа податоците од руската централна банка. Парите се одлеваат од банките со рекордно темпо поради интензивирањето на украинските напади со беспилотни летала и […]

Alpac Capital стана сопственик на медиуми и во Хрватска


UNITED Group објави дека е завршен процесот на продажба на Adria News d.o.o. Загреб, во рамките на која работи N1 Hrvatska, на инвестициската компанија Alpac Capital. Ова доведе до промена на сопственичката и управувачката структура на компанијата, а започна и процесот на назначување нови директори. „Промената на сопственоста не влијае на уредувачката политика и секојдневната […]

Дизни: Администрацијата на Трамп води кампања за одмазда против ABC


Дизни поднесе тужба за да ги заштити своите телевизиски станици на ABC од она што го тврди дека е кампања за притисок од страна на администрацијата на Трамп. Медиумската компанија поднесе тужба во федералниот суд во вторник, тврдејќи дека Федералната комисија за комуникации (FCC) на Трамп ги крши нејзините права загарантирани со Првиот амандман од […]

Харисон Форд ги изненади фановите на Индијана Џонс со неочекувани вести


Харисон Форд ги изненади фановите на Индијана Џонс со специјално појавување за време на настанот D23 во Анахајм. Актерот, кој првпат го играше познатиот археолог пред повеќе од четири децении, им се заблагодари на публиката што го следеше низ неговите бројни авантури, а потоа најави ново поглавје за еден од неговите најпознати ликови, пишува списанието […]

„Во животот не ме водеше храброста, туку безобразлукот.“ Најдоброто од Ведрана Рудан


На 77 години почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан, по долга борба со ракот. Таа беше позната по својот остар, провокативен и често контроверзен стил. Со години, во своите текстови и јавни настапи, таа без срам коментираше за политиката, општеството, медиумите, бракот, семејството и положбата на жените, поради што редовно предизвикуваше силни реакции од […]