Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите
Загреб – Ниту една екипа синоќа не успеа да обезбеди предност по првиот натпревар во последното квалификациско коло за пласман во главната рунда на фудбалската Лига на шампиони. Трите натпревари завршија нерешено.
Убава предност од 2:0 која ја имаше по само 10 минути пропушти Динамо Загреб против норвешки Викинг. Гостите израмнија до крајот на првото полувреме, а во вториот дел немаше погодоци.
Постигнати резултати:
Динамо Загреб – Викинг 2:2
Фенербахче – Лион 1:1
Левски – АЕК 0:0.
Вечер играат:
Селтик – ЛАСК
Хапоел – Сабах Баку
НЕЦ – Бодо/Глимт
Слован – Целје.
Реваншите се по седум дена.