Обвинителството се откажа од гонење на Дрин Ахмети


Обвинителството се откажа од кривично гонење на внукот на претседателот на ДУИ, Дрин Ахмети, во врска со пиротехничките средства кои му беа одземени вечерта на 30 декември 2023 година, во неговиот автомобил „Ренџ Ровер“ со албански регистарски таблички, за време на полициска контрола во Скопје. Од Обвинителството  нагласуваат дека според извештајот, огнометот кој е пронајден […]

Најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено на ТОАРИЛУЦ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“


По најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечер од 22 часот во поголем дел од градот, од ТОАРИЛУЦ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ за МИА информираат дека најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено. Директорката на ТОАРИЛУЦ, Марија Срцева во изјава за МИА рече дека во соработка со Службата […]

Претпладне магла по котлините, попладне и во текот на ноќта дожд, а на планините снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Како што соопшти УХМР, […]

Промоција на редизајнираниот Национален портал – Uslugi.gov.mk


 Во организација на Министерството за дигитална трансформација денеска 11 часот ќе се одржи конференција насловена „Националнен портал за електронски услуги: нов изглед, нови електронски услуги“. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе има презентација на најважните нови функционалности на порталот. На конференцијата ќе говорат и првите луѓе на институциите чии што нови услуги се достапни […]

Дурмиши, Ристески и Стојкоски ќе посетат маркети вклучени во акцијата „Новогодишна кошница“


Од Министерството за економија и труд информираат дека министерот Бесар Дурмиши, неговиот заменик Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, денеска ќе посетат дел од маркетите вклучени во акцијата „Новогодишна кошница“. Според најавата, во 11 часот предвидено е да го посетат супермаркетот што се наоѓа во трговскиот центар „Рамстор“. Во 11:30 часот, […]

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ во НOB


Во Националната опера и балет вечер во 20 часот ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставите e гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, а сценограф е Андреј Злобин. Под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина, додека концерт-мајстор е Климент […]

Стапи во сила привремената забрана за дронови над критичните инфраструктурни локации во Њујорк


Њујорк – Федералната управа за авијација (ФАА) планира привремено да ги забрани летовите на дронови над критичните инфраструктурни локации во Њујорк поради широката загриженост на јавноста, изјави гувернерката на државата.  Гувернерката на Њујорк, Кети Хохул, во изјавата нагласи дека разговарала со секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас, кој и рекол дека „ФАА планира да одобри […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 20 декември 2024 година, 355-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 11 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее, […]

Адвокатот на Груби поднел жалба на одлуката за притвор


 Адвокатот на Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница за проневера на пари во „Државна лотарија“ поднел жалба на одлуката за притвор, потврдија од Кривичен суд-Скопје.  Оттаму велат дека одлука ќе се донесе во следните денови. Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, […]

Каролина за Нова година ќе пее во Охрид


Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков ги објави имињата на изведувачите кои ќе ги забавуваат граѓаните за новогодишниот дочек на градскиот плоштад во Охрид. Каролина Гочева, Наум Петрески, Пајак, Take 5, DJ Gec и DJ Face ќе настапат на 31-ви декември, а пак наредниот ден, на први јануари, ќе следи дневна забава со Сара Мејс и „Балканикос […]

Потребен ни е нов Кривичен законик, базиран на европското искуство, вели премиерот


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е потребен нов Кривичен законик кој ќе биде базиран на европското искуство, затоа што овој Кривичен законик ваков каков што е, ќе значи амнестија за дел од сторениот криминал за кој што постои основано сомнение и докази. -Овој Кривичен законик ваков каков што е сега, условно кажано ќе значи амнестија […]

Тошковски се огласи откако СДСМ се закани дека ќе го открие скандалот во целост


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево се огласи на обвинувањата на СДСМ во врска со бегството на Артан Груби, по кој е распишана меѓународна потерница за случајот со Државна лотарија. Тој посочува дека МВР има видео запис за настанот, а на полицискиот службеник му е изречена суспензија. -Благодарност до госпоѓа Кузевска и СДСМ за […]

Мицкоски за Груби: Избега, значи виновен е


Артан Груби и сите оние за кои постои основано сомнение дека сториле криминал, треба од страна на Обвинителството да биде докажано дека се виновни, а од страна на судовите да биде одредена мерка, врз основа на доказите. Со самото тоа што некој е бегалец и е недостапен на органите на прогонот, тој само потврдува дека […]

Скопско Кале ќе се отвори за посетители


 Скопското Кале до почетокот на летото би требало да биде официјално отворено за посетители, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков. – Вчера го имав првиот состанок со Советот за културно наследство, со кој го видовме и извештајот кој што беше направен од работната група формирана од Управата за заштита на културното наследство и […]

Лазаров одбра 20 ракометари за Светското првенство


Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави денеска списокот на ракометари за претстојното Светско првенство кое во јануари ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. На списокот се најдоа 20 ракометари, сите од домашното првенство, а меѓу повиканите не е ракометарот на Бенфика, Филип Талески, додека голманот Мартин Томовски од Потсдам […]

Европското обвинителство обвини раководители на бугарска компанија за измама со проект вреден 3,46 милиони евра


Брисел – Европското јавно обвинителство денеска соопшти дека двајца раководители на бугарска компанија се обвинети за измама во проект финансиран од Европскиот фонд за регионален развој, вреден околу 3,46 милиони евра. Проектот се однесувал на изградба на објекти за обработка на отпад во Асеновград. Според истрагата, во 2022 година, осомничените доставиле лажни податоци за професионалното […]

Нови 118 случаи на грип во државава


Од 9 до 15 декември во државава се пријавени 118 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип – 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен попладнево. Седумдесет и четири лица се на возраст од 15 до 64 […]

„Дом во тишина“ – објавена првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик


По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик – „Дом во тишина“. Новата публикација, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, на едно место ги собира сите есеи објавувани најчесто во превод, на други јазици, но не и на […]

Дигитализацијата на културното наследство е основа за заштита и промоција на нашата култура и идентитет


Во Управата за заштита на културното наследство пуштен е во употреба Софтвер за водење заштитни евиденции и Националниот регистар на културното наследство во земјава што ќе овозможи поефикасно управување и заштита на културното наследство со примена на иновации. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во обраќањето на прес-конференција по тој повод истакна дека со […]

Влатко Стефановски со јубилеен концерт за паметење во Загреб, ова беа специјалните гости


Eден од најистакнатите гитарски виртуози на овој дел од Европа, легендарниот Влатко Стефановски, со Влатко Стефановски Трио, синоќа во одамна распродадената сала Лисински во Загреб, прослави 50 години од својата голема кариера. На тричасовниот концерт Стефановски ја поведе публиката на патување низ неговиот богат опус, од првите денови во родното Скопје со бендот Леб и […]