Раритетни книги и печатарски машини во Музејот на Битолската библиотека


Најстарите раритени книги во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола датираат од пред повеќе од два века, а во Музејот на библиотеката сведочат и печатарските машини на кои се испечатени прогласот за Првото заседание на АСНОМ и вториот број на весникот „Нова Македонија“. Музејот на Универзитетската библиотека со раритетна библиотечна поставка е во стариот објект на […]

Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини на САД


Отава – Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека Канада ќе воведе царина од 25 отсто на американските стоки во вредност од 155 милијарди канадски долари (106,5 милијарди американски долари) како одговор на американските царини. -Царините за 30 милијарди канадски долари ќе стапат на сила во вторник, додека преостанатите 125 милијарди канадски долари ќе бидат воведени […]

Сите изведувачи и презентери на Греми 2025


Лос Анџелес- Конечно дојде до 67. годишни награди Греми. Пред неколку недели, помислата за доделување награди во Лос Анџелес, каде цели населби изгореа во пламен, изгледаше незамисливо. Но, Академијата за снимање издржа значителен притисок да го одложи или дури и откаже шоуто во светлината на разорните шумски пожари овој месец, па еве сме. Во живо […]

Без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај


Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека утре без струја времено ќе бидат дел од корисниците во општините Зелениково, Кисела Вода и Сарај.  Од 08 до 14 часот струја ќе немаат дел од корисниците од селото Орешани, како и корисниците од викенд населбата Орешани во општина Зелениково, а од 09 до 15 часот […]

Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица


Нови Сад – Студенти на три новосадски факултети во блокада, со поддршка на своите колеги кои пеш пристигнаа од Белград, како и моторџии и граѓани, вчера ги блокираа сите три моста во Нови Сад, на денот кога поминаа три месеци од несреќата кај железничка станица во која загинаа 15 лица. Два моста беа блокирани три часа, […]

Две награди на Санденс за „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски


Две награди доби „Диџеј Ахмет“, дебитантски филм на режисерот Георги Унковски, на фестивалот Санденс во Парк Сити, Јута. Филмот ја доби наградата од публиката во програмата Светски филм и Специјалната награда на жирито за креативна визија.   „Диџеј Ахмет“, на турски и македонски јазик, е драма со примеси на комедија за Ахмет, 15-годишно момче од […]

Њујорк Тајмс, Ен-би-си, Политико и Ен-пи-ар на удар на Трамп


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека персоналот на четири медиуми – Њујорк тајмс, Националното јавно радио (НПР), Ен-би-си и веб-страницата Политико – ќе бидат преместени од нивните канцеларии во Пентагон до 14 февруари. Наместо тие медиуми, во канцелариите на Пентагон ќе бидат сместени вработени од Њујорк пост и други медиуми, се вели во […]

Мадона ги поддржа српските студенти


  Американската пејачка и актерка Мадона на својот Инстаграм профил сподели видео на стори за студентските протести во Србија.     „Она што медиумите не ви го кажуваат е дека еден од најголемите студентски протести од 1968 година во моментов се одржува во Србија“, се вели во објавата што ја сподели Мадона. Заедно со снимките […]

Кина ги осуди царините на Трамп: Фентанилот е американски проблем


Пекинг – Кинеската влада денеска ја осуди заканата на администрацијата на Трамп со воведување царини од 10 отсто на кинескиот увоз, оставајќи ја вратата отворена за разговори со САД за да се избегне продлабочување на конфликтот. Пекинг ќе ги оспори тарифите на претседателот Доналд Трамп во Светската трговска организација и ќе преземе „контрамерки“ како одговор на […]

Мексиканската претседателка Шајнбаум нареди контратарифи на одлуката на Трамп


Мексико Сити – Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум синоќа нареди контратарифи како одговор на одлуката на САД да воведат царини од 25 отсто за сите стоки што доаѓаат од Мексико. Во подолга објава на X, Шејнбаум наведе дека нејзината влада бара дијалог, а не конфронтација со северниот сосед, но дека Мексико е принудено да одговори на ист […]

Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД


Американскиот претседател Доналд Трамп неделава ги повтори своите закани дека ќе воведе царини за увозот на стоки од Европската Унија во САД, најави кои предизвикаат вознемиреност во ЕУ, иако европските лидери се обидуваат да манифестираат смиреност и подготвеност за разговори и компромиси за надминување на разликите.  Трамп во петокот од Белата куќа порача дека „апсолутно“ […]

САД воведоа високи царини за стоките од Канада, Мексико и Кина


Вашингтон – Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа потпиша указ за воведување царини за стоките увезени од Канада, Мексико и Кина. За увозот од соседите Канада и Мексико царините се 25 отсто, додека за увозот од Кина тарифата е 10 отсто. За увозот на енергенси од Канада, тарифата е пониска, односно 10 отсто. Трамп најави […]

Променливо облачно, претпладне со магла по котлините


Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

Бримора: Македонија и Бугарија да покажат добра волја и да најдат компромис прифатлив за двете страни


Амбасадорот на Полска, Мариуш Бримора вели дека спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е најдобро да го решат двете држави и да најдат компромис којшто би бил прифатлив за двете страни. Како Претседателство со ЕУ, вели дека нема да останат пасивни. За идејата за одложена примена на уставните измени, смета дека никој не може да […]

Српските студенти и официјално се кандидати за Нобеловата награда за мир


Белград – Српскиот драматург и писател Синиша Ковачевиќ потврди дека српските студенти и официјално се кандидати за Нобеловата награда за мир. Таа информација ја објави на својот профил на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер). „Нобеловиот комитет штотуку доби потврда дека кандидатурата за Нобеловата награда за мир, со која г-ѓа Дијана Стојковиќ, адвокат и јас номиниравме […]

Таткото на загинатата Фросина: Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството


На протест во  Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на ул. „Партизанска“ во Скопје, попладнево беше побара одговорност за трагедијата и упатени пораки да се спречат идни, исто така и побезбедни улици, поголема свесност од сите. Неказнивоста е правен неуспех!, да не се повтори!, беше порачано на протестот. „Ова не […]

Меѓународни здруженија: Новинарите во Србија работат во атмосфера на сериозно заплашување и насилство


Белград –   Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ) денеска предупредија дека новинарите во Србија работат во атмосфера на заплашување и насилство и укажаа на отпуштањата на новинарите кои учествуваа во демонстрациите како граѓани. „Ние стоиме со новинарите во Србија кои ја вршат својата работа во атмосфера на сериозно заплашување и […]

Путин одобри повлекување на Голдман Сакс од Русија


Москва – Рускиот претседател Владимир Путин денеска даде зелено светло на инвестиционата банка Голдман Сакс да ја продаде својата руска подружница, што претставува симболичен потег во контекст на масовното повлекување на западните компании од Русија. Американската банка, која во 90-тите години беше ангажирана од Кремљ за привлекување странски инвеститори, уште во март 2022 година најави дека […]

„Сувенир из Сарајева“: „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“ промовираа песна и спот


Македонскиот трибјут бенд  „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“, предводен од  познатите музичари Стевче Грозданов – гитара и пејачот Зоран Рудан – Цеки, синоќа, во скопскиот мјузик бар „Интермецо“, приредија незаборавна ноќ за паметење. Досега „верно на оригиналот“ и со музика и со изглед и со својот сценски настап го пресликуваа најголемиот рок ен рол бенд на сите времиња на […]

Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ


Нион – На денешната ждрепка во седиштето на Европската федерација во Нион беа извлечени двојките за плеј-офот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Дербито е меѓу Манчестер Сити, актуелниот англиски шампион и освојувачот на трофејот во 2023 година, од една страна и шампионот на Ла Лига и рекордерот по број на европски титули – […]