Муцунски ѝ држи лекции на ЕУ на Харвард


  Европската унија мора да се справи со постојните нееднаквости и да ги интегрира земјите-кандидати од Западен Балкан во својата визија за иднината, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во обраќање на панелот „Улогата на Европа во глобалната дипломатија – поврзување на Балканот и пошироко“ во рамки на 11. Европска конференција […]

Неколку земјотреси го погодија Санторини- превентивни мерки за граѓаните


Атина– Неколку земјотреси од над три степени, но и три со јачина од 4,5, 4,3 и 4,1 степени според Рихтер, регистрирани претпладнево се само дел од серијата земјотреси од изминатите денови во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, а надлежните донесоа превентивни мерки, меѓу кои и училиштата на Санторини утре да останат затворени, […]

Путин: Европа брзо ќе ја „подвие опашката“ пред Трамп


Москва  – Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, многу брзо ќе воспостави ред и дека европските елити „ќе застанат пред нозете на господарот“ и „ќе ги свијат опашките“. -Ве уверувам, Трамп, со својот карактер, со својата упорност… Доста брзо ќе воспостави ред таму. И сите, ќе видите, брзо, наскоро, сите […]

Повеќе полициски акции во тек, вклучен и меѓународен истражен тим


 Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдуваат дека во тек се повеќе полициски акции на територија на земјава, но повеќе детали најавуваат по завршување на акциите.  – Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во […]

Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер поради депортацијата на мигрантите


Богота  – Колумбискиот претседател Густаво Петро ја спореди политиката на депортирање илегални мигранти, спроведена од американскиот претседател Доналд Трамп, со политиката на нацистичкиот лидер на Германија за време на Втората светска војна, Адолф Хитлер, објавија колумбиските медиуми. Во вчерашното интервју за „Јунивижн“ (Univision), Петро го нарече Трамп фашист и ги спореди постапките на неговата администрација […]

Шекеринска: Ниту сум имала контакт со семејството на возачот кој ја прегази Фросина, ниту сум ургирала за некого


Поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска преку објава на Фејсбук ги демантира наводите што изминатите денови беа пласирани во јавноста за нејзина поврзаност во случајот со возачот кој ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“.  Шеќеринска вели дека со ниту едно од споменатите лица немала никаков контакт ниту познанство – ниту со возачот, ниту […]

СДСМ повикува на натпартиски договор во Собранието за реформа на правосудството


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа ја повика Владата да работи на темелна реформа на Кривичниот законик во согласност со европските стандарди. „Апелирам до Владата сериозно да поработи на новиот Кривичен законик, кој се работи со претставници од ЕУ и кој треба да биде усогласен со германското законодавство. Овој закон […]

Дистанцата со ДУИ е природен процес – не разговараме за идно коалицирање на локалните избори, вели Филипче


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека партијата научила значајна лекција од коалицирањето со ДУИ, поради што сега постои јасна дистанца која е резултат и на барањето на членството, но и на политичката реалност.   „Ние научивме една многу сериозна лекција од коалицирањето со ДУИ. Многу работи ни се удрија […]

Четворица потешко и тројца полесно повредени во две одделни сообраќајни несреќи во Кичевско


вајца возачи и двајца сопатници се потешко повредени во две одделени сообраќајни несреќи што утрово и вчеравечер се случиле во регионот на Кичево, а еден возач и двајца сопатници се полесно повредени. Како што информира МВР, денеска во 5:50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод патничко возило „фиат […]

Левица ќе бара законски измени за ограничен мандат и кривична одговорност за судиите


Лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев најавува дека наскоро од страна на пратеничката група ќе бидат предложени законски измени со кои ќе се бара воведување на ограничен судиски мандат по примерот на уставните судии и воведување на кривична одговорност за судиите кои нема да ги применат или ќе ги злоупотребат законите. – Она што ни треба […]

Четиригодишно дете починало во Струшката болница, ова се деталите


Четиригодишното дете што утрово почина на Детското одделение во Струшката болница имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри, потврди за МИА директорот на Струшката болница Владимир Бунчески. Во изјава за МИА посочи дека детето било донесено во многу тешка состојба со подраширени зеници и оти борбата на лекарите да го вртат во […]

Се продава раскошна палата на Беверли Хилс- со фасцинатна холивудска историја


Раскошната палата на Беверли Хилс, која некогаш била дом на на припадничката на високото општество Глорија Морган Вандербилт и нејзината ќерка, се појави на пазарот за прв пат по повеќе од 70 години, со барана цена од 16,5 милиони долари. Вандербилт, која почина во 1965 година, го изнајми домот во раните 1940-ти, кога нејзината ќерка, […]

Мега трансфер во НБА: Маверикс се откажа од Лука Дончиќ, го испрати во Л.А. Лејкерс


Лос Анџелес – Лејкерс и Маверикс предизвикаа возбуда во НБА, откако ЕСПН во неделата рано наутро објави дека тимовите завршиле со трејдот со кој Лука Дончиќ ќе биде испратен во Лос Анџелес, а Ентони Дејвис во Далас. Покрај трејдот во кој се вклучени двете ѕвезди, Лејкерси се согласија да ги добијат Макси Клебер и Маркиф Морис, […]

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата


Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, потврдија денеска за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес. Оттаму рекоа дека ги преземаат сите мерки и активности за негово  пронаоѓање.  Во петокот, од СВР Велес рекоа за МИА дека во четвртокот вечерта, неговиот татко  пријавил дека син му се оддалечил од домот.  – […]

Инспекторите на АХВ под лупа ги ставија и болничките кујни


 Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во кујни во болничките установи во земјава, во рамки на спроведените 43 вонредни инспекциски надзори.  – Со контролите утврдено е дека пет кујни ја немале исполнето законската обврска за регистрација како оператори со храна во АХВ, […]

Најмногу ме радува што можеме да снимиме смешна сцена во Радовиш и после цела сала во Јута да се смее: Интервју со Георги Унковски, режисер


Две награди доби „Диџеј Ахмет“, дебитантски филм на режисерот Георги Унковски, на фестивалот Санденс во Парк Сити, Јута, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфор. Филмот ја доби наградата од публиката во програмата Светски филм и Специјалната награда на жирито за креативна визија. Унковски завршил фотографија на Институтот за […]

САД сакаат веднаш по прекинот на војната во Украина да се одржат избори


Вашингтон– САД сакаат да се одржат избори во Украина, потенцијално до крајот на годината, особено доколку Киев во следните месеци успее да договори примирје со Русија, изјави специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог. Во интервју за Ројтерс, тој рече дека украинските претседателски и парламентарни избори, суспендирани за време […]

Без вода дел од Центар


Од 09:45 часот без вода се корисниците на дел од улицата „Владимир Полежановски“ и улицата „Христо Смирненски“ во општина Центар, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.  Прекинот е поради уличен дефект на улицата „Владимир Полежановски 30“ во населбата Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Исчистен сметот кај Градскиот стадион и ул. Козара


Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека големата акција за чистење на сметот во Центар продолжи и во текот на вчерашниот ден, кадешто општинските служби целосно го имаат исчистено сметот околу Градскиот стадион во Парк и дел од улицата Козара во населбата Капиштец. „Викендов, интензивно работиме на чистење на нашата општина. Го чистиме сметот, ги миеме улиците […]

Филипче: Листите на чекање растат, лекови нема


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро ја критикуваше актуелната состојба во здравствениот сектор, обвинувајќи ја Владата за крајно неодговорно водење на здравствените политики. „Сметам дека крајно неодговорно се водат политиките во секторот здравство. Има бројни проблеми. Колегите навистина укажуваат на тоа дека системот не функционира како што треба“, изјави […]