Во светот на голи фустани, дали некој претера на Греми 2025?


Тоа беше веројатно најголемиот тренд на црвениот тепих во 2024 година, доминирајќи на наградите Оскар, Мет Гала и сè друго помеѓу. Голиот фустан – прегрнат од познати личности, од Ел Фенинг до Ким Кардашијан, Доџа Кет до Шарлиз Терон – стана тренд кој подига веѓи на црвениот тепих. На минатогодишното доделување на Оскарите на пос-оскаровката […]

RING – ABBA TRIBUTE доаѓа во Скопје на 15 март во НОБ


По повеќе од 100 концерти во 12 земји низ Европа и Азија, RING – ABBA TRIBUTE доаѓа во Скопје, на 15 март, во НОБ. Ова уникатно трибјут шоу целосно ја доловува магијата на легендарната група ABBA, со оригинални костими, кореографија и енергична изведба што ја носи атмосферата на вистински ABBA концерт. Публиката ќе има можност […]

Сите 15 финалисти на годишните награди на ДПМ за 2024 година


Конкурсот за годишните награди на ДПМ е на чекор од својата завршница. Тројцата кандидати за наградата „Мост“ (најдобра книга напишана на некој од јазиците на националностите во Македонија) беа познати од самиот почеток, минатата недела беа обзнанети финалистите за наградата „Димитар Митрев“ за најдобра збирка критика или есеистика, а сега познати се и финалистите за […]

Почина Теофил Панчиќ, голем новинар и интелектуалец, регионална совест


По долго и тешко боледување, синоќа на 60 години, во Нови САД, почина писателот и колумнист Теофил Панчиќ, објави неделниот магазин „Време“. Панчиќ бил редовен колумнист и еден од најпознатите автори во неделниот магазин „Време“. До самиот крај бил литературен критичар и уредник на културната рубрика „Времена“. Заминувањето на Теофил му пркоси на мотото дека […]

„Браќа и сестри имигранти“: Шакира испрати моќна порака од Греми 2025


Шакира и Џенифер Лопез повторно се споија на Греми 2025 година. Во неделата, на 2 февруари, Шакира (48) ја однесе наградата за најдобар латино поп албум за Las Mujeres Ya No Lloran на 67. годишни награди Греми во Crypto.com Арената во Лос Анџелес. Пејачката на „Jenny from the Block“ (55) гордо ѝ ја врачи наградата […]

Дајана Рос фрли ѕвезден прав врз Греми 2025


На доделувањето на Греми наградите во неделата вечерта во Лос Анџелес, не недостигаа музички легенди. Беа претставени столбовите на рап жанрот како Д-р Дре и Квин Латифа, како и самата сирена на душата: Дајана Рос. Рос излезе на сцената за да ја додели наградата за песна на годината – една од најпосакуваните награди на вечерта. […]

Обвинителството во Нови Сад покрена истрага за корупција во врска со реконструкцијата на Железничката станица


Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека специјалното одделение за борба против корупцијата на тој суд, покренало истрага за корупција во врска со реконструкцијата на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, пренесува Н1. „Поради големиот интерес во јавноста, а посебно по изјавите во медиумите кои укажуваат на сомнеж во однос на веродостојноста на објавената […]

Речиси 1.700 Македонци во 2024 година добиле бугарски пасош


Речиси 1.700 Македонци во 2024 година добиле бугарски пасоши, продолжувајќи ја тенденцијата на барање подобри можности за живот во европските земји. Ова го покажува годишниот извештај за активностите на Комисијата за бугарско државјанство, кој го објави бугарското радио БНР, повикувајќи се на податоците од кабинетот на потпретседателката Илијана Јотова. Според извештајот, вкупно 16.500 лица лани […]

По два месеци чекање пуштени во употреба шесте нови еко-автобуси, донација од ЕУ


Шесте нови еко автобуси кои град Скопје ги доби како донација од ЕУ, а кои помпезно и пред многу политичари и медиуми беа промовирани на 26 ноември 2024 г., од денеска конечно се пуштени во употреба. Цели два месеци и една недела откако беа предадени на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје), тие почнаа да сообраќаат на […]

Распишан конкурсот за доделување на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“


На конкурсот кој го објави Општина Велес за доделување на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“,  предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални  институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност земјава. Конкурсот трае до 28 февруари годинава. […]

Во МНТ почнаа првите читачки проби за „Варвари“ во режија на Владимир Милчин


 Македонскиот народен театар (МНТ) информира дека денеска почнаа првите читачки проби за претставата „Варвари“, дело на рускиот писател Максим Горки, а во режија на Владимир Милчин. – Делото „Варвари“ е драма која се занимава со социјалните и моралните конфликти на почетокот на 20. век во Русија. Претставата се одвива околу интелектуалецот, кој се соочува со […]

Маја Андоновска Илијевски поднесе оставка на функцијата директорка на НУ Центар за култура-Битола


Маја Андоновска Илијевски поднесе оставка на функцијата директор на НУ Центар за култура-Битола, што ја извршуваше од 2019 година. Во соопштение до јавноста Андоновска Илијевски истакнува дека поднесувањето оставка е тежок личен чин, кој го прави со длабока анализа, размислување и проценка на состојбите и причините кои водат до него. -Во текот на овој период, […]

Со кого беше Џеј Ло на Греми 2025?


Џенифер Лопез присуствуваше на Греми наградите во 2025 година со нејзиниот долгогодишен менаџер Бени Медина, по разделбата со поранешниот сопруг Бен Афлек. Пејачката на „On the Floor“ (55) беше забележана како седи во публиката за време на доделувањето на наградите во Crypto.com Arena во Лос Анџелес во неделата, 2 февруари. Таа се појави во добро […]

„Битлси“ се големи и со помош на вештачка интелегенција


Лос Анџелес– Битлси се добитници на Греми, по 28 години. Тоа се подразбира, но фактот дека легендарниот бенд сè уште собира трофеи во 2025 година е голем подвиг ако се земе предвид дека пред 60 години тие ја добија наградата за најдобар нов изведувач од Академијата за снимање. Оваа година тие добија две номинации: запис […]

„Ролингстоунс“ по четврти пат добитници на Греми


По четврти пат во нивната приказна, фронтменот Мик Џегер и Ролингстоунс се добитници на Греми. Легендарниот рок бенд во неделата, во Лос Анџелес, ја однесе наградата Греми за најдобар рок албум за нивниот албум во 2023 година Hackney Diamonds. Тоа е првото Греми за Стоунс од 2018 година, кога групата победи за најдобар традиционален блуз […]

Од „Охридско лето“ до СВП: 18 национални установи добија делегиран буџет


Делегиран буџет за 18 национални установи е новината во Годишната програма за култура од национален интерес за 2025, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната прес-конференција во Владата. Љутков кажа дека тие се обврзани да ги објават своите годишни програмски содржини на нивните веб-страници. Министерот не знаеше да каже колку вкупно средства тие добиле […]

Љутков: Оваа година за 40 проценти зголемена продукција во драмската дејност, поддршка и на повеќе јубилеи на национални установи


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната прес-конференција во однос на годишната програма за драмската дејност, рече дека очекува да се реализираат 57 премиери во организација на националните театри. Ова како што посочи, претставува за 40 проценти зголемена продукција и двојно поголема финансиска поткрепа во однос на изминатите години.  Воедно, Љутков информираше дека […]

УХМР најавува постудено време со слаб снег


Преку ноќта и утре поради продор на постудена воздушна маса ќе има појава на слаб снег, а до среда ќе се задржи северниот ветер кој повторно ќе засилува, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.  Утре максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10 степени, а минималната од -5 до 2 степена. Според прогнозата […]

Македонската филхармонија со Ана и Игор Дурловски ќе настапи во „Музикферајн“ во Виена


Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври 2025 година ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена, каде секој 1 јануари се одржува Новогодишен концерт. Како што информира Македонската филхармонија, настапот во Виена претставува заокружување на прославата на 80-годишнината од формирањето на оркестарот, а ќе се одбележат […]

Објавени резултатите од Годишниот конкурс за проекти во културата за 2025 година


Министерството за култура денес ги објави резултатите од  Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2025 година. Министерот Зоран Љутков на денешната прес-конференција изјави дека буџетот оваа година изнесува 814 милиони денари што е повеќе за 74 милиони денари од ланскиот буџет. Во овие средства, предвиден е и посебен буџет за креативните индустрии, […]