В понеделник комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска


Во понеделник, 14 октомври, ќе биде одржана комеморацијата во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска. Комеморација е закажана со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната опера и балет. Кавкалевска е добитничка на многу награди, школувана во Македониіа, Софиjа, Грац, Загреб, дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена …

В понеделник комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска Read More »

Хрватската поп-ѕвезда Миа Димшиќ снима спот со Влатко Стефановски во Скопје


Миа Димшиќ (Осиек, 1992),  една од најпопуларните млади кантавторки, која ја претставуваше Хрватска на Евросонг во Торино во 2022 година, деновиве е во Скопје. Поводот е снимањето на спотот за песната „Општествени правила“ со Влатко Стефановски, од истоимениот актуелен албум, кој го објави „Кроација рекордс“. Спотот ќе се снима на повеќе градски локации низ Скопје што …

Хрватската поп-ѕвезда Миа Димшиќ снима спот со Влатко Стефановски во Скопје Read More »

Бисера Велетанлиќ и Васил Хаџиманов бенд на 17 ноември во Филхармонија


На 17 ноември во Филхармонија, Скопје и Македонија ќе можат да уживаат во една специјално убава вечер со препознатливиот глас и појава на Бисера Велетанлиќ, која остана единствената на овие простори која ги спојува шлагерот, џезот и велеградската урбана шансона, заедно со Васил Хаџиманов бенд, соопшти организаторот „Авалон“. Влезниците ќе бидат во продажба од среда …

Бисера Велетанлиќ и Васил Хаџиманов бенд на 17 ноември во Филхармонија Read More »

Концерт на Камерниот оркестар на НОБ во Виена со дела на македонски автори


Камерниот оркестар на Националната опера и балет ќе одржи концерт во познатата „Ehrbar Saal“ (Почесна сала) во Виена, Австрија, на 8 октомври 2024 година.  Овој исклучителен концерт претставува значаен момент за македонската култура и музика, нудејќи на меѓународната сцена дела од еминентни македонски композитори. Под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, публиката ќе има можност да ужива во богатата музичка програма, во која, меѓу другото, ќе се изведуваат и композиции …

Концерт на Камерниот оркестар на НОБ во Виена со дела на македонски автори Read More »

„Одење пеш“ на Тамара Котевска го отвора престижниот филмски фестивал во Токио


THE WALK (Одење пеш) свечено ќе отвора два престижни светски филмски фестивала, фестивалот во Токио, Јапонија, како и Фестивалот на документарен филм во Фолкстон, Англија. Светската турнеја на најновиот документарен филм на Тамара Котевска: The Walk продолжува во 5 светски мегалополиси: покрај Токио и Фолкстон, филмот е во официјална селекција во Лос Анџелес, Лондон и …

„Одење пеш“ на Тамара Котевска го отвора престижниот филмски фестивал во Токио Read More »

Филхармонија ја отвора сезоната со сопранистката Ана Дурловски и со дела на Светиев, Чајковски и Корнголд


Новата сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“ започнува в четврток,  на 10 октомври, во 20 часот со концертот насловен „Го славиме јубилејот“ на кој како солист ќе настапи нашата светски позната сопранистка Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел. На програмата е премиерна изведба на делото „Шест едноставни песни“ …

Филхармонија ја отвора сезоната со сопранистката Ана Дурловски и со дела на Светиев, Чајковски и Корнголд Read More »

Достоинство е да се биде „народен поет“, кажа Михаил Ренџов во интервју за „Независен“


Јас произлегувам од македонскиот народ и нему му припаѓам. Тој народ знае само за страдање, за мачеништво, тој народ е народ маченик. Тој страдал и опстојувал. Тој е избраниот народ. Упатен на бога, на господа. Тој ќе се спаси. Реков колку и да се опитуваат да ја згаснат поезијата, џабе го прават тоа зашто таа …

Достоинство е да се биде „народен поет“, кажа Михаил Ренџов во интервју за „Независен“ Read More »

Почина Михаил Ренџов, мајстор на поетскиот збор


Почина  Михаил Ренџов, еден од најреномираните македонски поети, авторот на неповторливите „Псалми“, „Јас. Елегии“, „Вечната бесконечната“…прозаист и преведувач, објави неговиот син, музичарот Петар Ренџов. Имаше 88 години.   Ренџов завршил Правен факултет, но неговата голема љубов беа поезијата и литературата, па со години работел во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје и …

Почина Михаил Ренџов, мајстор на поетскиот збор Read More »

Со прикажување на кратки филмови, изложба, мјузикл вечер завршува 12. „Џифони Македонија“


Со прикажување на кратки филмови, изложба, мјузикл и сè што сработија учесниците на фестивалот, вечерва во киното „Милениум“ во Скопје ќе биде спуштена завесата на 12. „Џифони Македонија“. Како што е најавено, на последниот ден ќе гледаат по уште еден игран филм, и гласаат за најдобрите играни, кратки, анимирани и ученички филмови во секоја од …

Со прикажување на кратки филмови, изложба, мјузикл вечер завршува 12. „Џифони Македонија“ Read More »

Кина ќе го прикажува целокупното творештво на Милчо Манчевски


Државниот Филмски архив на Кина обезбеди прикажување на сите филмови на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски. Филмскиот архив, кој е и единствениот дистрибутер на странски авторски филмови во Кина, низ земјата ќе ги прикажува „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“ и краткометражните „Четврток“ и „Крајот на времето“.   Во 2017, Манчевски беше …

Кина ќе го прикажува целокупното творештво на Милчо Манчевски Read More »

Есенски базар во Скопје Сити Мол со 28 креативци за поддршка на современото занаетчиство


  Традиционално, октомври е резервиран за големиот „Есенски базар“, кој и оваа година во организација на Скопје Сити Мол ќе се одржи од 17 до 20 овој месец. На настанот ќе земат учество 28 индивидуалци –  занаетчии.   Рачната изработка е во подем и бројот на современи креативци, кои создаваат уникатни производи се повеќе се …

Есенски базар во Скопје Сити Мол со 28 креативци за поддршка на современото занаетчиство Read More »

Харис: Нема средба со Путин без претставник на Украина


Вашингтон – Американската потпретседателка и претседателски кандидат на демократите на изборите на 5 ноември во САД, Камала Харис, синоќа изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за војната во Украина, доколку на таа средба не бидат присутни и претставници на Киев. Доколку биде избрана за претседател, средбата со рускиот …

Харис: Нема средба со Путин без претставник на Украина Read More »

Канје Вест и Бјанка Ценсори се разведуваат по две години брак


По речиси две години забава на обожавателите со нивниот контроверзен пар, Канје „Је“ Вест и Бјанка Ценсори наводно завршија. Раперот  и неговата втора сопруга често правеа бранови со нивните јавни настапи; сепак, нивните излети значително се намалија во последните недели. Изворите тврдат дека падот на PDA произлегол од тешкиот брак на парот. Канје „Је“ Вест …

Канје Вест и Бјанка Ценсори се разведуваат по две години брак Read More »

Ураганот Милтон денеска ќе го погоди регионот Тампа Беј на Флорида


Мајами – Ураганот Милтон од петта категорија денеска ќе го погоди регионот на заливот Тампа во Флорида, соопштија метеоролошките служби, а градоначалничката на Тампа Џејн Кастор ги предупреди жителите да ги слушаат властите и да се евакуираат. – Ако одлучите да останете во една од оние области што треба да се евакуираат – ќе умрете, …

Ураганот Милтон денеска ќе го погоди регионот Тампа Беј на Флорида Read More »

Нула степени утрово во Берово, осум во Скопје


Најстудено утрово е во Берово со нула степени и во Лазарополе со еден, а најтопло во Гевгелија девет степени. Во Скопје се измерени осум степени Целиусови. УХМР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. …

Нула степени утрово во Берово, осум во Скопје Read More »

Нова шокантна изјава на Трамп: Меѓу имигрантите во САД има многу лоши гени


Вашингтон – Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека во САД има „многу лоши гени“. Тој ова го изјави на предизборен митинг, додека зборуваше за убиствата наводно извршени од мигранти кои нелегално живеат во САД. -Многу од нив убија многу повеќе од едно лице, а сега живеат среќно во САД. Тоа е во нивните гени. И …

Нова шокантна изјава на Трамп: Меѓу имигрантите во САД има многу лоши гени Read More »

Русите го кренаа степенот на подготвеност на лансирните системи што можат да носат нуклеарно оружје


Москва– Системи за лансирање ракети способни да носат нуклеарно оружје се ставени во состојба на готовност, јавија руските државни медиуми, пренесува Њузвик. Новинската агенција ТАСС објави видео за кое вели дека ги прикажува системите за лансирање на интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ) лоцирани во Новосибирск, во Сибир. На видеото снимено преку ден се гледа како оружјето …

Русите го кренаа степенот на подготвеност на лансирните системи што можат да носат нуклеарно оружје Read More »

Трошоците на живот во септември на годишно ниво повисоки за 2.6, а цените на мало за 3.3 отсто


Трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на септември лани, бележат зголемување од 2.6 %, а цените на мало од 3.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 0.3 %. Зголемувањето на инфлацијата во септември …

Трошоците на живот во септември на годишно ниво повисоки за 2.6, а цените на мало за 3.3 отсто Read More »

Мартин Скорсезе потврди дека не се пензионира: „Имам уште филмови да снимам“


Кога се појавија вести дека следните два планирани филма на Мартин Скорсезе – биографскиот филм за Френк Синатра и религиозната драма „Животот на Исус“ – се одложуваат, почнаа да се вртат неосновани гласини дека големиот режисер се пензионира. На крајот на краиштата, Скорсезе има речиси 82 години и можеби е подготвен да забави откако ќе …

Мартин Скорсезе потврди дека не се пензионира: „Имам уште филмови да снимам“ Read More »

На 91 година почина Сиси Хјустон, мајка на Витни Хјустон и добитничка на Греми


Почина Сиси Хјустон, мајка на покојната Витни Хјустон и самата гспел икона . Таа имаше 91 година. Хјустон почина во нејзиниот дом во Њу Џерси во понеделникот, на 7 октомври додека беше под нега поради Алцхајмерова болест, потврди нејзината снаа Пат Хјустон. „Нашите срца се исполнети со болка и тага. Го губиме матријархот на нашето …

На 91 година почина Сиси Хјустон, мајка на Витни Хјустон и добитничка на Греми Read More »