Благотворноста на индиските ореви


Индискиот орев носи бројни здравствени придобивки, па, како што велат и многу лекари, редовното јадење на ова јаткасто овошје може да придонесе за посилно срце, контрола на тежината, како и поздрави коски. Овие слатки, маслени јаткасти плодови може да се додаваат на сите видови јадења – од салати до порции житарки и разни видови десерти. […]

Висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица


Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска во изјава за медиумите истакна дека се забележува зголемување на бројот на заболени слични на грип кој е над неделната граница за средна активност. Потенцира дека резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенцата покажуваат дека има широка географска активност на грипот, а процентот на позитивност е […]

Полицијата уапси бугарски државјанин осомничен за измами за наводни сообраќајни несреќи


Кумановската полиција и криминалистичката полиција од СВР Скопје уапсија педесет и деветгодишен жител на Бугарија кој е осомничен дека во соработка со други лица извршил измами за наводни сообраќајни несреќи над повеќе лица, соопшти денеска полицијата. – Вчера во 15:40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со Оддел за криминалистичка полиција […]

Во ДПМ доделени традиционалните годишни награди за 2024 (фото)


Денес во ДПМ, во присуство на културната елита, свечено беа доделени традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за 2024 г.  Добитници на наградите се:   Жарко Кујунџиски, за збирката раскази „Приказничар“, во издание на „Антолог“ (награда „Стале Попов“, членови на жири-комисија: Лилјана Пандева, Петар Андоновски, Блаже Миневски),     Иван Џепароски, за […]

Маж во БИХ ги задушил сопругата (37) и синот (13). Побегнал со нејзиниот автомобил


Двојно убиство се случи вчеравечер во Калесија, североисточна општина во Босна и Херцеговина, пренесува „Н1 БиХ“. Полицијата ги пронашла телата на жена и нејзиниот 13-годишен син, а осомничен за убиствата е нејзиниот сопруг и татко на детето. Осомничениот за убиствата, како што соопшти босанската полиција, е во бегство. Телата се пронајдени во станбен објект, а […]

Концерт на џез-составот Skopje Jazz Inc. по повод Светскиот ден на радиото


Во книжарницата на Литература.мк во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје вечерва во 21 часот ќе се одржи музичка вечер посветена на Светскиот ден на радиото. Ќе настапат Трајче Велков, Зоран Костадиновски, Виктор Филиповски и Горан Гешовски. – Во соработка со „Џез ФМ“, може да уживате во магични џез-изведби што ја слават силата и убавината на […]

Карла Софија Гаскон не е добредојдена ниту на БАФТА 2025


Лондон– Ѕвездата на Емилија Перез, Карла Софија Гаскон (52) не се очекува меѓу присутните на филмските награди БАФТА, откако беа откриени нејзините расно нечувствителни објави на Х/Твитер. Гаскон е номинирана за главна женска улога на БАФТА наградите, но не е на списокот на гости за вечерта, што укажува на тоа дека трансродовиот шпански изведувач ќе […]

Конститутивна седница на Координативното тело за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик


Денеска во Порта Македонија се одржа конститутивен состанок на Координативното тело за изготвување на програмата за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик.  На првата конститутивна седница, министерот Љутков се заблагодари за присуството и за посветеноста да бидат дел од оваа значајна и одговорна работа,  со која се означи почетокот на подготовките за […]

Палатата Кенсингтон се корегираше за „ефектот Кејт“


Лондон – Неодамнешната објава на палатата Кенсингтон за отсуството на модни информации од настаните во кои се појавува Кетрин, принцезата од Велс – се чини дека беше „модно пукање во нога“. Речиси и да нема претставник на модниот бизнис во Обединетото Кралство кој не изрази незадоволство. Сите се побунија, особено британските дизајнери, за кои „ефектот […]

Дебата „Вештачката интелигенција и културата: револуција или еволуција?“


Францускиот институт во Скопје и Факултетот за информатика и компјутерски технологии организираат дебата на тема „Вештачката интелигенција и културата: револуција или еволуција?“, што ќе се одржи вечер, во 19 часот, во Europe House Скопје, во рамките на 10. издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“. Настанот ќе го отвори Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција […]

За секунда мислите дека е Мадона, а не е


Таа е модерна Мадона. Сабрина Карпентер (25) личи како поп-ѕвездата (66) на мартовската насловна страница на Вог, носејќи мини фустан со конусен градник – силуета која пејачката „Material Girl“ славно ја носеше за време на нејзиниот врв во 80-тите и 90-тите години – со платинести руси локни. Карпентер му позираше на Стивен Мејсел  во бебешко […]

Околу 75.000 американски федерални вработени ја прифатиле понудата за отпремнина


Вашингтон – Околу 75.000 американски федерални вработени го прифатија пакетот за отпремнина предложен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на американската Канцеларија за човечки ресурси. Отпремнините е еден од начините на кои Трамп бара да го намали бројот на федерални вработени, што изнесува вкупно 2,3 милиони и кој тој го смета за неефикасен. […]

Генерален штрајк во Белгија


Брисел– Во Белгија денеска се одржува генерален штрајк, поради што се откажани сите летови од белгиските аеродроми, редуциран е јавниот превоз и не работат јавната администрација, државната пошта, училиштата и комуналните служби, како затворските чувари.  Штрајкот е во организација на неколку белгиски синдикати, како резултат на незадоволство од најавените реформи и економска политика на новата […]

Сообраќајот по влажни коловози, снег во Маврово, Попова Шапка, Крушево и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по насместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, додека врнежи со среден интензитет се бележат на Попова Шапка и во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Интензитетот […]

Сенатот го отвори патот за потврда на Роберт Кенеди Помладиот за министер за здравство на САД


Вашингтон – Американскиот Сенат на првото гласање за номинацијата на Роберт Кенеди Помладиот за министер за здравство и човечки ресурси одлучи да ја ограничи дебатата за неговата кандидатура, со што е отворен патот за конечно гласање во наредните денови. Сенаторите со 53 гласа „за“ и 47 „против“ одобрија номинацијата на Кенеди да оди во понатамошна […]

СЗО: Одлуката на Трамп го загрозува глобалното здравство


Женева – Одлуката на САД да ја замрзнат странската помош сериозно влијае врз глобалното здравство, загрозувајќи програми за борба против детска парализа, ХИВ и други болести, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој ја повика американската влада да ја преиспита одлуката додека не се најде решение. – Нè загрижуваат […]

СДСМ ќе избира претседател на 16 март, најавува и пакет решенија за подобар животен стандард


СДСМ ќе избира претседател на 16 март и ќе понуди пакет решенија за подобар животен стандард, одлучи партискиот Централен одбор (ЦО). ЦО на седницата што се одржа попладнево избра нов состав на Централната изборна комисија и го усвои Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на партијата. Го одобри и […]

Градоначалникот на Тирана останува во притвор


Тирана – Специјалниот суд против организиран криминал и корупција доцна синоќа ја потврди претходно донесената мерка, со која градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, останува во затворски притвор. Мерката ќе ја издржува во затворот во Драч. Во суд беа повеќе од 7 часа каде освен Велиај беа испрашувани и неговата сопруга Ајола Џоџа и 6 бизнисмени, а […]

Променливо облачно со повремен локален дожд, во планинските региони со снег


 Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремен локален снег претежно во планинските региони, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде со повремен дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарие. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер


Берлин – Тројца мажи се осудени од страна на судот во Германија за учество во обид за изнуда врз семејството на поранешниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, јавиja локалните медиуми. Главниот обвинет во случајот, кој според обвинителството им се јавил на роднините на Шумахер со понуда да ги вратат украдените лични семејни фотографии во замена […]