Дарио ќе добие Златна Бубамара за трајни музички вредности


Еден од најпопуларните македонски поп пејачи, Дарио Панковски кој неодамна прослави 40 години кариера ќе ја добие наградата за трајни музички вредности на популарната манифестација „Златна Бубамара на популарноста“. Дарио својата кариерата ја почна во групата „Бон-тон“, има објавено и четири соло албуми, како и еден во живо. Публиката која ќе биде пристуна на 28 […]

Американската влада почна да отпушта илјадници вработени во различни владини агенции


Вашингтон – Американската влада синоќа почна да отпушта илјадници вработени во различни владини агенции додека претседателот Доналд Трамп и Илон Маск ја забрзаа „чистката“ од федералната бирократија, јавија американски медиуми повикувајќи се на синдикални извори и вработени. Одделот за прашања на ветераните, што обезбедува здравствена заштита за ветераните, соопшти дека отпуштил повеќе од 1.000 вработени […]

„Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини во НОБ


На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечерва во 20 часот ќе биде изведена операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Диригент на претставата е Бисера Чадловска, а режијата на Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, а костимографијата ја изработи Лира Грабул. Концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска […]

Вино и љубов во чест на Свети Трифун и Свети Валентин


Православните верници денеска го слават Свети Трифун – заштитникот на лозарите, а католиците Свети Валентин – Денот на вљубените.  На овој ден лозарите одат на лозјата и ги закројуваат лозите, а во винарските визби низ државата се организираат прослави на кои се слави денот на виното.    Вишиот кустос етнолог Томе Крстевски од Музеј – […]

Во Кривичен продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче


Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На изминатото рочиште беше сослушан сведокот Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, помагал во потрагата по неа, прибавувајќи видео снимки. Трајковски беше последен сведок на предлог на Обвинителството. Тој требаше да сведочи […]

Државниот грб уште еден камен на сопнување меѓу власта и опозицијата


Откако премиерот Христијан Мицкоски завчера најави дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб, вчера политичките партии изразија различни ставови. За опозициската СДСМ, државниот грб ги отсликува сите карактеристики на ова поднебје и нема потреба од негова промена, а од ЛДП предложија поставување на рисот на новиот […]

Белата куќа испрати откази до обвинители назначени од Бајден


Вашингтон – Белата куќа испрати писма со откази до неколку јавни обвинители ширум САД, назначени од демократскиот претседател Џо Бајден. „По наредба на претседателот Доналд Џеј Трамп,   ве известам дека вашата позиција како американски обвинител е прекината, што стапува на сила веднаш“, се вели во е-пошта од заменик-директорот на Канцеларијата за претседателски персонал во […]

Облачно со повремен локален дожд во југозападните делови


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, а во југозападните делови од земјава ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени […]

Судија и нареди на американската влада да одмрзне средства за програмите за странска помош


Вашингтон – Федерален судија и нареди на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го одмрзне финансирањето за стотици странски подизведувачи кои велат дека биле погодени од 90-дневното замрзнување на финансирањето наложено од Трамп. „Барем до овој момент, обвинетите не понудија никакво објаснување зошто целосното запирање на сета помош доделена од Конгресот за странство, што […]

Мицковски по Минхен, во Вашингтон


Премиерот Христијан Мицкоски тргнува во речиси целонеделна дипломатска офанзива во Минхен, Германија, и во Вашингтон, САД, соопшти Владата. Во Минхен од денес, па во наредните три дена, ќе се одржува Минхенската безбедносна конференција каде се собираат политичките лидери од светот во пресрет на актуелните прашања поврзани со украинско-рускиот спор, прашањата со безбедносната политика на НАТО […]

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет


30-годишен Македонец, осомничен дека е водач на нарко-мафија што дејствува низ средна Европа, бил уапсен на аеродромот во Женева на 29-ти јануари, по што бил екстрадиран во Австрија, објави швајцарскиот портал Blick.ch. Според австриските истражни органи, тој бил баран со европска потерница од 2022 година под сомнение дека организирал шверц на најмалку четири килограми хероин […]

Влатко Ѓорчев бил испратен во Вашингтон да моли да не ја рушат владата на Груевски


Влатко Ѓорчев, активист на ВМРО од дете, и поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е Македонецот кој во 2016 година ги молел властите во САД да не ја рушат Владата на тогашниот македонски премиер Никола Груевски. Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот, го прочита неговото име во поткастот на Тим Пул, а сега […]

61. Минхенска безбедносна конференција во сенка на Доналд Трамп


Минхен – Во главниот град на Баварија денеска почнува 61. Минхенска безбедносна конференција. Во услови на зголемени глобални тензии, овогодинешниот собир, што ќе се одржи од 14 до 16 февруари во хотелот Бајеришер Хоф во Минхен, ќе собере светски лидери, креаторите на политиката и експерти за да разговараат за итни безбедносни прашања, како што се тековната […]

Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство


Брисел – Лидерите никогаш не ѝ ветиле на Украина членство во НАТО доколку постигне мировен договор со Русија, изјави за новинарите денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. -Мораме да се погрижиме (рускиот претседател) Владимир Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина, тоа е клучно, но на Украина никогаш не и беше […]

Авионот со кој Марко Рубио патувал за Европа се вратил во САД поради дефект


Вашингтон – Авионот со американскиот државен секретар Марко Рубио патуваше од Вашингтон за Минхен се вратил во САД поради техничка неисправност, јавија американските медиуми. Рубио ќе го продолжи своето патување во Германија и на Блискиот Исток со друг авион, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент. 

Астрономски календар


Денеска е петок, 14 февруари 2025 година, 45-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 320 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 31 минути, а ќе зајде во 17 часот и 5 минути. Денов трае 10 часа и 34 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее […]

Турските ракотворби ги собра дипломатскиот кор и сопругите на функционерите во Скопје


Техниките за изработка на турските ракотворби ебру, релјеф во хартија и калиграфија денеска беа презентирани во рамки на настанот „Ателје на турски уметности“ што го организираше сопругата на амбасадорот на Турција во земјава, Шејма Нур Улусој со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ и Комек центарот за стручно образование во Скопје.   – Секој од овие […]

МНТ и Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ потпишаа Меморандум за соработка


Македонскиот народен театар и Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје, денеска, потпишаа Меморандум за соработка со кој на студентите од Универзитетот ќе им се овозможи учество во тековните проекти на МНТ, како дел од нивната практична работа, соопштија од МНТ. Како што се наведува во соопштението, Меморандум за соработка е потпишан во согласност со изразената […]

Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико


Лос Анџелес – Кристијано Роналдо, напаѓачот на саудискиот клуб Ал-Наср и на португалската репрезентација, се најде на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година според „Sportico“. Роналдо минатата година заработил 260 милиони долари. Кошаркарот Стеф Кари го зазеде второто место на рангирањето (153,8 милиони долари), а на третото место се најде боксерот Тајсон Фјури […]

Портрет на мистериозна жена пронајден под славна слика на Пабло Пикасо


Конзерваторите во Лондон, Англија користеле инфрацрвена и рендгенска слика за да откријат досега невиден портрет на жена под славната слика на познатиот уметник Пабло Пикасо. The Courtauld Institute of Art, специјализиран колеџ на Универзитетот во Лондон кој ја проучува историјата на уметноста и конзервацијата, соопшти дека го открил портретот на мистериозната жена со користење на […]