Одложена „Денови на поезијата“ во Скопје Сити Мол


Поради трагедијата во Кочани, фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол ја одложуваат манифестацијата „Денови на поезијата“, во чест на Светскиот ден на поезијата,  што требаше да се одржи од 20 до 23 март. Новот термин дополнително ќе биде соопштен. 

Состојбата на 14-те повредени од пожарот во Кочани во бугарските болници е тешка, петмина се интубирани


Бугарија прими 14 повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кои се хоспитализирани во три болници. Според информациите од здравствените установи, сите пациенти се во тешка состојба, со изгореници и вдишување на жешки гасови, јави БТА. Во Универзитетска мултипрофилна болница за активно лекување и ургентна медицина „Н.И. Пирогов“ во Софија примени се осум пациенти, […]

Џастин Теру се ожени со Никол Брајдон Блум во Мексико


Џастин Теру е повторно оженет маж. Ѕвездата на Leftovers се венчаше со Никол Брајдон Блум во Тулум, Мексико, неколку месеци откако ја потврдија свршувачката, објави TMZ на 16 март. Невестата носеше бела невестинска тоалета без ракави со шлиц до бутовите и долг, лелеав превез. Младоженецот носеше бел смокинг со црни панталони. Теру, која претходно беше […]

МНТ ги откажа сите изведби


Македонскиот народен театар соопшти дека ги откажува сите изведби оваа недела поради трагината несреќа што се случи во Кочани, а во која загинаа 59 лица, а 155 се повредени.  – Поради тешката трагедија од големиот пожар, кој се случи во дискотеката во Кочани, сите изведби во Македонскиот народен театар во текот на оваа недела од […]

Откажан концертот Candlelight: Timeless на камерниот оркестар Профундис


Со длабока тага известуваме дека концертот Candlelight: Timeless на камерниот оркестар Профундис, закажан за 22 март 2025 година, се откажува поради трагичниот настан во Кочани што ја потресе Македонија. Во овие моменти на жалост и тага, нашите мисли се со семејствата на загинатите и повредените. Изразуваме искрено сочувство и длабока солидарност со сите погодени од […]

Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани во странство, на помош пристигнуваат специјалисти по изгореници


Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти вечерва министерот за здравство Арбен Таравари.  Утре на помош во државата пристигнуваат специјалисти по изгореници од Израел, Белград и Прага кои ќе им помогнат на здравствените работници во државава.  Како што изјави Таравари, според информациите со кои располага, четири до […]

ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани


 Eвропската Унија доби барање од Северна Македонија за помош во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврди за МИА портпарол на Европската комисија.  Повеќе детали за формата на помошта портпаролот најави за во текот на утрешниот ден. Претходно, Европската комисија информира дека ЕУ е подготвена да и помогне на земјава преку […]

Алкараз поразен во полуфиналето на Индијан Велс


Индијан Велс – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е разочаран по поразот од Британецот Џек Дрејпер во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс (САД). Натпреварот заврши со резултат 6:1, 0:6, 6:4 во корист на 14. светски рекет. – Се разбира, сакав да победам трет натпревар по ред. Не сум толку многу разочаран што не го направив тоа, […]

Лажни линкови за донација се шират на социјалните мрежи, по трагичната несреќа во Кочани


Лажни линкови за донација се појавуваат на социјалните мрежи преку кои се бара помош за лекување или за семејствата на починатите, јави телевизија Стар. Од СВР Штип предупредуваат на внимателност и детална проверка од страна на граѓаните бидејќи во овој момент таква активност нема, пренесува телевизијата. Најмалку 59 семејства се завиени во црно откако ги […]

Загина Андреј од ДНК – се спасил од пожарот во Кочани, но се вратил да спасува девојчиња


  Македонската естрада е во шок. Андреј Ѓоргиески (1982, Скопје), еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани кој избувна утринава пред 3 часот. Од релевантни извори во јавноста се прошири дека Андреј се спасил, но се вратил да спаси девојчиња и повеќе не излегол од внатрешноста. Зад себе […]

Здравко Чолиќ ги одложи концертите во Скопје


Преку социјалните мрежи, Чолиќ објави дека концертите закажани за во Скопје се откажани поради трагедијата која и се случи на Македонија со пожарот во Кочани. Тој напиша дека истите ќе биде презакажани за некој друг датум.

Сите културни настани оваа недела се откажуваат


Министерството за култура и туризам во знак на почит кон настраданите во трагедијата што се случи рано утринава во Кочани и нивните семејства информира дека сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на следната недела се откажуваат.   Министерот за култура и туризам Зоран Љутков по повод трагичната несреќа која рано […]

Трагедијата во ноќниот клуб во Кочани стана светска вест


Светските агенции ја пренесоа веста дека рано утринава во пожар во ноќен клуб во Кочани животот го загубија над 50 млади лица. Агенциите и медиумите се повикуваат на официјални податоци од Министерството за внатрешни работи и на податоци на релевантни македонски медиуми Би-Б и-Си, повикувајќи се на соопштерние на македонското МВР, јави дека „51 лице […]

Спектакл и емоции: Скопје ќе ја памети волшебната ноќ со Пласидо Доминго (фото)


И тоа се случи. Скопје го виде вечерва славниот шпански тенор Пласидо Доминго во живо, и Доминго го виде Скопје овие неколку дена. На сценатата во „Борис Трајковски“ со претставници од политичкиот врв, дипломатскиот кор и со публика од регионот, се случи оперска магија исполнета со емоции и драматичност, благодарејќи на професионалниот настап на Доминго, […]

Откриени тестаментите на Џин Хекман и сопругата Бетси Аракава: Кој го добива неговото богатство од 80 милиони долари?


Деталите за тестаментите на Џин Хекман и Бетси Аракава беа откриени две недели откако и двајцата беа пронајдени мртви во нивниот дом во Ново Мексико. Хекман го остави своето проценето богатство од 80 милиони долари на Аракава, неговиот наследник повереник, објави Дејли мејл во четвртокот. Легендарниот актер, кој имал Алцхајмерова болест, не го ажурирал тестаментот […]

Таравари вели виртуелната медицина мора да стане реалност и кај нас


Министерот за здравство, Арбен Таравари, за време на својата официјална посета на Словачка, ја посети болницата „Бори“, најголема и најмодерна во оваа земја, каде што се запозна со најновите иновации во медицината, вклучувајќи и виртуелна медицина – револуционерна технологија која планира да ја воведе и во нашите болници.  -Во Братислава ја посетив болницата „Бори“, каде […]

Во февруари регистрирани 366 лица со овчи сипаници, 68 со шуга и три со заразни заушки


Институтот за јавно здравје информираше дека претходниот месец евидентирани се 366 лица со овчи сипаници и 68 случаи на шуга и три на заразни заушки, „Во текот на февруари 2025 година, во Република Северна Македонија, пријавени сe вкупно 746 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства […]

Загубите на „Версаче“ ѝ пресудија на Донатела


Донатела Версаче драматично се откажа од функцијата на чело на модната империја Версаче, откако „се судри“ со нејзините сопственици, бидејќи италијанскиот гигант за облека трпи загуби од година во година. 69-годишната дизајнерка, која е на чело на истоимениот бренд на нејзиното семејство речиси 30 години, ќе ја наследи Дарио Витале, кој претходно беше директор за […]

„Ајде да јадеме“- објавен македонски посен готвач со 82 рецепти


Со дегустација на вкусни и здрави рецепти, во присуство на многубројни гости, синоќа(13 март), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовиран посниот готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја претстави промоторката Ана Шутиноска. Книгата, наменета за сите што сакаат […]