На Украина и е исплатен заем од милијарда евра, кој ќе биде отплатен со приходите од замрзнатиот руски имот


Брисел – Европската комисија денеска соопшти дека исплатила дополнителна транша од една милијарда евра од заемот за макрофинансиска помош за Украина, која ќе биде отплатена со приходите од замрзнатиот руски имот во Европската унија. „Со денешната исплата од една милијарда евра, ја потврдуваме нашата цврста посветеност на Украина. Ние и помагаме на економијата на земјата […]

Брус Вилис наполни 70 години среде борбата со деменција


Брус Вилис наполни 7о години, а од светот на актерството се повлече во 2022 година кога првпат му беше дијагностицирана афазија, а потоа во 2023 година и фронтотемпорална деменција која бара 24-часовна нега. Неговата ќерка Румер Вилис  откри за здравјето на нејзиниот татко. „Одлично му оди“, одговори Румер во видеото. „Утре всушност е неговиот 70-ти […]

Токсиколошки анализи ќе им се прават на сите пациенти што се испишуваат


На повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во земјава ќе им бидат направени токсиколошки анализи пред да бидат пуштени на домашно лекување. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во изјава за медиумите рече дека испитувањата ќе ги прават искусни токсиколози.  – Тоа е одлучено во Кризниот штаб за сите пациенти кои ќе се […]

Ниските утрински температури направија големи штети кај овошките во Росоманско


Ниските утрински температури направија големи штети кај овошките во Росоманско, оваа информација ја потврди за МИА, Драганчо Николов, советник во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, подрачна единица во Кавадарци.  – Само што бевме на терен како претставници на Агенцијата, после ниските температури во раните утрински часови, што го зафатија Росоманско. Според информациите со […]

Почина Еди Џордан, легендата на Формула 1


Легендата на Формула 1, Еди Џордан, почина на 76-годишна возраст, откако ја загуби битката со ракот. Минатата година му беше дијагностициран рак на мочниот меур и на простатата, а во четвртокот наутро неговото семејство потврди дека починал, пишува Дејли мејл. Минатиот месец и самиот Џордан зборуваше за неговата состојба. „Извинете момци, само малку, ви благодарам. […]

Тиквеш го повлече дресот кој го носеше фудбалерот Андреј Лазаров


Македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш го повлече дресот со бројот 16 со кој настапуваше за кавадаречкиот клуб 25-годишниот фудбалер Андреј Лазаров кој го загуби живот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Лазаров, кој беше роден во Кочани, настапуваше за Тиквеш од 2019 до 2023 година, пред да ја продолжи кариерата во хрватските екипи Рудеш и […]

Поранешниот вработен на Еминем обвинет за продажба на необјавена музика на раперот


Поранешен вработен во Еминем е обвинет за кривично дело кршење на авторските права во врска со продажба на необјавена музика од раперот, добитник на Греми. Според кривичната пријава, ФБИ било известено на 16 јануари 2025 година од вработените во студиото на раперот во Ферндале, Мичиген, кои откриле необјавена музика создадена од Еминем, роден како Маршал […]

ДЛУМ ги одложува сите активности предвидени за овој период од годината


 Во знак на почит и сочувство по повод трагедијата во Кочани Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги одложува сите активности предвидени за овој период од годината. -ДЛУМ изразува сочувство по повод големата трагедија каде животот го загубија многу млади животи. Во знак на почит ДЛУМ ги одложува сите активности и изложбата „Експериментален цртеж“ предвидена […]

Од 178 повредени, 77 на лекување во земјава, останатите во странски медицински центри


Сите повредени во несреќата во Кочани се соодветно згрижени и добиваат 24-часовна врвна медицинска нега во земјава и во специјализираните медицински центри во странство. Од вкупно 178 повредени, во јавните здравствени установи во државата во моментот се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а […]

Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани


Владата во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март во Кочани. За претставниците на медиумите […]

Драмски театар: Билетите за откажаните претстави може да се заменат


Драмски театар известува дека билетите купени на билетарницата за претставите откажани поради немилиот настан во Кочани, ќе може да бидат заменети за друга претстава по избор. Притоа, како што велат, за секој билет ќе се добие уште еден бесплатен билет за претставата, исто така, по избор. Исто така, една од опциите е да бидат рефундирани […]

СВП: Одложено одбележувањето на Денот на поезијата


НУМ „Струшки вечери на поезијата“ ги одложи сите предвидени активности по повод одбележувањето на 21 Март, Денот на поезијата. Тие изразија сочувство по повод трагедијата во Кочани. „Нашите мисли се со семејствата и со блиските на загинатите и на повредените. Се надеваме дека времето ќе донесе заздравување и сила за сите нас“, велат од НУМ […]

Венко Андоновски: Треба конечно да покажеме ЧУВСТВО, а не сочувство


На траурот и тагата најстрашен непријател им се зборовите. Зборовите се немоќни да утешат. Сепак, како професор и писател, како долгогодишен колумнист, имам потреба да оставам некое слово, по ужасната трагедија што ја погоди Македонија во Кочани. Сочувство е малку: треба конечно да покажеме ЧУВСТВО, а не сочувство. Знаеме кој ги уби дванаесеттемина ваташки младинци […]

Анестезиолог во ВМА: Тешка е здравствената состојба на повредените од Кочани


Воените и цивилните здравствени установи во Република Србија во моментов лекуваат 30 пациенти тешко повредени во пожарот во Кочани, и нивната здравстевена состојба е тешка и сериозна, јави дописникот на МИА од Белград. Анестезиологот потполковник доцент д-р Горан Рондовиќ од Клиниката за анестезија и интензивно лекување на ВМА изјави дека во воено-здравствениот систем за лекување […]

Таравари го разреши директорот на кумановската болница


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ненадејно го разреши директорот на Општа болница Куманово, Стефан Трајановски. „Сочувство до семејството на починатиот 32-годишен Ведат Адеми. Пред да дојдам тука да изразам сочувство го прочитав извештајот што беше подготвен од Државниот републички санитарен инспекторат и во него може да се констатира многу лесно дека веќе има предуслови […]

Франција: Апсењето на градоначалникот на Истанбул може да има страшни последици за демократијата во Турција


Париз – Франција денеска ја изрази својата длабока загриженост по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, водечки политички противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавија француските медиуми. -Ова може да има тешки последици за турската демократија, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Кристоф Леман. „Како што потсети Советот на ЕУ во […]

Турската опозиција повика на национални протести по приведувањето на градоначалникот на Истанбул


Истанбул – Студентите кои го поддржуваа приведениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу на Универзитетот во Истанбул, ги пробија полициските барикади за време на денешните демонстрации, по што полицијата интервенираше со солзавец, пренесе ДПА повикувајќи се на локалните медиуми. Акцијата дојде во момент кога главната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) повика на национални протести по […]

Режисер место за филм, потрошил 11 милиони долари за шопинг, коли и мебел. Сега Нетфликс го тужи за измама 


Режисерот Карл Ерик Ринш е обвинет за измама и перење пари за наводно земање 11 милиони долари од Нетфликс и трошење на луксузни автомобили, антички мебел и душеци. Ринш ги побарал средствата за да ја заврши „Белиот коњ“, научно-фантастична ТВ серија која никогаш не била завршена, се вели во обвинението. Наместо тоа, тој, наводно, ги […]

Демонстранти се судрија додека Гал Гадот ја добиваше ѕвездата на Булеварот на славните во Холивуд


Церемонијата на Гал Гадот во Холивуд на Булеварот на славните во вторникот беше нарушена од демонстранти кои носеа знаци и од пропалестинската и од произраелската страна. Неколку десетици демонстранти се појавија непосредно пред почетокот на церемонијата, а пропалестинските демонстранти држеа знаци на кои пишуваше „Хероите се борат како Палестинци“, „Да живее Палестина“ и „No Other […]

Објавени информациите за влезната виза на принцот Хари


Документите во врска со барањето на војводата од Сасекс за американска виза беа обелоданети со судска наредба, но во голема мера се цензурирани и не содржат детали за тоа што принцот Хари напишал во врска со употребата на дрога во имиграциониот формулар, пренесе BBC. Американскиот суд наложил објавување на документите на основа на барањето на […]